Мал Тријанон
Мал Тријанон е замок за забава во северозападниот дел на Париз во паркот Версај, Франција. Изграден е од кралот Луј XV, според архитектот Габриел Анц-Жак. Изградбата траела од 1762 до 1768 година.
Во близина на дренажата во Версај, по должината на северниот крај на големиот канал, Луј XIV го подигнал замокот Голем Тријанон. Овој замок му служел на кралот и на неговото семејство за да избега од стресниот живот на дворот. Луј го изградил Малиот Тријанон за својата господарка Мадам Помпадур, но таа наскоро умрела (1764). Поради што, замокот станал дел од новото кралско семејство, Мадам Дубари. Кога Луј XVI го наследил овој замок, тој го дал на неговата сопруга Марија Антоанета.