Википедија:МакСтатБаза
МакСтатБаза — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик. Проектот има за цел искористување на достапната база на податоци објавена од страна на Државниот завод за статистика на Македонија и создавање нов материјал во статиите на Википедија на македонски јазик преку достапните алатки во вид на табели, графикони и други средства на прикажување на податоците.
Преку оваа база на податоци се планира подобрување на постоечките статии со добивање на квалитетни податоци и приказ на истите во пасусите на статии кои веќе постојат. Почетокот на проектот го означи објавување на базата на податоци за сите спроведени пописи на населението во Македонија, со што се создадоа услови за спроведување посеопфатен проект за вметнување на овие податоци во статиите за градовите низ Македонија по еден унифициран облик.
Проектот започнал да се спроведува во 2016 година, а покрај искористувањето на податоците од пописите, базата нуди бројни други податоци.
Список на уредени статии
уредиДосега се уредени сите статии за градовите во Македонија, освен статиите за малите градови Демир Капија и Демир Хисар, каде поради малата содржина на статиите, не беше технички возможно да се вметнат табелите како во другите градови, и Скопје, каде поради непристапноста на податоци од ДЗС, бидејќи Скопје низ пописите е различно делен и воопшто нема споредливост на податоците. Со тоа се подобрени вкупно 31 статија за градовите во Македонија.
Број | Статија | Фотографија |
---|---|---|
1. | Битола | |
2. | Куманово | |
3. | Прилеп | |
4. | Тетово | |
5. | Велес | |
6. | Виница | |
7. | Гевгелија | |
8. | Гостивар | |
9. | Дебар | |
10. | Делчево | |
11. | Кавадарци | |
12. | Кичево | |
13. | Кочани | |
14. | Крива Паланка | |
15. | Неготино | |
16. | Охрид | |
17. | Пробиштип | |
18. | Радовиш | |
19. | Свети Николе | |
20. | Струга | |
21. | Струмица | |
22. | Штип | |
23. | Берово | |
24. | Богданци | |
25. | Валандово | |
26. | Кратово | |
27. | Крушево | |
28. | Македонска Каменица | |
29. | Македонски Брод | |
30. | Пехчево | |
31. | Ресен |
Облик на употреба на податоци
уреди- Пример за употреба на податоците од последниот попис во вид на табела и графикон за етничката припадност
народ | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
Македонци | 6.404 | 91,4 |
Турци | 91 | 1,2 |
Роми | 459 | 6,5 |
Власи | 6 | 0,08 |
Срби | 14 | 0,1 |
Бошњаци | 3 | 0,04 |
други | 25 | 0,3 |
- Пример за употреба на податоците од самата база на податоци од сите спроведени пописи во Македонија во вид на табела и дијаграм за движење на населението и нивната етничка припадност
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1948 | 3.619 | — |
1953 | 4.176 | +15.4% |
1961 | 4.289 | +2.7% |
1971 | 5.092 | +18.7% |
1981 | 6.070 | +19.2% |
1991 | 6.903 | +13.7% |
1994 | 6.752 | −2.2% |
2002 | 7.002 | +3.7% |
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 3.619 |
1953 | 3.946 | 0 | 60 | 79 | 3 | 47 | — | 41 | 4.176 |
1961 | 3.995 | 3 | 134 | — | — | 30 | — | 127 | 4.289 |
1971 | 4.662 | 5 | 266 | 97 | — | 27 | — | 35 | 5.092 |
1981 | 5.513 | 6 | 128 | 300 | 1 | 19 | — | 103 | 6.070 |
1991 | 6.263 | 0 | 93 | 466 | 3 | 25 | — | 53 | 6.903 |
1994 | 6.267 | 0 | 97 | 327 | 2 | 27 | — | 32 | 6.752 |
2002 | 6.404 | 0 | 91 | 459 | 6 | 14 | 3 | 25 | 7.002 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- МакСтатБаза — директен пристап до базата