Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Статијата е предложена за дискусија во 23:59, 2 јануари 2016 (CET).
Мислам дека статијата е во доста добра состојба. Темата е обработена во детали, содржината е прикажана на доста илустративен начин, најновите информации се содржани, а општ заклучок е дека целата статија е напишана на доста висок стил.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:59, 2 јануари 2016 (CET)[одговори]
ФК Јувентус — италијанскифудбалски клуб од градот Торино, Пиемонт. Јувентус е трет најстар фудбалски клуб во земјата и со исклучок на една сезона, ја има поминато целата своја историја во првата италијанска лига (позната и како Серија А од 1929 година).
Клубот бил основан во 1897 година како Спортски клуб Јувентус од страна на група на млади студенти од Торино, а меѓу нив и човекот кој бил нивниот прв претседател, Еугенио Канфари, како и неговиот брат Енрико. Тие се автори на ова друштво, управувано од страна на индустриското семејство Ањели уште од 1923 година, што претставува најстаро спортско партнерство во Италија. Со тоа, „Јувентус“ бил првиот професионален клуб во земјата. Со текот на времето, клубот станал симбол на нацијата, што се должело на нивната долга традиција на успех. Во текот на 1930-тите, период во кој „Јувентус“ освоил рекордни пет последователни титули во првенството, клубот доживеал огромен напредок во поглед на бројот на неговите навивачи, со што станал првиот тим во Италија кој имал обожаватели од разни краишта на земјата. Исто така, „Јувентус“ бил идентификуван од страна на италијанскиот народ во тоа време како „тим кој го претставува целото население“ или „тимот на Италија“, како што го нарекувале во втората половина на 1920-тите. Ова седолжи, меѓу другото, и на придонесите на клубот во италијанската фудбалска репрезентација, при што, почнувајќи од втората половина на 1920-тите години, клубот постојано давал играчи кои играле одлучувачка улога во државните репрезентации на светските првенства во 1934, 1982 и 2006 година. „Јувентус“ има најголем број навивачи во Италија и, во тој поглед, тој е еден од најголемите тимови во целиот свет. Поддршката за Јувентус особено е распространета во земјите со значајно присуство на италијанска дијаспора. (Дознајте повеќе...
Да, статијата е обемна и информативна, но ми се чини дека е механички преведена од некоја друга википедија. Имено, дури и во овој кус пасус има еден куп реченици кои немаат смисла или се полни со правописни грешки. Лично, не сум приврзаник на преведени страници, т.е. повеќе би сакал да видам добро напишана статија. Оттука, мислам дека не го заслужува статусот на избрана статија.
--Ehrlich91 (разговор) 16:01, 3 јануари 2016 (CET) Ми се допаѓа статијата, особено тоа што се опфатени во целост и другите статии сврзани со самата статија. Како мала забелешка би било да се преразгледаат уште еднаш сите транскрипции на имињата во статијата, за што ќе се нафатам да го направам и самиот, затоа што сепак ако биде избрана статија, треба да биде близу совршена :) --Ehrlich91 (разговор) 16:01, 3 јануари 2016 (CET)[одговори]