Орање
Орање — земјоделска техника која подразбира обработување на плодна земја со рало, со плуг или со трактор со цел да се раситни земјата и да се подготви за сеење[1]. Во основа, орањето претставува прокопување и раситнување (разровкување) на почвата на одредена длабочина со земјоделски алатки како рало или плуг прикачени на добиток или сосвремена земјоделска механизација како трактор или мотокултиватор (во градинарството на мали површини и со мотика и копач), со што таа се подготвува за засевање со различни култури.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/10/%D0%9E%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9F%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%BE_%281920%29.png/220px-%D0%9E%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9F%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%BE_%281920%29.png)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/41/%D0%9E%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80_03.jpg/300px-%D0%9E%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D1%81%D0%BE_%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80_03.jpg)
Обработката на почвата претставува една од најстарите агротехнички мерки применувани од страна на човекот со цел да се задоволат барањата на културните растенија и да се постигнат високи приноси[2]. Со обработката на почвата се врши нејзино разровкување на одредена длабочина, а потоа се врши продлабочување на ораничниот слој со што се создаваат услови за пристап на воздухот, водата, топлината, хранливите материи и др[2]. Исто така, со обработката на почвата се делува против плевелите и прекумерното испарување на влагата, што значи дека со орањето се подготвува почвата за нормален развиток на растенијата[2]. Значењето на обработката на почвата се состои во тоа што во неа се враќаат и поправаат добрите особини кои почвата ги изгубила во претходниот посев, а особено со збивањето, како и при различни врнежи и со газењето на разните земјоделски машини[2]. Со обработката на почвата особено се подобруваат физичките својства и биолошките процеси на почвата, со што се овозможува и поголемо создавање на хранливи материи за исхрана на растенијата[2]. За правилно орање потребно е да се обрне внимание на формирањето на слогот, на самото орање и на орањето на разорот.
Орањето како тема во уметноста
уреди- „Посебниот орач“ (Особити орач) - српска народна песна.[3]
- „Орач меѓу скелети“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.[4]
- „Орање“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак.[5]
Галерија
уреди-
Орање со трактор во Македонија
-
Орање со добиток (волови) во Индија
-
Нацрт на плуг — орудие за орање
Наводи
уреди- ↑ „Орање“. Дигитален речник на македонскиот јазик. Посетено на 12 март 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Таневски, Драги (17 март 2012). „Правилно орање со плуг“. Скопје: Федерација на фармерите на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2012-04-06. Посетено на 12 март 2017.
- ↑ Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 103.
- ↑ Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 13.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 296.