Водовишта
Водовишта или Фотовишта (грчки: Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Водовишта Αγία Παρασκευή | |
---|---|
Координати: 41°1′N 24°10′E / 41.017° СГШ; 24.167° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Доксат |
Општ. единица | Каламбак |
Надм. вис. | 50 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 454 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 58 километри јужно од градот Драма и на 13 километри југозападно од Доксат.
Селото се наоѓа на надморска височина од 50 метри.
Историја
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство.
Тодор Симовски смета дека ова била чифлигарска населба каде живеел Роми.[3]
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 583 жители[4]
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Агија Параскеви[5].
Демографија
уредиВо 1928 година во селото биле сместени 64 грчки семејства со 274 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 329 лица, додека во 1940 година селото броело 388 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 707 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 789 жители, во 1971 година имало 647 жители, во 1981 година имало 618 жители, додека во 1991 година имало 601 жител[7]. Денеска, населението на селото е 454 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 388 | 707 | 789 | 647 | 618 | 601 | — | 454 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Αγία Παρασκευή
- ↑ Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 148–149. ISBN 9989-9819-5-7.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 - Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2009-05-04.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 12.