Бујар Османи

Бујар Османи (роден на 11 септември 1979 во Скопје) — македонски хирург и политичар, и поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија.[1]

Бујар Османи
Бујар Османи
Вицепремиер за евроинтеграции
На должноста
1 јуни 2017 – 31 август 2020
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Зоран Заев
Претходник Фестим Халили
Наследник Никола Димитров
Министер за здравство
На должноста
27 јули 2008 – 28 јули 2011
Премиер Никола Груевски
Претходник Имер Селмани
Наследник Никола Тодоров
Министер за надворешни работи
На должноста
31 август 2020 – 28 јануари 2024
Премиер Зоран Заев
Претходник Никола Димитров
Наследник моментален
Лични податоци
Роден(а) 11 септември 1979(1979-09-11)(44 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Албанец
Партија ДУИ
Сопружник Валбона Хоџа
Деца 2
Вероисповед ислам

Образование

уреди
  • 2008– асистент по предметот Хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје
  • 2006– специјализација по општа хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје
  • 2004– постдипломски студии на Медицинскиот факултет во Скопје, отсек хирургија
  • 1997–2004 – Медицински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, општа медицина
  • 1993–1997 – ДМУЦ „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје, медицински техничар–сестри

Работно искуство

уреди
  • ноември 2006 – ноември 2007, Клинички и истражувачки соработник на професор Брајан Р. Давидсон, Оддел за хирургија, единица за хепато-билио-панкреатична хирургија, Royal Free Hospital, Хампстед, Лондон, Обединетото Кралство
  • 2004 – продолжува, Специјална Болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ - Скопје Работна единица: општа и абдоминална хирургија
  • октомври 2004 – декември 2004, ДМУЦ „Д-р Панче Караѓозов“ - Скопје како предавач по микробиологија, фармакологија и гинекологија
  • 19982003, Здружение на млади „Фан С. Ноли“ како секретар на здружението

Наводи

уреди
  1. „Состав на Владата“. Посетено на 23 јули 2022.
Политички функции
Претходник
Имер Селмани
Министер за здравство на Македонија
2008–2011
Наследник
Никола Тодоров
Претходник
Никола Димитров
Министер за надворешни работи на Македонија
2020–денес
Наследник
моментален