Википедија:Барања за администраторски статус/Виолетова
- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина.
Содржина
Искажете го вашето мислење (разговор) (20/0/0); Закажано да заврши во 17:11, 13 мај 2009 (UTC)
Виолетова (разговор • придонеси) – Корисникот Виолетова до сега беше од голема помош во работата на Википедија. Посебен придонес дава со својата стручна помош во поглед на лекторирање на содржините на македонски јазик. Но исто така нејзиниот интерес е насочен во повеќе полиња каде има дадено значајни придонеси. Со оглед на тоа што Википедија на македонски јазик постојано го зголемува својот обем и квалитет, станува важен извор на информации и важна јавна база на податоци од посебен интерес, сегашните администратори како по број така и по квалитет не се доволни за понатамошниот забрзан раст и развој на Википедија. Според тоа мислам дека е време да се обидеме да го избереме четиринаесетиот администратор на Википедија на македонски јазик и првата администраторка на мк.вики. Ми претставува особено задоволство да ја обзнанам оваа номинација. brest (разговор) 17:11, 6 мај 2009 (UTC)
- Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука: Со задоволство ја прифаќам номинацијата :) --Виолетова (разговор) 07:53, 7 мај 2009 (UTC)
Прашања за кандидатот
уредиДраг кандидату, благодариме за вашата понуда да ѝ служите на Википедија како администратор. Препорачливо е да ги одговорите овие општи прашања, со цел да го олесните одлучувањето на гласачите.
- 1. Со кои администраторски задачи планирате да помагате?
- О: Многу често при уредување статии ми затребува помош од администратор. Доколку имам пристап до алатките кои ги има еден администратор - побрзо ќе ги завршам тие работи. На начинот на кој придонесував за Википедија досега, и натаму ќе продолжам да придонесувам.
- 2. Кои се вашите најдобри придонеси кон Википедија, и зошто?
- О: Од моја гледна точка, за најдобри придонеси си ги сметам статиите на тема езотерија, астрологија, астрономија, теми кои ме интересираат и ги следам. Од гледна точка на Википедија, веројатно во најдобри придонеси влегува мојата помош како лектор по македонски јазик, потоа средувањето на некатегоризираните статии, и други уредувања на статии на кои им е потребно внимание, креаирање на шаблони, а благодарение на помошта од корисник Кирил почнав да се снаоѓам и во уредување на порталите.
- 3. Дали сте биле во некакви конфликти во однос на уредувањето во минатото или дали други корисници ви предизвикале стрес? Како сте се справиле со тоа и како ќе се справувате со тоа во иднина?
- О: Мене лично уредувачите не ми предизвикуваат стрес, а како јас делувам врз другите, нека се изјаснат самите. Сметам дека конфликтните ситуации кои настануваат понекогаш при уредување на некои статии, можат и треба да се решат на културен начин, без навреди и омаловажувања (тоа не е мој стил на изразување воопшто). Секој може да направи грешка, намерна или случајна, но сите сме тука за да го пронајдеме најдоброто решение, во согласност со вистината. Но, што е тоа вистина? Како што некој умен еднаш рекол: „Кој не работи, не може да згреши“, така јас ќе го `преведам` тоа во Википедијански говор: „Кој не уредува, не може да направи грешка.“
Општи коментари
уредиВе молиме бидете конструктивни и културни во вашите дискусии. Ако не го познавате номинираниот доволно, ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.
Дискусија
уредиЗа
уредиИако сè уште ја нема прифатено и нема одговорено, дефинитивно гласам за. --MacedonianBoy 17:13, 6 мај 2009 (UTC)
--Макс(разговор) 15:30, 7 мај 2009 (UTC)
Виолетова би била одличен Администратор. Честитки однапред и само нека продолжи со добрата работа.
--brest (разговор) 15:46, 7 мај 2009 (UTC)
--FlavrSavr (разговор) 15:59, 7 мај 2009 (UTC)
--Р ашо
16:53, 7 мај 2009 (UTC)
--Boyan (разговор) 17:13, 7 мај 2009 (UTC)
--Wikimk (разговор) 17:54, 7 мај 2009 (UTC)
--Vekip8 (разговор) 18:38, 7 мај 2009 (UTC)
-{админинстратор}-
гитардемон 19:22, 7 мај 2009 (UTC)
Максимална поддршка, еден од ретките корисници со специјалност по нешто (без навреда, сите други сме студенти или слично). А brest, што им фали на администраторите во квалитетот? :)
Како група на администраторите им фали квалитет во различни области, еден од квалитетите е специјалноста на виолетова, а колку што можам јас да забележам ни фалат најмалку следниве специјалности: историја, политика, информатика, било која природна наука, ... тоа се квалитети кои им фалат на администраторите, што е и нормално не може секој да биде специјалист за се. Што се однесува до техничките услови потребни да се биде квалитетен администратор на википедија никому ништо не фали, освен некои мали недостатоци кои со текот на времето ќе се надминат.--brest (разговор) 02:42, 8 мај 2009 (UTC)
--Игор (разговор) 21:25, 7 мај 2009 (UTC)
--Wikimakpedia (разговор) 00:29, 8 мај 2009 (UTC)-Со двете раце гласам ЗА,зашто знам дека Виолетова ќе биде одличен администратор. Честитки :)
--Б. Јанкулоски (разговор) 06:37, 8 мај 2009 (UTC) - Дефинитивно
--Астрион (разговор) 07:23, 8 мај 2009 (UTC) - Одличен избор
--Buli (разговор) 14:12, 9 мај 2009 (UTC)
--Brainmachinewtf? 19:07, 9 мај 2009 (UTC)
Само напред, Виолетова!
-- MKJustmakingonearticleMK (разговор) 20:39, 9 мај 2009 (UTC)
-- Arwena (разговор) 20:39, 10 мај 2009 (UTC)
--Kiril Simeonovski (разговор) 20:07, 10 мај 2009 (UTC)
Еве глас „ЗА“ и од мене, особено поради големата посветеност и ентузијазам за уредување.
--Ajax (разговор) 20:38, 10 мај 2009 (UTC)
--Раптор (разговор) 10:40, 12 мај 2009 (UTC)
Против
уредиВоздржани
уреди- Следната дискусија е зачувана како архива на успешна кандидатура за администраторски статус. Не ја менувајте неговата содржина. Дополнителни коментари внесувајте на соодветната страна за дискусија (како разговорна страница на оваа номинација или номинираниот корисник). Понатамошни промени не треба да се прават на оваа страница.