Плантагенети
(Пренасочено од Династија Плантагенет)
Династија Плантагенет била кралска династија која со Кралство Англија управувала во периодот од 1154 до 1399 година. Династијата има директно потекло од династија Анжујци, кои пак потекнуваат од Франција. Во времето на својата најголема моќ, династијата владеела со области од Аквитанија, Нормандија, Бретања, Велс, Ирска, Кипар. Династијата имала претензии и кон престолот на Франција, Кастиља, Ерусалим и Сицилија. По отстранувањето им од власт, за англискиот престол започнала т.н. Војна на розите помеѓу династија Јорк и династија Ланкастер, кои исто така имале потекло од Плантагент.
Династија Плантагенет | |
---|---|
Претходна династија | Анжујци |
Земја | Кралство Англија, Кралство Франција, Ирска, Кнежевство Велс |
Основана | 1126 |
Основач | Готфрид V, гроф на Анжуија |
Последен владетел | Ричард III од Англија |
Титули | |
Следни гранки |