Самка Ибраимовски

Самка Ибраимовски (27 септември 1954 во Тетово) — македонски политичар од ромско потекло и претседател на политичката партија ПЦЕР. Ибраимовски дипломирал на Факултетот за менаџмент во Нови Сад, а во периодот 2011–2014 бил пратеник во Собранието на Република Македонија.[1] По парламентарните избори во 2016 тој станал министер без ресор во владата на Зоран Заев. Во декември 2017 година Ибраимовски поднел оставка од функцијата.[2]

Самка Ибраимовски
Пратеник во македонското Собрание
На должноста
25 јуни 2011 – 10 мај 2014
Лични податоци
Роден(а) 27 септември 1954(1954-09-27)(70 г.)
Тетово, НР Македонија, ФНРЈ
Националност македонски Ром
Партија ПЦЕР
Установа Факултет за менаџмент
Занимање стопанственик

Ибраимовски како млад бил тапанар во музичката група „Инекси“ од Тетово, а негов брат е пејачот Ибуш Ибраимовски. Пред да влезе во политиката Ибраимовски бил директор на тетовската фабрика за производство на мебел и садови „Униус промет“.[3] Во периодот 2004–2006 тој бил заменик на министерот за труд и социјална политика.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди