Бруно Мигел Боржеш Фернандеш (8 септември 1994, во Маија) – португалски фудбалер, играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед и на португалската репрезентација. Признат како еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот на своето време, се истакнува по својата креативност, диктирање на темпото на игра, шут и изведување пенали.

Бруно Фернандеш
Лични податоци
Роден на 8 септември 1994(1994-09-08)(30 г.)
Роден во Маија, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001790000001,79 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Број 8
Младинска кариера
Инфеста
Боавишта Боавишта
Пастелеира
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2013 Новара Новара 23 (4)
2013-2016 Удинезе Удинезе 86 (10)
2016-2017 Сампдорија Сампдорија 33 (5)
2017-2020 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 83 (39)
2020- Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 159 (54)
Репрезентација
2012 Португалија Португалија 19 2 (0)
2014 Португалија Португалија 20 5 (1)
2014-2017 Португалија Португалија 21 17 (6)
2016 Португалија Португалија 23 4 (0)
2017- Португалија Португалија 71 (23)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Роден во Португалија, Фернандеш ја започнал својата професионална кариера во италијанската Серија Б, со екипата на Новара, но набрзо стигнал до Серија А кога потпишал за Удинезе во 2013 година, за три години подоцна, една сезона да го носи дресот и на Сампдорија. По пет години во Италија, тој се вратил во родната земја каде потпишал со Спортинг Лисабон во 2017 година. Со нив, тој освоил два Лига купа едноподруго во 2018 и 2019, како и Купот на Португалија, додека на лично ниво бил избран во Тимот на годината на Примеира лигата и бил прогласен за Играч на годината во Примеира лигата во две сезони по ред. Во сезоната 2018–2019, тој постигнал рекорд од 33 гола во сите натпреварувања, што го направило играч од средниот ред во Европа со најмногу постигнати голови во една сезона. Во јануари 2020 година, Фернандеш потпишал за Манчестер Јунајтед за 55 милиони евра.

За португалската репрезентација дебитирал во 2017 година. Учествувал на две Светски првенства во 2018 и 2022 и на две Европски првенства во 2020 и 2024.

Биографија

уреди

Фернандеш е роден во Маија, Метрополитенската област Порто. Уште во детството многу го засакал фудбалот и бил навивач на Боавишта и Манчестер Јунајтед.[1] Како дете, Фернандеш играл фудбал на улица со својот постар брат Рикардо, кој исто така бил професионален фудбалер.[2]

Неговиот татко, кој емигрирал во Швајцарија, сакал Фернандеш да се пресели со него, но тој одбил, поради стандардот на швајцарскиот фудбал во тоа време.[3][4]

Кога Фернандеш се преселил во Италија на 18-годишна возраст за да се приклучи на Новара, таму му се придружила саканата од детството Ана Пињо; тие се венчале во 2015 година. Двојката има ќерка по име Матилде (родена на 30 јануари 2017 година) и син по име Гонсало (роден на 6 септември 2020 година).[3]

Клупска кариера

уреди

Почетоци и рана кариера

уреди

Фернандеш ја започнал својата фудбалска кариера во локалниот клуб Инфеста. Растејќи, на Фернандеш му бил понуден младински договор во академијата на Порто, но наместо тоа тој отишол во локалните ривали Боавишта, кои му понудиле превоз за доаѓање на тренинг, бидејќи неговите родители не можеле да го носат во Порто секој ден.[3] Фернандеш го поминал најголемиот дел од својата младинска кариера во Боавишта, почнувајќи како централен дефанзивец, пред да биде претворен во офанзивен играч за врска на 15-годишна возраст, по позајмица во Пастелеира.[3][4]

