Власец
Власец (науч. Allium schoenoprasum) — вид растение од родот на луковите,[3] во потесно сродство со лукот, козјиот лук (шалот), празот, кромидот[4] и кинескиот кромид.[5]
Власец | |
---|---|
Бумбар на цвет од власец | |
Ботаничка илустрација | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Монокотиледони |
Ред: | Шпаргловидни |
Семејство: | Кокичиња |
Род: | Лук |
Вид: | Власец |
Научен назив | |
Allium schoenoprasum L. | |
Синоними[2] | |
Синонимија
|
Расцветан власец | |
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 126 kJ (30 kcal) |
4,35 г | |
Шеќери | 1,85 г |
Влакна | 2,5 г |
0.73 г | |
3,27 г | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) | (27 %) 218 μг(24 %) 2.612 μг323 μг |
Тиамин (Б1) | (7 %) 0,078 мг |
Рибофлавин (Б2) | (10 %) 0,115 мг |
Ниацин (Б3) | (4 %) 0,647 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (6 %) 0,324 мг |
Витамин Б6 | (11 %) 0,138 мг |
Фолна кис. (Б9) | (26 %) 105 μг |
Витамин Ц | (70 %) 58,1 мг |
Витамин Е | (1 %) 0,21 мг |
Витамин К | (203 %) 212,7 мг |
Минерали | |
Калциум | (9 %) 92 мг |
Железо | (12 %) 1,6 мг |
Магнезиум | (12 %) 42 мг |
Манган | (18 %) 0,373 мг |
Фосфор | (8 %) 58 мг |
Калиум | (6 %) 296 мг |
Цинк | (6 %) 0,56 мг |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Ова е повеќегодишно растение, природно присутно во голем дел од Европа, Азија и Северна Америка,[6][7][8][9][10][11] и единствениот член на луковите кој е домороден и во Новиот и во Стариот Свет.[12][13]
Власецот е доста застапен како кулинарска билка, чии стебленки и затворени пупки се насекуваат како додаток во риба, компири, чорби и други јадења. Во некои краишта цветовите се ставаат во салати.[14] Растение е корисно и во градината бидејќи ги одвраќа штетните инсекти.[15]
Цветовите даваат големо количество нектар за инсектите-опрашувачи, и со тоа посредно го помагаат размножувањето на останатите растенија.
Опис
уредиВласецот е зелјесто повеќегодишно растение со луковици кое достигнува висина од 30–50 см. Луковиците се долгнавести и конусни, со должина од 2–3 см и ширина од 1 см, и растат во густи гроздови на краевите од коренчињата. Стебленките се цевчести и шупливи, долги до 50 см и широки 2–3 мм; на допир се кревки, иако знаат да бидат покрути пред да се појави цветот. Листовите се пократки од стебленките и имаат тревест изглед,[14] иако и тие се цевчести и шупливи. Цветовите на власецот имаат светловиолетова боја и ѕвездест облик, со по шест ливчиња (широки 1–2 см) распоредени во густо соцветие од 10-30 цвета. Пред да се отвори, соцветието е обвиткано со хартиест прицветник. Семето е сместено во мала торбичка со три залистоци која узрева на лето. Цвета од април до мај во појужните краишта или во јуни во посеверните.[16][17]
Растението покажува значителни разлики во изгледот, зависно од крајот во кој се наоѓа. Иако власецот им е одбивен на инсектите поради сулфурните соединенија кои ги содржи, неговите цветови се привлечни за пчелите и мошне хранливи, продолжувајќи им го животот на единките кои ги посетуваат.[18]
Таксономија
уредиВласецот прв формално го опишал шведскиот ботаничар Карл Линеј во неговото епохално дело „Видови растенија“ (Species Plantarum, 1753).[2][19]
Има два подвида:
- Allium schoenoprasum subsp. gredense (Rivas Goday) Rivas Mart., Fern.Gonz. & Sánchez Mata
- Allium schoenoprasum subsp. latiorifolium (Pau) Rivas Mart., Fern.Gonz. & Sánchez Mata.[2]
Природна распространетост
уредиРастението е домородно во умерените краишта на Европа, Азија и Северна Америка.[20]
Употреба
уредиВо кулинарството
уредиВласецот главно се одгледува поради неговите стебленки и листови, кои се користат како додаток во јадењата, и имаат помек вкус од другите видови од истиот род.
