Версај (дворец)

(Пренасочено од Версајскиот дворец)

Версајскиот дворец (фр. Château de Versailles) е кралски дворец, кој се наоѓа во непосредна близина на градот Версај во Франција. Почнувајќи од 1682 год. кога кралот Луј XIV се преселил таму од Париз, па сè додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз во 1789, Версајскиот двор бил центарот на моќта.

„Почесниот двор“, дело на Луј Ле Во
Споменик на кралот Луј XIV во „Почесниот двор“

Во 1660 год. кралот Луј XIV, кој веќе станал доволно возрасен за да владее, барал соодветно место за дворец близу Париз кој ќе биде истовремено доволно далеку за да се избегне бучавата на градот. Тој израснал со нередите на граѓанската војна помеѓу сопернички аристократски семејства и затоа барал место каде што ќе може да ја организира и комплетно контролира владата на Франција на начин на кој тој ќе биде во апсолутен центар на внимание. Тој избрал едно ловно засолниште од татка си и решил да го претвори во дворец. Во 1661 год. архитектот Луј Ле Во направил некои додатоци на засолништето кои подоцна биле понатаму доградени од негова страна (1668). Во 1678 год. архитектот Жил Ардуен Мансар ја преземал задачата и доградил уште две крила, кралска капела и познатата Сала на огледалата. На 6 мај, 1682 Луј XIV конечно се преселил во дворецот. Меѓу другото, дел од поставениот мебел бил префрлен од дворецот Во-ле-Виконт кој му припаѓал на министерот на финансии Никола Фуке, но бил конфискуван заради тоа што Фуке бил фатен во финансиска проневера.

Подоцна, времето на кралевите Луј XV и Луј XVI кон комплексот биле додадени уште неколку помали згради во Версајскиот парк како Големиот Тријанон (дело на Луј Ле Во и Жил Ардуен Мансар) и Малиот Тријанон (дело на Анж Жак Габриел), како и селцето на кралицата Марија Антоанета познато како „Пети амо“ (Petit hameau), кое на некој начин било еден од првите музеи на отворено во светот.

Политика на изложување

уреди
 
Големиот Тријанон, 1678. Архитект: Жил Ардуен Мансар
 
Малиот Тријанон

Величественоста на Версај е толку очигледна што современите туристи често се распрашуваат за тоа колку чинел - прашање кое никогаш не би го поставиле доколку би биле во катедралата Шартр, на пример. Тоа прашање всушност и не е вистинско историско прашање. Вистинското, индиректно прашање гласи: „Дали вредело?“

Анахроната претпоставка, зад која стои оваа љубопитност за „цената“ на Версај е гледиштето дека ова е многу голема куќа со кралски димензии. Но тоа не е така: Версај бил дом и на француското благородништво и местото на кралскиот двор. Самиот Луј XIV живеел таму и симблично централната одаја на протстраната последователна низа на згради била Спалната соба на кралот (Chambre du Roi), во чиј центар се наоѓа раскошниот кревет поставен позади богато украсена ограда. Целата власт и моќ во Франција произлегувала од овој центар: тука биле владините канцеларии и домовите на илјадници личности. Со тоа што барал од секој благородник да проведе определено време од годината таму, Луј му оневозможувал на благородништвото да оди наспроти системот на централизација на француската влада во рамките на таа апсолутна монархија.

Цена

уреди
 
Поглед кон централната оска на паркот од Базенот на Дијана. Дизајнер: Андре Ле Нотр

Трошокот за одржување на Версај заедно со издршката на кралскиот двор изнесувал околу 6% од буџетот на Франција.

Мекдугал Лител во неговата книга: World History: Patterns of Interactions (2001), го проценува трошокот за изградба на околу 2 милијарди американски долари во 1994 г.

Корисност

уреди
 
Големиот Тријанон - лоџија. Архитект: Робер де Кот

Друг начин на гледање на овој трошок е корисноста на овој дворец за Франција. Версај, со заклучување на благородниците во златен кафез, ги запрел периодичните бунтови и борби на аристократијата кои ја пустошеле Франција со векови. Исто така овој систем ја уништил аристократската власт во провинциите и овозможил централизација на власта, за што најголемиот број на денешни французи му се благодарни на Луј XIV, иако подоцнежмата француска централизација е сѐ уште тема на расправа.

Версај исто така имал огромно влијание на француската, а со тоа и врз европската уметност и архитектура (бидејќи Франција била водечка сила на тој план). Уште од почетокот Версај бил замислен не само како кралски дом, туку и како витрина на француската уметност и мајсторство организирано во кралските работилници Гоблен.

Атракции

уреди

Сала на огледалата

уреди
 
Салата на огледалата
 
Прогласување на Германското Царство во Салата на огледалата, 1871. Бизмарк е во бело. Насликал: Антон фон Вернер

Салата на огледалата (фр. Galerie des Glaces) е голема одаја во дворецот која се смета за една од најголемите атракции.

Галеријата (galerie) е започната во 1678 год. во исто време кога дворецот станал официјална резиденција на кралот. Изградбата завршила во 1684. Оваа одаја многупати се споменува во дневникот на Марија Антоанета.