Новара

уреди

На 27 август 2012 година, малку пред неговиот 18-ти роденден, тој се преселил во екипата на Новара во Италија за обесштетување од 400.000 евра.[5] Неговото деби во професионалниот фудбал, го направил на 3 ноември 2012 година, во поразот со 1-0 од Читадела во Серија Б. Првично Фернандеш се мачел да се прилагоди на својот нов живот во Италија, страдал од носталгија, а исто така имал и проблеми да го научи италијанскиот јазик. Откако неговата девојка се преселила во Италија, Фернандеш брзо го научил јазикот и почнал да се адаптира на земјата, добивајќи го прекарот „Марадона од Новара“ и „Мини Руи Кошта“.[4] Својот прв гол го постигнал на 22 февруари 2013 година против Специја. Тој постигнал уште 3 гола во текот на неговата прва сезона, завршувајќи со 23 настапи и 4 гола во првенството и плејофот, во кој сепак Новара не успеала да избори промоција во Серија А

Удинезе

уреди

Во летото 2013 година, тој бил продаден со договор за ко-сопственост на Удинезе во Серија А.[6] Со „фриулијците“ тој го направил своето деби во Серија А на 3 ноември 2013 година, во домашниот натпревар против Интер, загубен со 3-0. На 7 декември, го постигнал својот прв гол во Серија А во ремито 3-3 на гостувањето против Наполи. На 30 јануари 2014 година, Удинезе одлучил да ја откупи и втората половина од неговиот договор за сума од 2 милиони евра.[7] Тој постигнал уште 3 гола за време на Серија А 2013-2014, со што неговата статистика достигнала 4 гола на 28 натпревари вкупно во првенството и Купот на Италија. Следната сезона, тој не можел да најде многу простор во почетната постава и ја затворил својата втора сезона на Фриули со 4 гола во вкупно 34 настапи. Сезоната 2015-2016, ја завршил со 33 настапи вкупно во Серија А и Купот на Италија, во кои постигнал 3 гола.[8] Два од трите негови гола во оваа сезона Фернандеш ги постигнал на 3 април 2016, во победата со 3-1 над Наполи - еден од двата конкуренти за титулата заедно со Јувентус - во 31-вото коло на Серија А, кога најпрво реализирал пенал за водство на Удинезе од 1-0, а потоа во судиското продолжение од првото полувреме повторно ги донел црно-белите во водство со прекрасен гол со "ножички" од работ на шеснаесеттникот сместувајќи ја топката во празниот гол на Наполи.[9]

Сампдорија

уреди

На 16 август 2016 година, тој се преселил во Сампдорија на позајмица (од 1 милион евра) со обврска за откуп од 6 милиони евра, каде што избрал да го носи дресот со број 10.[10][11] На 28 август, тој го направил своето деби за Сампдорија, влегувајќи како замена за време на натпреварот против Аталанта на домашен терен добиен со 2-1.[12] На 26 септември 2016, тој го постигнал својот прв гол за блучеркjатите на гостувањето кај Каљари, во поразот на неговиот тим со 2-1.[13] Вториот гол го постигнал на 2 октомври истата година, во ремито 1-1 на домашен терен против Палермо.[14] Тој се изборил за место во почетниот тим по градското дербито во кое Сампдорија била поуспешна од Џенова со 2-1 и го постигнал својот трет гол за сезоната на гостувањето кај Кротоне во натпреварот што завршил 1-1.[15] На 4 март 2017 година, тој постигнал гол во натпреварот Сампдорија-Пескара 3-1, во 27-то коло од првенството, додека последниот петти гол за сезоната во Серија А го постигнал околу еден месец подоцна, на 9 април, во ремието 2-2 на домашен терен со Фјорентина. Сезоната во Серија А ја завршил со 33 настапи и 5 гола, помагајќи му на клубот да заврши во горниот дел на табелата; покрај тоа забележал два настапи и во Купот на Италија, каде Сампдорија била елиминирана во осминафиналето од Рома.

