Вараждинска жупанија
Вараждинската жупанија се наоѓа во северозападна Република Хрватска. Седиштето на оваа жупанија е градот Вараждин.
Вараждинска жупанија Varaždinska županija | |||
---|---|---|---|
Жупанија | |||
Вараждинската жупанија (светлопортокалово) во Хрватска (светложолто) | |||
Главен град | Вараждин | ||
Управа | |||
• Жупан | Ѕвонимир Сабати | ||
Површина | |||
• Вкупна | 1.261 км2 (487 ми2) | ||
Население (2001) | |||
• Вкупно | 183.730 | ||
• Густина | 150/км2 (380/ми2) | ||
Повикувачки број | 042 | ||
ISO 3166 | HR-05 | ||
Мреж. место | http://www.varazdinska-zupanija.hr/ |
Географија
уредиЖупанијата го опфаќа подрачјето меѓу Драва на север и Страхинчица, Иванчица и Калничко Горје на југ. Таа се состои од вараждинската Подравина, лудбрешката Подравина и северниот дел на Хрватско Загорје.[1]
Население
уредиСпоред пописот извршен од 2001 година, Вараждинската жупанија броела 184.769 жители, што е 4,2% севкупната популација на Хрватска. Густината на населението изнесувало 149 жители на км2. Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 97,7%, Срби 0,4%, Словенци 0,3%, Роми 0,2% и други.
година на попис | 2001 | 1991 | 1981 | 1971 | 1961 | 1953 | 1948 | 1931 | 1921 | 1910 | 1900 | 1890 | 1880 | 1869 | 1857 |
Жители | 184.769 | 187.853 | 187.495 | 184.380 | 179.905 | 177.352 | 174.682 | 159.767 | 147.524 | 144.720 | 131.849 | 120.397 | 105.612 | 99.194 | 87.960 |
Стопанство
уредиВо Вараждинската жупанија развиени се: текстилната, прехранбената и дрвната индустрија.
Сообраќај
уредиЖупанијата ја сече автопатот А4 кој ја поврзува со унгарската граница (на север) и Загреб (на југ). По хоризонтала (запад-исток), низ жупанијата минува магистралниот пат кој оди крај реката Драва и ги спојува Марибор (Словенија) и Осјек. Низ жупанијата минува и железничка пруга која ги спојува Загреб (на југ), Чаковец и Будимпешта (на север) и Копривница (на исток)
Знаменитости
уредиИзвор
уреди- ЦД-ром: „Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године“, Издание на Државниот завод за статистика на Хрватска, Загреб, 2005.
Надворешни врски
уреди- Официјален портал (хрватски)
- www.varazdin-online.com (хрватски)
Наводи
уреди- ↑ Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.