Зоран Шапуриќ

Политичар од Македонија

Зоран Шапуриќ (10 јуни 1958 во Ниш) — македонски политичар и публицист.[1]

Животопис

уреди

Шапуриќ е роден во Ниш на 10 јуни 1958 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1982 година, каде и магистрирал во 1999 година. Има положено правосуден и нотарски испит. Зборува англиски и германски јазик, а има објавено повеќе стручни и научни трудови во земјата и во странство. Зоран Шапуриќ на позицијата министер за животна средина и просторно планирање доаѓа од местото пратеник во Собранието на Македонија.

Од 1983 до 1985 година работи како судски приправник, стручен соработник и виш стручен соработник во Уставниот суд на Македонија, а од 1985 до 1990 година е советник за меѓународно-стопанско право и директор на сектор во МЗТ-Комерц. Во периодот од 1991 до 1996 година е избран за претседател на собранието на општина Кисела Вода, а од 1994 до 1998 година е пратеник во Парламентот.[2]

Наводи

уреди
  1. Павловски, Јован (2006). Ми-Анова енциклопедија. Скопје: Книгоиздателство МИ-АН. ISBN 9789989613944.
  2. „Пратенички состав“. Собрание на Македонија. Посетено на 2010-11-20.

Надворешни врски

уреди