Градиште (Варварица)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Градиште — археолошко наоѓалиште во Варварица, Општина Василево.
Претставува градиште од доцноантичкото време. На 4 км западно од селото има висок рид чиј врв претставува зарамнето плато со површина од 200 × 100 м, пристапно само од источната страна. По неговите рабови се забележуваат остатоци од темели на бедем граден со камен и варов малтер. Исто така се присутни и остатоци од темели на резервоари за вода[1].
Поврзано Уреди
Наводи Уреди
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |