Википедија:Агроекспедиции 2017

ВикиПроект
„Агроекспедиции“

Во текот на 2017 година се спроведени две главни агроекспедиции, со кои би биле опфатени следните области:

  1. Пролетна — повеќе еднодневни експедиции во текот на пролетната сеидба и зреењето на посевите; и
  2. Летна — повеќе еднодневни експедиции во текот на жетвата, бербата и есенската сеидба.

Одржани Агроекспедиции

уреди

Пролетна

уреди

Пролетната експдиција започнала на 2 март каде Корисник:Македонец и Корисник:Иван Ж се упатиле во посета на производствени капацитети од прехранбената индустрија во Општина Чешиново-Облешево во Кочанско и во Овче Поле, каде биле посетени Млекарницата „Осогово Милк“ во с. Соколарци, мелничарската индустрија „Мак Млин“ со лупилницата и погонот за производство и пакување за ориз, мелницата за пченица и производство на брашно и лабораторијата за испитување на зрна и семиња во с. Чешиново и најсовремените стакленици - оранжерии на „Хорти Центар - Балкан Гринхаус“ кај с.Амзабегово во Општина Свети Николе каде се одвива производство на домати,а воедно претставува и тренинг-центар за обука на градинари од ширум Балканот. На 4 март Корисник:Иван Ж и Корисник:Sazdo заедно со дипл. агроном Дана Ужевска повторно оствариле посета на Овчеполскиот регион каде било сликано оранжериско производство на 7 земјоделски култури под пластеник, додека истовремено Корисник:Македонец во плодната рамнина на Скопското Поле го сликал процесот на пролетна сеидба и орање со трактори.

Летна

уреди

Летниот циклус на агроекспедициите се одвивал во месеците јуни, јули и август, со цел да се опфати фазата на созревање на есенските посеви пред нивната берба и фазата на создавање на плод и зреење на земјоделските култури посадени во пролет, при што се опфатени житата: пченица, јачмен и пченка и градинарските култури: пиперки, домат, грашок, лубеници, како и луцерката од крмните (фуражни) и индустриски култури и повеќе видови на земјоделска механизација како трактори, комбајни, плугови итн.. Во два наврати Корисник:Македонец (Марио Шаревски) ги посетил најразвиените земјоделски области во југоисточниот дел на Македонија: Струмичко во полето во околината на селото Добрејци на 18 јули 2017 и Гевгелиско во околината на селото Миравци на 13 август 2017, додека во текот на летните месеци почнувајќи од јуни се направени и неколку помали обиколки на земјоделските површини во Скопско во околината на селата Драчево и Долно Лисиче.

Статии

уреди
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Сеидба — земјоделски процес и зафат   нова статија
2. Орање — земјоделски процес и зафат   нова статија
3. Стаклена градина — градба во земјоделското производство   нова статија
4. Земјоделство во Македонија — земјоделство   подобрена статија
5. Лук — земјоделска култура   подобрена статија
6. Кромид — земјоделска култура   подобрена статија
7. Праз — земјоделска култура   подобрена статија
8. Спанаќ — земјоделска култура   подобрена статија
9. Пипер — земјоделска култура   нова статија
10. Домат — земјоделска култура   подобрена статија
11. Грашок — земјоделска култура   подобрена статија
12. Зелки — земјоделска култура   подобрена статија
13. Феферони — земјоделска култура   нова статија
14. Жито — земјоделска култура   подобрена статија
15. Клас (жито) — дел од земјоделско растение   нова статија
16. Јачмен — земјоделска култура   подобрена статија
17. Пченица — земјоделска култура   подобрена статија
18. Пченка — земјоделска култура   подобрена статија
19. ’Рж — земјоделска култура   подобрена статија
20. Лубеница — земјоделска култура   подобрена статија
21. Ротквичка — земјоделска култура   подобрена статија
22. Луцерка — земјоделска култура   подобрена статија
23. Праска — земјоделска култура   подобрена статија
24. Круша — земјоделска култура   подобрена статија
25. Земјоделска механизација — земјоделска механизација   нова статија
26. Плуг — земјоделска алатка   нова статија
27. Трактор — земјоделски возила (механизација)   нова статија
28. Комбајн — земјоделски возила (механизација)   подобрена статија
29. Редосеалка — земјоделска механизација и алатка   нова статија
30. Балирка — земјоделска механизација и алатка   нова статија
31. „Мак Млин“ - Чешиново — мелница, гранка од прехранбената индустрија   нова статија
32. Млекарница „Осогово Милк“ — млекарница, гранка од прехранбената индустрија   нова статија
33. Млечна индустрија — гранка од прехранбената индустрија   нова статија
34. Кашкавал — производ од млечната индустрија   подобрена статија
35. Бело сирење — производ од млечната индустрија   подобрена статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на ароекспедициите се достапни во следнава категорија:

Поврзано

уреди