Пчели

(Пренасочено од Пчела)

Пчели (Anthophila) се летачки ципокрилни инсекти коишто се блиско поврзани со оси и мравки. Пчелите се најпознати и важни во нивната улога во опрашувањето на разни растенија, а истовремено и за производство на мед и пчелин восок. Пчелите се монофилетска линија од натсемејството Apoidea и моментално се сметаат за клада, наречена Anthophila. Има повеќе од 16.000 познати видови на пчели во 7 научно признати семејства.[1] Тие се присутни на секој континент освен Антарктикот, односно на секоја средина каде што се присутни скриеносеменици опрашувани од инсекти. Во Македонија е позната расата мариовска пчела од видот европска медоносна пчела (Apis mellifera).[2]

Некои видови, вклучувајќи ги медоносните пчели, бумбари и пчели без боцки живеат социјално во колонии. Плечите се адаптирани за да се исхранат со нектар и полен, од коишто го користат нектарот главно како извор на енергија додека поленот го користат за белковини и други хранливи материи. Најголемиот дел од поленот се користи како храна за ларвите. Опрашувањето од пчели е еколошки и комерцијално многу важно, а со намалениот број на диви пчели се зголемила значајноста на сандаци за пчели.

Пчелите по големина се од 2 мм по должина кај работниците на некои минијатурни пчели без боцка, до должина од 39 мм кај женските единки на видот Megachile pluto кој се смета за најголемиот вид од семејството Megachilidae. Најчестиот вид на пчели во северната полутопка се Halictidae, кои се мали пчели и често биле погрешно сметани за муви и оси. Грабливци на пчелите ги вклучуваат пчелојадни птици од инсекти се пчелојадни оси и вилинско коњче.

Пчеларството било изведувано со милении, барем од времето на древен Египет и Стара Грција. Освен нивната улога во производство на мед и опрашување, медоносните пчели исто произведуваат восок и пчелин млеч.

Пчелите како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Danforth, B. N.; Sipes, S.; Fang, J.; Brady, S. G. (October 2006). „The history of early bee diversification based on five genes plus morphology“. PNAS. 103 (41): 15118–15123. Bibcode:2006PNAS..10315118D. doi:10.1073/pnas.0604033103. PMC 1586180. PMID 17015826.
  2. Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1238. ISBN 978-608-203-023-4.
  3. Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 12.
  4. Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 14-15.
  5. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 192.
  6. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 222.
  7. Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 71.
  8. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 325-331.
  9. Охридски хорски фестивал – Ohrid Choir Festival 2005, стр. 7.
  10. DISCOGS, Kristin Hersh ‎– Hips And Makers (пристапено на 2.9.2020)

Литература

уреди
  • Радченко В. Г., Песенко Ю. А. Биология пчел (Hymenoptera, Apoidea). СПб.: Зоол. ин-т РАН. — 1994. — 350 с.
  • Гринфельд Э. К., 1978. Происхождение и развитие антофилии у насекомых. — Л.: Изд-во ЛГУ. — 203 с.
  • Danforth, B.N., J. Fang, S. Sipes, S.G. Brady & E. Almeida (2004). Phylogeny and molecular systematics of bees (Hymenoptera: Apoidea). Cornell University, Ithaca, NY
  • Donovan, B.J. 2007: Apoidea (Insecta: Hymenoptera). Fauna of New Zealand, 57.
  • Engel, M.S. (2005). Family-group names for bees (Hymenoptera: Apoidea). American Museum Novitates 3476: 1-33. pdf
  • Michener, C.D. (2007) The bees of the world, second edition. Johns Hopkins University Press, Baltimore and London, 953 pp.

Надворешни врски

уреди