Димка Митева
Димка Митева — македонски лексиколог, лексикограф, ономастичар, дијалектолог, граматичар, хроничар, био-библиограф.
Димка Митева | ||
Родена | 18 февруари 1946 Варварица, Струмичко, Македонија |
---|
Образование и работен век
уредиОсновното и средното образование го завршила во Струмица, а високото на Филозофскиот факултет, група Славистика со македонски јазик како втор главен предмет во Скопје. Во 1971 година се вработила во Институтот за македонски јазик, каде што ги поминала сите научни и стручни звања: од стажант до научен советник (1994). Едновремено магистрирала на тема од областа на ономастиката и докторирала на филолошки науки на тема од областа на лексикологијата. Од почетокот на 1992 година го раководела главниот проект на Одделението за лексикологија и лексикографија „Толковен речник на македонскиот јазик“ со потпроект „Речник на македонската народна поезија“. Добитничка е на орден на трудот со сребрен венец (1986 г.)
Дела
уредиОбјавила околу 200 научни и стручни трудови, презентирани на конгреси, научни собири, симпозиуми и семинари, како и неколку посебни изданија (книги):
- Топонимијата на Струмичко (1989)
- Речник на македонската народна поезија (4 томови) - соавтор
- Прилози за јазикот на петмина македонски писатели (Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Константин Миладинов, Кочо Рацин, Коле Неделковски) (1994)
- Јазични тестови (1994)
- Македонска лексикографија (1994)
- Морфолошка анализа на македонската реченица (1995)
- Синтаксичка анализа на македонската реченица (1995)
- Толковен речник на јазикот на Марко Цепенков (1995/96)
Надворешни врски
уреди- Портал на Димка Митева со електронски изданија на нејзините дела