Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи

Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) — само­сто­­ен орган на државната управа, надлежен за односите помеѓу верските заедници и ре­­ли­гиозните групи и државата. Комисијата ја следи работата на 26 цркви, верски заедници и религиоз­ни гру­пи во Република Македонија. Сегашен директор е Даријан Сотировски. Институцијата се наоѓа во Скопје.

Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи
Logo KOVZ.gif
Лого на комисијата
Податоци за органот
Основан 1944¹
Надлежност Самостоен државен орган на Владата на РМ
Седиште Ул.Бихаќка, бр.02 Палата Емануел Чучков Скопје, Македонија Македонија
Вработени 15[1] (2015)
Годишен буџет 13,130 милиони MKD[2] (2018)
Раководител Даријан Сотировски (директор)
Мрежно место
kovz.gov.mk
Белешки
¹како верско поверенство

Основна цел и организациона структураУреди

Основна задача на Комисијата за односи со верските заедници и ре­лиги­оз­­ни групи е да помага при разрешува­ње на прашањата кои ќе се појават по­ме­ѓу вер­ски­те заедници и ре­лигиозни групи во Република Македонија и држав­ни­те органи, односно, таа се јавува ка­ко врзна точка меѓу државата и црквата.

Активностите на Комисијата произлегуваат од нејзи­ни­те ов­ла­стув­ања од Законот за државната управа, Законот за верските заедници и религиозните групи, како и од обврските кои Комисијата ги има или од неа се бараат да бидат исполнети од стра­­на на Собранието на Република Македонија и од страна на Владата на Република Македонија, а се од­ви­­ваат спо­­ред ут­врдена програма за работа на Комисијата.

Во Комисијата постојат следните организациони облици:

  1. Сектор за прашања на односите со верските заедници и религиозни гру­пи со две одделенија и тоа:
    1. Одделение за утврдување на правната положба на верските заедници и ре­лигиозни групи;
    2. Одделение за утврдување на односите помеѓу државата, верските заед­ни­ци и религиозни групи.

ИсторијаУреди

За првпат како служба која е основана за верски работи се јавува во периодот од 1944 до 1945 год. како верско поверенство. Потоа, од 1945 до 1951 год. овој орган се наоѓа во состав на тогашниот Секретаријат за внатрешни работи. Од 1951 год. па до денес постои како самостоен државен орган, а во изминатите го­дини го ме­нуваше само својот назив.

Така, од 1951-1962 год. постои како Коми­си­ја за верски прашања, од 1963-1976 год. како Републичка комисија за верски прашања, од 1977-2000 год. како Републичка комисија за односи со верските заедници, а од 2000 година до денес, како Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи. За целиот овој период до 2000 година, со органот раководи функцио­нер на ниво на потпретседател на Влада, односно министер, а со законските ре­ше­нија од 2000 година па наваму, претседател / директор, именуван од Владата на Република Македонија.

НаводиУреди

  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2015 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2016. Посетено на 2017-03-11.
  2. „Буџет на Република Македонија за 2018 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. Посетено на 2018-11-22.

Надворешни врскиУреди