Партија за движење на Турците во Македонија
(Пренасочено од ПДТ)
Партија за движење на Турците во Македонија (ПДТ) — политичка партија на етничките Турци во Македонија основана во 1992 година.[1] Претседател на партијата е Аднан Ќахил, кој воедно е и министер без ресор во владата на Зоран Заев. Енес Ибрахим е генерален секретар на партијата и воедно пратеник во Собранието на Република Македонија. Партијата за движење на Турците на парламентарните избори во 2016 настапила во коалиција со СДСМ.
Партија за движење на Турците (ПДТ) | |
---|---|
Водач | Аднан Ќахил |
Основана | 1992 |
Штаб | Скопје |
Бои | црвена |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
НаводиУреди
- ↑ Кој стои зад одлуката на СДСМ за бојкот Press 24 (11 април 2016)