Млекарница „Осогово Милк“
Млечна индустрија Осогово милк — е сместена под падините на Осоговските планини во изразито чист регион далеку од индустриски објекти, поточно во с. Соколарци во непосредна близина на Кочани. Овие природни одлики се основа за добивање квалитетна суровина од која понатаму се произведуваат Осоговските млечни производи.
Вид | АД |
---|---|
Дејност | млечна, прехранбена |
Основано | 2006 |
Седиште | Соколарци, Македонија ул. 4 јули б.б., Соколарци , Република Македонија |
Производи | млечни производи (кашкавал, сирење) |
Вработени | 70 |
Матично претпријатие | „Јого Меркур“ |
Следејќи ја традицијата на регионот, модерната технологија и европските стандарди, мајсторите со долгогодишно искуство изработуваат Осоговски млечни производи препознатливи по својата оригиналност коишто се дел од секојдневието на нашите потрошувачи. Млекарата започнала да се гради во 2000 година и спаѓа во редот на сосема нови млекари во Македонија, изградени целосно од почеток, кои постојано се надградува и осовременува со најсовремена технологија и опрема. Осоговските млечни производи со својот карактеристичен вкус и арома ги освојуваат и најпребирливите гурмани.
Местоположба
уредиМлечна индустрија Осогово милк се наоѓа на северниот дел на Кочанската Котлина и во подножјето на Осоговските планини, општина Чешиново – Облешево, во непосредна близина на магистралниот пат (М-5) Штип – Кочани, на улица „4 јули“ бб во с.Соколарци. Областа околу с. Соколарци поседува идеални услови во кои се одгледуваат голем број на стада на овци, кози и крави од кое млеко се произведувал познатиот Осоговски кашкавал кој е национален бренд, а луѓето во тој регион го призведувале со векови наназад.
Историја
уредиМлечна индустрија Осогово милк е основана во 2006 година и работи во состав на трговското друштво „Јого меркур“ - Скопје кое се занимава со продажба и дистрибуција на млечни производи повеќе од 25 години поточно од 1990 година. За развој на компанијата и создавање на сопствен бренд е одбран осоговскиот регион кој е со вековна традиција во производството на кашкавал кој е познат под името Осоговски.
Организација
уредиВо состав на млекарата сместени се погони за производство на кашкавал, сирење, путер, топено сирење, млечен намаз, павлака, разладни комори за одржување и погон за пакување и дистрибуција на Осоговските млечни производи, магацини за суровини и амбалажа, како и административна зграда со современо средени канцеларии. Работи со сопствен возен парк за собирање на млекото и дистрибуција на Осоговските млечни производи. Млекарата е организирана како едноставна организација која во својот состав има организациски целини, сектори и служби, потребни за успешно работење на млекарата.
Вработени
уредиМлекарата има 70 вработени кои се специјализирани за производство и пакување на Осоговските млечните производи и се најголемиот потенцијал за кои се води посебно внимание во вложување и едукација, развивање на специјалистички вештини и способности кои влијаат на квалитетот на Осоговските млечни производи. Вработувањето на високо стручен кадар во млекарата претставува приориотет бидејќи тоа се луѓе кои постојано стручно се усовршуваат пратејќи ги новите технологии и воведување на повисоки стандарди. Во млекарата голем број од вработените се со високо образование, коишто заедно со останатинете вработени со заедничка тимска работа придонесуваат за градење на имиџот на Млечна Индустрија Осогово Милк .
Производство
уредиОсновна дејност на млекарата Осогово милк е преработка на млеко и производство на млечни производи наменети за широка потрошувачка за општа полулација . Во Млечна индустрија Осогово милк производството е на традиционален начин како што се произведувало уште од минатото во овој регион, но со воведување на нови стандарди, најсовремена опрема и технологија на контролирано производство, зреење и одржување на производите. Изминативе години млекарницата значително вложи во своите производствени капацитети и во создавање на нови производи, потврдувајќи ја својата зацртана цел: висококвалитетни млечни производи создадени од 100% природно македонско млеко, во практични и еколошки пакувања, создадени целосно според светските стандарди. Како основни линии на производство во Млечна Индустрија Осогово милк се јавуваат кашкавалот, сирењето, урдата, путерот,топеното сирење, млечниот намаз и павлаката. Тие во својот асортиман содржат повеќе видови на производи наменети за потрошувачи со различни вкусови. Млекарницата се занимава со откуп и преработка на свежо овчо, козјо и кравјо млеко од кое се изработуваат разните видови Осоговски млечни производи. Постојано се работи на подобрување на квалитетот на суровото млеко со постојана контрола на целокупниот процес на откуп, потоа модернизација на опремата за откуп, едукација и советување на постојните и новите кооперанти. Осоговските млечни производи се пакуваат со најсовремена технологија и опрема за пакување, во амбалажа која овозможува ефикасна дистрибуција на млечните производи, хигиена на производот, ги чува хранливите и ароматските материи, го намалува расипувањето на производот, го продолжува рокот на траење, ги содржи потребните информации за производот, ја зачувува здравствената исправност, хранливата вредност на млечните производи и не ја загадува животната околина. Осоговските млечни производи се стандардизирани во поглед на пакувањето и изгледот и секогаш оценувани со високи оценки за квалитет.
Асортиман на производи
уредиСо постојано усовршување на производните погони и технологијата на производството и пратењето на најсовремените достигнувања во светската млечна индустрија како и барањата на потрошувачите Млечна индустрија Осогово милк постојано го зголемува асортиманот со нови производи. Млечна индустрија Осогово милк ги поизведува Осоговскиот овчи, козји,мешан, кравји и чаден кашкавал, Осоговското овчо, козјо, мешано, кравјо и биено сирење, Осоговската урда и урда со пиперка, Осоговското топено сирње и млечен намаз, Осоговскиот путер (кравјо масло) , Осоговската павлака. Осоговските сирења и кашкавали купувачите го идентификуваат со традиционалното квалитетното млеко и млечни производи од Македонија, а брендот Осоговски ги асоцира на внимателно одбрано и селектирано македонско млеко, преточено во традиционално добрите македонски сирења и кашкавали. Млекарата последните неколку години постојано го унапредува квалитетот на млечните производи воведувајќи европски системи и стандарди и го проширува капацитетот на производство и преработка на млекото. Постојана грижа на млекарницата е во воведување на највисоки стандарди за добивање квалитетни Осоговски млечни производи.
Технологија
уредиОсновна цел на компанијата е создавање на квалитетни Осоговски млечни производи кои го содржат традиционалниот вкус, а сепак произведени со најсовремената технологија. Осоговските млечни производи се произведуваат како во минатото по традиционален рецепт , но со модерна технологија и препознатлив е по својата оригиналност. Технолошкиот процес на преработка на млекото се одвива според најсовремените правила и прописи. Професионалната контрола, спроведувана од најсовремено обучени кадри обезбедува производство на висококвалитетни млечни производи. Денеска Млечна Индустрија Осогово милк се вбројува во најпреспективните млекари во Република Македонија, а потврада за тоа е многуте признанија од домашните и меѓународни саеми. Следењето на светските трендови, како и инвестициите во нови софистицирани технологии со целосна посветеност на безбедноста и квалитетот на производите и производствениот процес овозможија проширување на асортиманот и создавање на производи коишто ја потврдуваат позицијата на нашата компанија во индустријата на млечни производи. Како составен дел од млекарата претставува и лабораторијата во која се извршуваат основните анализи на млекото и производите како и испитување и контрола на хигиената на машините,просториите, и вработение во производствените погони.
Капацитет на производство
уредиКористењето на најсовремени светски методи и технологии за преработка на млекото, работата на стручен тим вработени кои во својот состав има технолози, лаборанти и друг високо стручен кадар, дневниот проектиран капацитет на млекарата е 30.000 литри млеко дневно. Основната суровина потребна за реализација на производството на осоговските млечни производи се овчо, козјо и кравјо млеко кои се набавуваат од над 800 кооперанти. Млекото се зема од собирни центри каде млекопроизводителите го доставуваат суровото млеко. До фабриката млекото се транспортира во специјални возила во кои се врши регулирање на температурата. Млекопроизводителите се поединечни производители, сопственици на овци, кози и крави како и фарми кои се наоѓаат во осоговскиот регион поточно во околината на с.Соколарци.
Дистрибуција
уредиМлечна индустрија Осогово милк поседува одобрение од А категорија за производство на млечни производи . Осоговските млечни производи најголем дел се пласираат на македонскиот пазар, но дел од асортиманот е застапен и во регионот како и во САД и Русија . Целокупната продажба и дистрибуција на Осоговските млечни производи до крајните потрошувачи се врши преку „Јого меркур“ во чии состав работи млекарницата. Јого Меркур има сопствена дистрибутивна мрежа и сопствен возен парк со возила кои имаат разладни системи со контролиран температурен режим на испорака. Со тоа се овозможува квалитетна и безбедна испорака на млечните производи до продажните објекти на целата територија на Р Македонија . Дистрибуцијата на Осоговските млечни производи се врши до продажните објекти на големите ланци маркети како и до помалите локални продавници во повеќето населени места каде што обучен тим на вработени се грижи за подобра презентација и достапност на Осоговските млечни производи до крајните потрошувачи .
Галерија
уреди- Производство
-
Производство на козји кашкавал
-
Производство на козји кашкавал
-
Производство на козји кашкавал
-
Производство на козји кашкавал
-
Комората за зреење и сушење на кашкавали
-
Производство на кашкавал
-
Производство на кашкавал
-
Производство на сирење
-
Одделението за пакување на производите
-
Одделението за пакување на производите
-
Одделението за пакување на производите
-
Одделението за пакување на производите
-
Одделението за пакување на производите
-
Одделението за пакување на производите
-
Одделението за пакување на производите
- Технологија и апаратура
-
Најсовремена технологија за обработка на млекото
-
Најсовремена технологија за производство на сирење и кашкавал
-
Најсовремена технологија за обработка на млекото
-
Најсовремена технологија за обработка на млекото
-
Казан за варење на урда
-
Апаратура за температура во комората за зреење и сушење на кашкавали
- Фабрика
-
Погоните на млекарницата
-
Погоните на млекарницата
-
Погоните на млекарницата
-
Погоните на млекарницата
-
Погоните на млекарницата