Спортинг Лисабон

уреди

На 27 јуни 2017 година, по враќањето од Европското првенство за играчи до 21 година, Фернандеш му се приклучил на Спортинг Лисабон потпишувајќи петгодишен договор, во трансфер вреден 8,5 милиони евра плус бонуси.[16] На 6 август, Фернандеш го направил своето деби за клубот во победата на домашен терен со 2–0 против Авеш.[17] Тој постигнал четири гола во неговите први пет натпревари во Примеира лига, вклучително и погодокот во победата со 5–0 на гости против Виторија Гимараеш.[18][19] На 12 септември, Фернандеш дебитирал во Лигата на шампионите, во натпреварот од групната фаза против Олимпијакос, во кои ги довел гостите во предност од 3–0 во 43-тата минута, за на крајот Спортинг да слави во тој натпревар со 3-2.[20] Тој ја завршил својата прва сезона со лавовите со 16 гола во сите натпреварувања, бил втор стрелец на тимот зад Бас Дост и дал 20 асистенции, статистика која му донела две престижни награди: бил избран во Тимот на годината на Примеира лигата како и за Играч на годината во Примеира лигата.[21] и покрај фактот што Спортинг го завршил првенството на третото место зад главните ривали Порто и Бенфика. На 15 мај 2018 година, Фернандеш и неколку негови соиграчи, вклучително и тренерите, бил повредени по нападот од околу 50 приврзаници на Спортинг на тренинг на клубот, незадоволни од тоа што клубот завршил на третото место во лигата и испуштил пласман во Лигата на шампионите.[22][23] И покрај настаните, тимот се согласил да игра во финалето на Купот на Португалија закажан за следниот викенд,[24] во кое подоцна загубиле од Авеш.[25] Четири дена подоцна, тој потпишал нов петгодишен договор со Спортинг со подобрена плата и ослободителна клаузула од 100 милиони евра,[26] менувајќи ја својата првобитна одлука да го напушти клубот незадоволен од заминувањето на претседателот Бруно де Карваљо.[27]

Манчестер Јунајтед

уреди

На 29 јануари 2020 година, Фернандеш потпишал за Манчестер Јунајтед, во трансфер вреден 55 милиони евра плус 25 милиони евра бонуси.[28] Трансферот бил потврден следниот ден, кога Фернандеш потпишал на пет ипол години.[29] Своето деби со црвените ѓаволи го имал на 1 февруари, играјќи ги сите 90 минути во ремито без голови на домашен терен против Вулверхемптон Вондерерс.[30]

