Дамјан Манчевски

политичар

Дамјан Манчевски (27 јануари 1978 во Скопје) — македонски политичар од редовите на СДСМ и министер за информатичко општество и администрација во владата од 2017. Тој во 2005 дипломирал на електротехничкиот факултет во Скопје, а пред тоа бил потпретседател на подмладокот на СДСМ во периодот 2001–2003.[1] Манчевски бил избран за член во советот на град Скопје по локалните избори во 2013, каде воедно бил и координатор на советничката група на СДСМ. Во јуни истата година бил назначен за потпретседател на партијата, а во 2015 за шеф на изборниот штаб на СДСМ за парламентарните избори во 2016. По изборите станал пратеник како кандидат од првата изборна единица, а потоа и министер во владата на Зоран Заев. Манчевски е оженет и татко на две деца.[2]

Дамјан Манчевски
Дамјан Манчевски3.jpg
Министер за информатичко општество и администрација
На должноста
1 јуни 2017 – во служба
Премиер Зоран Заев
Претходник Марта Арсовска Томовска
Лични податоци
Роден(а) 27 јануари 1978 (1978-01-27) (45 г.)
Скопје, СР Македонија
Партија СДСМ
Установа Св. Кирил и Методиј
Професија електро инженер

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди