Спанаќ
Спанаќ (науч. Spinacia oleracea) — едногодишно растение, кое има изразено зелени нежни листови. Tој е еден од најмоќните пролетни зеленчуци. Може да се набави на сите зелени пазари, како и во добро снабдените маркети.
Спанаќ | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
Ред: | Каранфиловидни |
Семејство: | Штирови |
Род: | Спанаќ |
Вид: | Спанаќ |
Научен назив | |
Spinacia oleracea L. |
Потекло
уредиСпанаќот бил познат уште на древните стари народи. Се смета дека во Европа бил донесен во 15 век од страна на Арапите. Во 17 век тој бил исклучително популарен се приготвувал и служел со шеќер.
Состав
уредиХранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 97 kJ (23 kcal) |
3,6 г | |
Шеќери | 0,4 г |
Влакна | 2,2 г |
0.4 г | |
2,9 г | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) | (59 %) 469 μг(52 %) 5.626 μг12.198 μг |
Витамин А | 9.377 МЕ |
Тиамин (Б1) | (7 %) 0,078 мг |
Рибофлавин (Б2) | (16 %) 0,189 мг |
Ниацин (Б3) | (5 %) 0,724 мг |
Витамин Б6 | (15 %) 0,195 мг |
Фолна кис. (Б9) | (49 %) 194 μг |
Витамин Ц | (34 %) 28 мг |
Витамин Е | (13 %) 2 мг |
Витамин К | (460 %) 483 мг |
Минерали | |
Калциум | (10 %) 99 мг |
Железо | (21 %) 2,71 мг |
Магнезиум | (22 %) 79 мг |
Манган | (43 %) 0,897 мг |
Фосфор | (7 %) 49 мг |
Калиум | (12 %) 558 мг |
Натриум | (5 %) 79 мг |
Цинк | (6 %) 0,53 мг |
Други состојки | |
Вода | 91,4 г |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Спанаќот е растение кое е многу богато со вода. Тоа има многу ниска калорична вредност, '2,2% белковини, 3,9% јаглехидрати и 0,5% масти'. Сепак акцентот треба да се стави на минералниот статус на спанаќот, да доминира по здравствената ефикасност пред сите други зеленчуци кои се одгледуваат во овој период од годината. Спанаќот содржи:
- Фолна киселина – 50% од дневно препорачаната доза по оброк
- Витамин А - 60% од дневно препорачаната доза по оброк
- Витамин Ц - 35% од дневно препорачаната доза по оброк
- Железо - 20% од дневно препорачаната доза по оброк
- Магнезиум - 20% од дневно препорачаната доза по оброк
- Рибофлавин - 15% од дневно препорачаната доза по оброк
- Калциум - 10% од дневно препорачаната доза по оброк
- Калиум - 15% од дневно препорачаната доза по оброк
- Витамин Б6 - 15% од дневно препорачаната доза по оброк
- Витамин Е - 15% од дневно препорачаната доза по оброк
Корисноста на спанаќот
уредиСпанаќот го подобрува работењето на срцето и функцијата на мускулите. Тој го потикнува функционирањето на панкреасот, а влијае врз намалување на крвниот притисок, со што го плеснува работењето на срцето и бубрезите. Спанаќот е вистински детоксикант за организмот го чисти токсините и ги буди сите забавени метаболички процеси. Спанаќот исто така влијае во јакнење на влакната на косата, јакнење на ноктите, а ја чува и одржува виталноста на кожата.
Спанаќот го чува здравјето на нервниот систем, но исто така го засилува и чува имуниот систем, благодарејќи на високите количества на витамини кои ги содржи. Огромната количина на фолна киселина јасно укажува дека спанаќот треба да биде конзумиран од страна на анемичните лица и бремените жени, спанаќот содржи и многу железо, па поради ова тој е делотворен без разлика за каква анемија се работи.
Сепак треба да се напомене дека спанаќот содржи оксална киселина која може да предизвика кристалчиња кои се таложат во бубрезите ако се внесува во големи количини, затоа спанаќот треба да го јадат помалку луѓето кои имаат проблеми со функцијата на бубрезите. За да се превенира оксалната киселина, треба добро да се отстранат дршките на листовите, а спанаќот доколку биде конзумиран со млеко, тогаш нема да постои оваа мала штетна особина. Оксалната киселина се врзува со калциумот од млекото и се излачува од организмот. Сепак, воопшто не треба да се грижите дека спанаќот може да им наштети на бубрезите, тој само се препорачува во помали количини кај бубрежно слабите лица.
На што треба да се внимава при конзумирање на спанаќ
уредиСпанаќот се јаде веднаш по проготвувањето, еднаш подготвен спанаќ не смее повторно да се подгрева. Не користете многу вода додека го готвите спанаќот, за да го зачувате неговиот квалитетен нутритивен статус. Се препорачува да се фрли водата во која е варен спанаќот бидејќи е заситена со натриум.
Надворешни врски
уреди- Спанаќ на Ризницата ?
- „Спанаќ“ — Енциклопедија на живиот свет
- Спанаќ хранлива вредност[мртва врска]
- Спанаќот - пролетен зеленчук Архивирано на 8 септември 2013 г.