TheGreatMKD
Добре дојдовте!
Здраво, TheGreatMKD, и добре дојдовте на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, погледајте ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата разговорна страница, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}}
пред прашањето. Уште еднаш, добре дојдовте! --Kiril Simeonovski (разговор) 17:55, 27 јануари 2012 (CET)
Покана за Вики средба
уредиНа 2 март 2012 година (петок), со почеток во 20.00 часот, во кафулето EveryDay во Скопје, ќе се одржи Вики средба на која уредувачите на википедија на македонски јазик и нејзините корисници ќе имаат прилика да се дружат и разговараат за теми од заеднички интерес. Се радуваме што во изминатиот период уредувавте на википедија и со задоволство ве покануваме на средбата. Повеќе информации за средбата може да најдете тука, односно за локацијата на кафулето - http://g.co/maps/qq7q5. Поздрав. Brest-bot (разговор) 18:02, 1 март 2012 (CET)
Наградени сте!
уредиУредничка награда | |
Награда за вашите уредувачки придонеси на Википедија на македонски јазик досега. Продолжете така и понатаму.:) Kiril Simeonovski (разговор) 22:05, 7 јуни 2012 (CEST) |
Уредувач
уредиЗдраво. Сакам да Ве известам дека поради корисните придонеси Ве унапредив во уредувач, што значи дека отсега сите Ваши уредвања ќе бидат автоматски проверени. Се надевам дека ќе ја оправдате довербата и ќе продолжите со активното уредување. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:10, 15 јуни 2012 (CEST)
Наградени сте!
уредиНаграда за трудољубивост | |
Еве и една награда за посветеноста и секојдневното уредување на нови содржини поврзани со спортот. Одлична работа!:) Kiril Simeonovski (разговор) 21:44, 29 јуни 2012 (CEST) |
Солидарност кон Википедија на руски јазик
уредиЗдраво. Википедија на руски јазик денес нее достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:05, 10 јули 2012 (CEST)
Јубилејна статија
уредиЗдраво. Известување дека во тек е гласањето за избор на јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:04, 20 јули 2012 (CEST)
Наградени сте!
уредиНаграда за трудољубивост | |
Олимписка награда :))) M4r51n (разговор) 23:02, 12 август 2012 (CEST) |
Олимписка награда
уредиОлимписка награда | |
Оваа награда е во знак на благодарност за огромниот придонес во врска со сите статии и дополнувања за време на Олимписките игри. Kiril Simeonovski (разговор) 01:42, 13 август 2012 (CEST) |
Завршена е одлична работа. Статиите во врска со Олимписките игри беа меѓу најпосетуваните во изминатиот период, а мислам дека достојно ги задоволивме барањата на читателите. Се надевам дека истото ќе го сториме и за време на престојните големи спортски настани. Поздрав и пријатно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:44, 13 август 2012 (CEST)
Избор на јубилејна статија
уредиЗдраво. Само потсетување дека е во тек гласањето за избор за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:05, 29 август 2012 (CEST)
Мајкл Фелпс
уредиСекоја чест за одлично уредената статија!--Kiril Simeonovski (разговор) 16:26, 8 септември 2012 (CEST)
Јубилејна статија
уредиЗдраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:00, 18 септември 2012 (CEST)
СИЕ Пролет 2016
уредиЗдраво, веќе неколку недели трае меѓународниот натпревар „СИЕ Пролет 2016“, во кој земјите од Средна и Источна Европа пишуваат едни за други. Доколку сакаш да се вклучиш во овој интересен натпревар, впиши го твоето корисничко име во списокот и можеш да одбереш една од многуте статии во издвоените списоци по земја. Натпреварот трае до 31 мај, а за првите тројца ќе бидат обезбедени материјали/книги/енциклопедии. Доколку имате некои прашања, контактирајте го корисникот Ehrlich91. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:05, 25 април 2016 (CEST)
Растојанија во дисциплини
уредиЗдраво. Јас само на кратко да прашам дали растојанијата во олимписките (и спортските дисциплини воопшто) намерно официјално се претставуваат по некакво правило со мерката споена со бројката или не? Бидејќи, правописно е да се пишуива 100 м, место да биде споено „100м“. Јас би го сменил доколку не постои некоја посебна причина што не ја знам. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 15:13, 8 август 2016 (CEST)
- @Bjankuloski06: Баш и јас се мислев дали да ги пишувам споено или одвоено, па сепак ги пишав споено бидејќи така ги пишував и за игрите во 2012 а и во статиите за спортисти. Ако е правилно да се пишуваат одвоено тогаш нека се сменат. Поздрав TheGreatMKD (разговор) 15:24, 8 август 2016 (CEST)
Па да, одвоено е по правило. Ќе исправам секаде. --Б. Јанкулоски (разговор) 17:27, 8 август 2016 (CEST)
Наградени сте!
уредиНаграда за обемни придонеси | |
Не можам да не ги забележам твоиве уредувања во последниот период. Секоја чест за твојата активност, само продолжи така, ни недостигаат вакви уредници :) Ehrlich91 (разговор) 22:46, 13 февруари 2017 (CET) |
Уредувачки натпревар „Населени места во Егејска Македонија“
уредиВо тек е спроведувањето на уредувачкиот натпревар посветен на населените места во Егејска Македонија, за кои постојат илјадници започнати, но целосно несредени статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со средување на овие илјадници статии, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање, како и за испраќање на самиот потребен материјал. Поздрав, Ehrlich91 --MediaWiki message delivery (разговор) 19:06, 10 март 2017 (CET)
СИЕ Пролет 2017
уредиЗдраво Бојан. Ако може малку побрзо да се договорите со Тони околу исплата на наградите за СИЕ Пролет 2017, бидејќи и јас чекам сите добитници да остават адреса па да ни биде доставен наградниот купон. Благодарам за разбирањето.--Retrohead (разговор) 10:53, 1 јули 2017 (CEST)
- @Retrohead: Готово, му доставив податоци на Тони. Поздрав. TheGreatMKD (разговор) 17:12, 1 јули 2017 (CEST)
Конаткт
уредиЗдраво Кориснику TheGreatMKD, дали би можел да ми оставиш контакт е-мејл, за да те контактирам? Поздрав (Иван Ж (разговор) 09:41, 10 јануари 2018 (CET))
1000 статии што секоја Википедија мора да ги има
уредиЗдраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)
Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018
уредиЗдраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:14, 19 март 2018 (CET)
Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија
уредиЗдраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)
Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019
уредиЗдраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.
Да ги средиме статиите за државите во светот
уредиЗдраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)
Нов уредувачки натпревар
уредиЗдраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)
Ракомет
уредиЗдраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)
Земи учество во СИЕ Пролет 2021
уредиЗдраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)