По потпишувањето на Нијмегенскиот договор (1678) во зенитот на неговото владеење, Луј XIV го вработил Шарл Ле Брен како сликар за да ја одслика добродетелта на неговата влада. Сликарот смислил 30 сцени, врамени во малтер: кралот е прикажан како римски цар, како голем администратор на неговото кралство и како победник над странските сили.

Токму во оваа сала е прогласено Германското Царство на 18 јануари, 1871 год., по победата на Германија над Франција во Француско-пруската војна. Во истата сала Германија го потпишала Версајскиот мировен договор (1919) во кој стои дека Германија е виновна за Првата светска војна.

„Галеријата“ се наоѓа на првиот спрат од дворецот и во неа има 578 огледала. Нејзините димензии се 73 м во должина, 10.50 м во ширина, и 12.30 м во висина. Сместена е помеѓу Салата на војната (salon de la Guerre) со нејзиниот северен крај и покрај Салата на мирот (salon de la Paix) на најзиниот јужен крај.

Седумнаесет прозорци кои гледаат кон градините стојат наспроти седумнаесет арки во кои се наоѓаат огледала. Овие огледала, кои во своето време биле со исклучителна големина биле произведени од страна на Сан-Гобен, работилница од Париз основана од Жан-Батист Колбер како конкуренција на венецијанските производи од таков тип.

Воeна употреба

уреди

По поразот на Франција во Француско-Пруската Војна дворецот служел како генерал-штаб на германската војска од 5 октомври, 1870 до 13 март, 1871 год. и ова е зградата каде што било прогласено Германското Царство на 18 јануари.

Разорноста на војната и запоставеноста низ вековите оставиле голема трага на дворецот и неговите огромни градини. Современите влади на Франција од периодот по Втората светска војна се погрижиле да ги поправат овие штети. Тие биле генерално успешни во тоа, но некои од поскапите предмети, како неизмерниот број на фонтанисуште не се целосно пуштени во употреба. Иако денес нивната спектакуларност е вчудовидувачка, нивниот број бил многу поголем во XVIII век кај водопадот во Марли— се наоѓала Марлиската машина (machine de Marly) која ги напојувала фонтаните— таа била веројатно најголемиот механички систем во своето време. Водата патувала од далеку по монументални аквадукти кои денеска повеќе не постојат заради долго неодржување.

Пост-кралски: музеј-споменик

уреди
 
Пасторалното „Hameau“ на кралицата Марија-Антоанета во паркот. Изградено во 1783 г.
 
Пасторалното „Hameau“ од друг агол

За време на Револуцијата како кралскиот накит, така и сликите и склуптурите, му биле доделени на новиот музеј Лувр како дел од културното богатство на Франција. Другите содржини биле поставени за да служат важна морална улога: книгите и медалите биле предадени на Националната библиотека, а часовниците и научните инструменти (Луј XVI бил голем вљубеник во науката) на Школата на Уметностите и Занаетите. Версај сѐ уште бил најдобро уредената кралска резиденција во Европа, но по догите аукции низ револуционерните месеци толку многу предмети биле продадени, што Версај се испразнил. Непосредната причина за тоа било финансирањето на народните армии, но долгосежната стратегија била да се издејствува така што повеќе нема да има Версај каде што било кој крал би можел се врати. Стратегијата работела. Иако Версај бил прогласен за империјална палата, Наполеон никогаш не провел ни една ноќ таму.

Иако во кралска сопственост, Версај останал неискористен и за време на повторното воспоставување на династијата Бурбони. Во 1830 г. политичарот Луј-Филип се прогласил за „Граѓански Крал“]] и го прогласил дворецот за музеј на „сета слава на Франција“, и со тоа за првпат го издигнал над функцијата на Бурбонски династиски споменик. Истовремено, буасериите (украсени дрвени ѕидни облоги) од приватните апартмани на благородниците и дворјаните биле отстранети и без никаква ознака за нивното потекло биле продавани на новиот пазар за такви облоги во Париз и Лондон. Останале 120 одаи, денешните „Galeries Historiques“.[1] Архивирано на 27 април 2006 г.

Во 1960-тите, Пјер Верле, најголемиот изучувач и писател на тема француски мебел успеал да врати некои предмети од музеите, министерствата и амбасадорските резиденции каде што тие се имале распрснато, првобитно од Mobilier National. Тој смислил план за реставрација и одново уредување на Версај и токму заради него денес го гледаме тоа што го гледаме.

Денес, мудриот посетител доаѓа пред главниот влез на Големите апартмани на кралот (Grands appartements du Roi) во 08:30, без да чека со часови во редица. Веќе во 11:00 часот наутро апартманите се преполни со толпи луѓе. Туристичките водичи ги водат своите групи со марамче на стап за прегледност и зборуваат сите истовремено. Во лето кралските апартмани затвораат во 17:30 и најмудрите посетители би дошле нешто пред 17:00, плаќаат намалена влезница и си одат последни.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди