Земјоделска механизација
Земјоделска механизација — машини кои се користат во поледелството или други видови на земјоделство. Постојат многу видови на ваква опрема, од рачни алатки и електронски алатки до трактори и бројни други видови на земјоделски помагала коишто тие ги влечат или работат. Различни видови на опрема се користат и во органското и во неорганското земјоделство. Особено од доаѓањето на механизирано земјоделство, земјоделската машинерија е неопходен дел од тоа како светот се храни. Механизираните и моторни возила и алатки се користат во сите видови и процеси на земјоделството и во поледелството и во сточарството, како што се: орање, сеидба, жетва и берба, молзење, складирање итн.
Галерија
уреди-
Трактор
-
Трактор со прикачена балирка
-
Комбајн
-
Редосеалка
-
Балирка