Малтер е леплив градежен материјал кој се користи за да се врзат градежни блокови и да ги пополни празнините меѓу нив. Блоковите може да се камења, тули и др. Малтерот се зацврстува непосредно по поставувањето, што резултира со ригидна структура. Современ малтер е обично направен од мешавина на песок, материјал за врзување како цемент или вар и вода. Малтер исто така може да се користи за да се поправи или соѕида во ѕидарство кога оригиналниот малтер е упропастен.[1]

Наводи

уреди
  1. „tuckpointing masonry (англиски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на англиски]]“. Архивирано од изворникот на 2018-01-14. Посетено на 2009-12-22. URL–wikilink conflict (help)