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Спортинг Лисабон

уреди
2018-2019
2017-2018, 2018-2019

  Манчестер Јунајтед

уреди
2023-2024
2022-2023

Репрезентација

уреди

  Португалија

2018–2019

Наводи

уреди
  1. Davies, Matt (2020-10-01). „Bruno Fernandes reveals tears of joy in emotional tale of Man Utd move“. Evening Standard. Посетено на 2023-07-26.
  2. 8 things you didn't know about Bruno Fernandes. YouTube. https://www.youtube.com/watch?v=8rgk-YGraUc&t=16s&ab_channel=SoccerStories-OhMyGoal. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 10 Things you didn't know about Bruno Fernandes. YouTube. https://www.youtube.com/watch?v=WJ8N6xAUgJY&t=117s&ab_channel=Goal90. 
  4. 4,0 4,1 4,2 99 facts that make Bruno Fernandes so special. YouTube. https://www.youtube.com/watch?v=PmMDiJOXQsM&t=88s&ab_channel=SoccerStories-OhMyGoal. 
  5. Roseiro, Bruno (27 June 2017). „Bruno Fernandes. O miúdo que começou a rolar na capital do hóquei“ [Bruno Fernandes. The kid who started rolling in the hockey capital]. Observador (португалски). Lisbon. Архивирано од изворникот 28 November 2020. Посетено на 25 May 2018.
  6. Udinese, battuta la concorrenza per Bruno Fernandes in comproprietà
  7. „Movimenti di mercato“. udinese.it. 30 јануари 2014. Архивирано од изворникот на 5 февруари 2015. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  8. „Al Napoli saltano i nervi il treno scudetto se ne va con l'ira funesta di Higuain“. la Repubblica. 4 април 2016. стр. 34. Занемарен непознатиот параметар |autore= (се препорачува |author=) (help)
  9. „Serie A, Udinese-Napoli 3-1: Fernandes e Thereau condannano Sarri. La Juventus vola a +6“ (италијански). tuttosport. 3 април 2016. Посетено на 14 јули 2024.
  10. „Bruno Fernandes è blucerchiato, vestirà la maglia numero 10“. 16 август 2016.
  11. „Bruno Fernandes alla Samp, trovato l'accordo: ecco le cifre“. 31 јули 2016.
  12. „Sampdoria-Atalanta 2-1, risultato finale“. Посетено на 24 февруари 2020.
  13. „Le pagelle di Cagliari-Sampdoria 2-1“. Eurosport. 26 септември 2016. Посетено на 24 февруари 2020.
  14. „Sampdoria-Palermo 1-1, Bruno Fernandes salva Giampaolo all'ultimo secondo“. 2 октомври 2016. Посетено на 24 февруари 2020.
  15. „Crotone-Sampdoria, giusto l'1-1. Proteste calabresi sul pari“. Посетено на 24 февруари 2020.
  16. „Sporting: Bruno Fernandes com cláusula de 100 milhões“ [Sporting: Bruno Fernandes with 100 million clause]. Maisfutebol (португалски). IOL. 27 June 2017. Посетено на 27 June 2017.
  17. „Look at the first 11 of the Sporting season – with Adrien and with space for Bruno Fernandes“. Tribuna Expresso (португалски). Посетено на 20 March 2021.
  18. „Jorge Jesus: "Dupla Bruno Fernandes-Bas Dost não serve para todos os jogos" [Jorge Jesus: «Bruno Fernandes-Bas Dost duo is not good for every game»]. Record (португалски). Lisbon. 19 August 2017. Посетено на 27 June 2017.
  19. Tornesi, Duarte; Toucedo, Rafael (10 September 2017). „Bruno Fernandes arranca como Balakov“ [Bruno Fernandes gets going like Balakov]. O Jogo (португалски). Porto. Посетено на 12 September 2017.
  20. „Sporting derrota Olympiacos na Grécia“ [Sporting defeat Olympiacos in Greece] (португалски). UEFA. 12 September 2017. Архивирано од изворникот на 15 September 2017. Посетено на 13 September 2017.
  21. „Quarta vez de Bruno Fernandes“ [Fourth time for Bruno Fernandes]. Record (португалски). Lisbon. 29 April 2018. Посетено на 25 May 2018.
  22. „19 jogadores do Sporting contam tudo sobre o ataque a Alcochete (e como Palhinha protegeu Montero)“ [19 Sporting players tell everything about the attack at Alcochete (and how Palinha protected Montero)]. MSN (португалски). Microsoft. 23 May 2018. Посетено на 24 May 2018.
  23. Kiley, Ben (15 May 2018). „Sporting Lisbon players attacked at training ground after failing to secure Champions League spot“. SportsJOE.ie. Maximum Media. Посетено на 16 May 2018.
  24. „Sporting Lisbon: Players agree to play Portuguese Cup final after attack“. BBC Sport. 16 May 2018. Посетено на 2 June 2018.
  25. „Aves ganha a Taça de Portugal graças a bis de Guedes“ [Aves win Portuguese Cup thanks to Guedes brace]. O Jogo (португалски). Porto. 20 May 2018. Посетено на 26 July 2018.
  26. „Bruno Fernandes pens Sporting Lisbon deal“. Sports Mole. 10 July 2018. Посетено на 18 August 2018.
  27. „Bruno Fernandes passará a ganhar o dobro“ [Bruno Fernandes will earn twice as much]. A Bola (португалски). Lisbon. 8 July 2018. Архивирано од изворникот на 10 July 2018. Посетено на 9 July 2018.
  28. „Bruno Fernandes: Manchester United agree deal with Sporting Lisbon“. BBC Sport. 29 January 2020. Посетено на 2 February 2020.
  29. „Man Utd complete the signing of Bruno Fernandes from Sporting“. ManUtd.com. Manchester United F.C. 30 January 2020. Посетено на 30 January 2020.
  30. Stone, Simon (1 February 2020). „Manchester United 0–0 Wolverhampton Wanderers“. BBC Sport. Посетено на 2 February 2020.

Надворешни врски

уреди