Партија за целосна еманципација на Ромите

(Пренасочено од ПЦЕР)

Партија за целосна еманципација на Ромите — политичка партија која ги претставува Ромите во Македонија. Партијата е основана на 12 август 1990 од страна на Фаик Абди. По парламентарните избори во 1990, Абди станал првиот пратеник од ромска националност во македонското Собрание. Во периодот помеѓу 1994 и 1998 година, ПЦЕР имала двајца пратеници: Фаик Абди и Амди Бајрам. Партијата во периодот 1998–2011 дејствувала вонпарламентарно, сѐ до влегувањето на Самка Ибраимовски во Собранието како дел од коалицијата предводена од СДСМ. Ибраимовски е трет и актуелен претседател на партијата. Дел од членството на ПЦЕР во 2016, предводено од генералниот секретар Мемедов, ја напуштило партијата за да влезе во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.[1]

Партија за целосна еманципација на Ромите
ВодачСамка Ибраимовски
Основана12 август 1990
ШтабСкопје
Боисина, зелена, црвена
Мрежно место
pcer.org.mk
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

НаводиУреди

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди