Љупчо Николовски
политичар
Љупчо Николовски (р. 20 август 1983 во Крива Паланка) — македонски политичар од редовите на СДСМ и министер за земјоделство во владата од 2017. Николовски дипломирал на правниот факултет „Јустинијан Први“ во 2007, а во периодот 2007–2008 работел како адвокатски приправник. Во февруари 2014 година, бил назначен за шеф на кабинет на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а од ноември 2015 до мај 2016 бил дополнителен заменик-министер за земјоделство во техничката влада на Емил Димитриев. Во 2017 бил именуван за прв човек на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Николовски говори англиски и италијански јазик.[1]
Љупчо Николовски | |
---|---|
Министер за земјоделство | |
На должноста 17 јануари 2022 – 24 јуни 2024 | |
Премиер | Димитар Ковачевски |
Претходник | Арјанит Хоџа |
Наследник | Цветан Трипуновски |
На должноста 1 јуни 2017 – 26 јуни 2019 | |
Премиер | Зоран Заев |
Претходник | Михаил Цветков |
Наследник | Трајан Димковски |
Вицепремиер за борба против корупцијата | |
На должноста 31 август 2020 – 17 јануари 2022 | |
Премиер | Зоран Заев |
Претходник | немало |
Наследник | Славица Грковска |
Лични податоци | |
Роден(а) | 20 август 1983 Крива Паланка, СР Македонија, СФРЈ |
Партија | СДСМ |
Установа | Св. Кирил и Методиј |
Професија | Правник |
Наводи
уреди- ↑ Биографија на Љупчо Николовски Emagazin.mk (1 јуни 2017)