Особено е застапен во разни европски кујни, особено во француската и шведската.[21] Во Шведска се става во солени палачинки, чорби, риба и сендвичи.[21] Се меша со павлака и се служи како јадење со харинга по повод празникот Тајане. Цветовите понекогаш се ставаат како украс.[22] Во Полска и Германија, исечканиот власец се меша со урда. Во Франција важи за едно од најценетите зачински растенија, заедно со естрагонот, крбулицата и магдоносот. Во многу земји се продава свеж преку целата година, но може и да се замрзнува, бидејќи тоа не влијае на вкусот.[23]
Во градинарството
уредиПознато е дека во минатото, шведските земјоделци саделе власец помеѓу камењата околу леите, и на тој начин ги штителе насадите од штетници.[21][24] Истото се прави и денес, бидејќи растението ги одвраќа непожелните инсекти. Сокот од листовите се користи како течност за напрскување против ваквите штетници, како и во борбата против габичните зарази, мувлата и пепелавата краста.[25][26][27]
Во треварството
уредиЛековитите особини на власецот се слични со оние на лукот, но со послабо дејство, поради што неговата употреба е претежно кулинарска. Има благи стимулансни, диуретички, антисептички својства.[28] Бидејќи се служи во мали количества, неповолните дејства се мошне ретки, иако знае да предизвика проблеми со варењето доколку се користи прекумерно.[29]
Растението е богато со витамините A и Ц,[30] содржи органосулфурни содиненија,[4][31] и изобилува со калциум и железо.[32]
Одгледување
уредиВласецот се одледува поради неговата кулинарска намена, но и како украсно растение. Виолетовите цветови имаат пријатен изглед во букетни аранжмани, но служат и како додаток во салати.[33] Цветовите исто така се ставаат да одлежат во оцет, што му дава својствена арома.[34]
Растението успева на добро исцедена почва, богата со органски материи и pH-вредност од 6-7 при силна сончевина.[11] Се садат како семки и узреваат на лето или рано следната пролет. Семето ’рти на температура од 15 до 20 °C и треба да се чува влажно. Во студени услови, семето се сади во пластеник или на затворено, па по еден месец се пресадува надвор. Растението исто така лесно се размножува од исечоци.[35]
Во студените краишта, власецот зиме овенува и луковицата останува во мирување, за повторно да се разлиста рано напролет. Кога се зрели за берба, растението треба да се исече сосема долу, до самата почва.[35] Во сезоната на раст, власецот постојано вади нови листови, што дава повеќе берби.[35]
Растението е подложно на оштетувања од ларви на празовиот молец, кои разјадуваат долги шуплини во листовите и луковиците.[36]
Историја и обичаи
уредиПознато е дека власецот во Европа се одгледува како градинарско растение почнувајќи од раниот среден век, иако се знае дека истиот е во употреба веќе 5000 години.[23]
Во I век римскиот поет Марко Валериј Марцијал го споменува растението на шеговит начин, велејќи дека јадењето власец штити од „бакнежи до смрт“. Римјаните го користеле за ублажување на болката од сончеви изгореници и воспалено грло. Сметале дека власецот го накачува крвниот притисок и дека делува како диуретик.[37]
Ромите во некои земји го користеле растението како помагало за претскажување на иднината.[38] Исушениот власец во врзопи се бесел околу куќата за да ги чува домашните од болести и зло.[12][39]
Во XIX век, сточарите во Холандија ги пригранувале кравите со власец за да се добие посебен вкус на млекото.[12]
Наводи
уреди- ↑ Maxted, N. & Rhodes, L. (2016). Allium schoenoprasum. The IUCN Red List of Threatened Species 2016: e.T172256A19391728. doi:10.2305/IUCN.UK.2016-3.RLTS.T172256A19391728.en
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Allium schoenoprasum L. is an accepted name“. 23 март 2012. theplantlist.org. Посетено на 19 ноември 2017.
- ↑ LaFray, Joyce (1987). Tropic Cooking: The New Cuisine from Florida and the Islands of the Caribbean. Oakland: Ten Speed Press. стр. 292. ISBN 0-89815-234-8.
- ↑ 4,0 4,1 Block, E. (2010). Garlic and Other Alliums: The Lore and the Science. Royal Society of Chemistry. ISBN 0-85404-190-7.
- ↑ „AllergyNet — Allergy Advisor Find“. Allallergy.net. Архивирано од изворникот на June 15, 2010. Посетено на April 14, 2010.
- ↑ „World Checklist of Selected Plant Families: Royal Botanic Gardens, Kew“. kew.org.
- ↑ „Allium schoenoprasum in Flora of China @ efloras.org“. www.efloras.org. Посетено на 2017-06-18.
- ↑ Tardiff, B.; Morisset, P. (1990). „Clinal morphological variation of Allium schoenoprasum in eastern North America“. Taxon. 39 (3): 417–429. JSTOR 1223088.
- ↑ „Allium schoenoprasum in Flora of North America @ efloras.org“. www.efloras.org. Посетено на 2017-06-18.
- ↑ Altervista Flora Italiana, Erba cipollina, wild chives, Civette, Schnittlauch, Allium schoenoprasum L. includes photos, drawings, European distribution map, etc.
- ↑ 11,0 11,1 „Allium schoenoprasum - Plant Finder“. mobot.org.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 Ernest Small North American Cornucopia: Top 100 Indigenous Food Plants (2014), p. 230, при Гугл книги
- ↑ James Cullen, Sabina G. Knees, H. Suzanne Cubey (Editors) The European Garden Flora Flowering Plants: A Manual for the Identification, p. 133, при Гугл книги
- ↑ 14,0 14,1 Linford, Jenny (2010). A concise guide to herbs. Bath: Parragon. стр. 45. ISBN 9781405487993.
- ↑ Kaufman, Peter B; Thomas J Carlson; Kaufman B Kaufman; Harry L Brielmann; Sara Warber; Leland J Cseke; James A Duke (1999). Natural Products from Plants. Boca Raton: CRC Press. стр. 261. 084933134X.
- ↑ Allium schoenoprasum factsheet, from Kemper center for home gardening, посет. 13 јуни 2006 г, според положбата на ботаничката градина на Мисури
- ↑ Gräslök, from Den virtuella floran, посет. 13 јуни 2006 г. Сознанијата на оваа страница се однесуваат на Шведска, која е во северните краишта.
- ↑ Baines. C. Making a Wildlife Garden. 0
- ↑ „Alliaceae Allium schoenoprasum L.“. ipni.org. Посетено на 19 ноември 2017.
- ↑ „Taxon: Allium schoenoprasum L.“. ars-grin.gov. Посетено на 19 ноември 2017.
- ↑ 21,0 21,1 21,2 Försök til en Flora Oeconomica Sveciæ by A. J. Retzius (1806)
- ↑ Allium schoenoprasum, from Mountain valley growers
- ↑ 23,0 23,1 Peggy Trowbridge Filippone. „Chive Selection and Storage“. About.com Food.
- ↑ Andy Hamilton. „pests – selfsufficientish – pests“. selfsufficientish.com.
- ↑ Holtom. J. and Hylton. W. Complete Guide to Herbs. Rodale Press 1979 ISBN 0-87857-262-7
- ↑ Riotte. L. Companion Planting for Successful Gardening. Garden Way, Vermont, USA. 1978 ISBN 0-88266-064-0
- ↑ Huxley. A. The New RHS Dictionary of Gardening. 1992. MacMillan Press 1992 ISBN 0-333-47494-5
- ↑ Gualtiero Simonetti (1990). Stanley Schuler (уред.). Simon & Schuster's Guide to Herbs and Spices. Simon & Schuster, Inc. ISBN 0-671-73489-X.
- ↑ Chive Talkin' Архивирано на 14 декември 2014 г., by Winston J. Craig, Ph. D
- ↑ Chives, from "Sally's place"
- ↑ Fukaya, M; и др. (2019). „Cyclic Sulfur Metabolites from Allium schoenoprasum var. foliosum“. Phytochemistry Letters. 29: 125–128. doi:10.1016/j.phytol.2018.11.018.
- ↑ Organic Gardening Practices. Архивирано на 24 октомври 2014 г.
- ↑ Durand, Faith (23 May 2008). „Tip: How to Use Chive Blossoms in Salads and Other Dishes“. thekitchn.com. Посетено на 24 May 2017.
- ↑ Margaret Roberts Edible & Medicinal Flowers, p. 146, при Гугл книги
- ↑ 35,0 35,1 35,2 McGee, Rose Marie Nichols; Stuckey, Maggie (2002). The Bountiful Container. Workman Publishing.
- ↑ Landry, Jean-François (June 2007). „Taxonomic review of the leek moth genus Acrolepiopsis (Lepidoptera: Acrolepiidae) in North America“. The Canadian Entomologist. 139 (3): 319–353. doi:10.4039/n06-098. ISSN 1918-3240.
- ↑ Staub, Jack E. (2008). 75 Exceptional Herbs for Your Garden. Gibbs Smith. стр. 54. ISBN 978-1-4236-0251-4.
- ↑ Chives, from "Sally's place", посет. 13 јуни 2006 г
- ↑ „Chives“. sallys-place.com.
Надворешни врски
уреди„Власец“ на Ризницата ? |
- Илковска, Христина (9 мај 2016). „Никако не го исфрлајте овој зеленчук од исхраната“. Новалек. (македонски)
- „Лековити својства на власецот“. Panacea.mk. 26 октомври 2018. (македонски)
- „Власец“. Ваш аптекар. 1 март 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-08. (македонски)
- „Помлад брат на лукот – има 0 калории и помага за сè“. Готви.мк. 10 август 2018. (македонски)
- Современиот билјарник на г-ѓа Гривс — Botanical.com (англиски)