Браим Дијас

шпански фудбалер

Браим Дијас (роден на 3 август 1999 година во Малага, Шпанија) — шпански фудбалер кој настапува за екипата на ФК Реал Мадрид на позиција напад.

Браим Дијас
Браим на тренинг со Манчестер Сити во 2017 година
Лични податоци
Полно име Браим Абделкадер Дијас[1]
Роден на 3 август 1999(1999-08-03)(25 г.)[2]
Роден во Малага, Шпанија
Висина 1.71 m[2]
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Реал Мадрид Реал Мадрид
Број 21
Младинска кариера
2010–2013 Предлошка:Fb team Málaga
2013–2016 Манчестер Сити Манчестер Сити
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2016–2019 Манчестер Сити Манчестер Сити 5 (0)
2019– Реал Мадрид Реал Мадрид 22 (2)
2020–2023Милан Милан (п) 91 (13)
Репрезентација
2016–2017 Шпанија 17 10 (3)
2016–2018 Шпанија 19 10 (1)
2017– Шпанија 21 7 (2)
2021– Шпанија 1 (1)

Кариера

уреди

Манчестер Сити

уреди

Браим ја започнал својата кариера во родниот клуб Малага, пред да се пресели во Манчестер Сити во 2015 година како 16-годишник за почетна сума од 200.000 фунти[3][4]. На 21 септември 2016 година го имал своето деби во дресот на првиот тим за Сити, влегувајќи како замена во 80-тата минута во ЕФЛ-купот против Свонзи Сити[5]. Пет дена подоцна, тој го потпишал својот прв професионален договор со Сити, на три години[6].

На 21 ноември 2017 година, Браим дебитирал во Лигата на шампионите против Фејенорд, влегувајќи по повредата на Рахим Стерлинг[7]. На 19 декември 2017 година, Браим го започнал натпреварот со својот клуб, играјќи 88 минути против Лестер Сити во Лига Купот[8]. Дебитирал во Премиер лигата на 20 јануари 2018 година, во победата над Њукасл Јунајтед со 3: 1[9] и на 13 мај, тој добил медал за освоената сезона на Сити, откако се појавил спорадично на уште четири натпревари во лигата во текот на сезоната[10].

На 5 август 2018 година, Браим ги одиграл последните 15 минути на местото на Фил Фоден во натпревар кој Манчестер Сити победил со резултат од 2-0 над Челзи во ФА Купот во 2018 година[11]. Подоцна истата сезона, Браим го постигнал својот прв гол во кариерата за Сити, постигнувајќи ги двата погодоци во победата од 2:0 над Фулам на 1 ноември[12].

Реал Мадрид

уреди

После интензивните шпекулации за негов трансфер, заедно со неговиот договор со Манчестер Сити кој требало да истече во јуни 2019 година, Браим се приклучил на Реал Мадрид на 6 јануари, за сума од 15,5 милиони фунти (17 милиони евра)[13]. Неговиот договор, кој трае до 2025 година, вклучува и потенцијални додатоци, според кои вредноста на трансферот се искачува на 22 милиони фунти (24 милиони евра)[14]. Трансферот, исто така, вклучува клаузули кои предвидуваат 15% продажна такса што треба да ја прими Сити, што би се искачило на 40% доколку Браим го напушти Мадрид и се пресели во „друг клуб од Манчестер[15].

Тој дебитирал на 9 јануари 2019 година, влегувајќи како замена во победата од 3-0 над Леганес во Копа дел Реј[16]. Неговото деби во лигата дошло четири дена подоцна, кога тој повторно влегол како замена во победата со 2:1 над Реал Бетис[17]. Својот прв гол го постигнал на 12 мај 2019 година, во поразот од 1-3 против Реал Сосиедад[18].

Тој забележал шест настапи во текот на сезоната во лигата, а Реал Мадрид ја освоил Ла Лига во сезоната 2019-2020[19].

Милан

уреди

На 4 септември 2020 година, Реал Мадрид објавил дека Браим ќе биде позајмен во Милан за време на сезоната 2020–21[20][21].

На 27 септември, тој го постигнал својот прв гол во победата над Кротоне со 2-0 на гости[22]. На 9 мај 2021 година, тој постигнал гол во победата со 3–0 на гости над Јувентус[23] . По сезоната 2020–21, тој бил позајмен уште две години во Милан[24][25]. На 15 септември 2021 година, тој постигнал гол против Ливерпул во поразот од 3-2 во Лигата на шампионите[26].

Статистика

уреди
Настапи и голови по клубови, сезони и натпреварувања
Клуб Сезона Лига Национален куп Лига куп Европа Останато Вкупно
Лига Нат. Гол. Нат. Гол. Нат. Гол. Нат. Гол. Нат. Гол. Нат. Гол.
Манчестер Сити 2016-17[27] Премиер Лига 0 0 0 0 1 0 0 0 1 0
2017-18[28] Премиер Лига 5 0 1 0 1 0 3[б 1] 0 10 0
2018-19[29] Премиер Лига 0 0 0 0 3 2 0 0 1[б 2] 0 4 2
Вкупно 5 0 1 0 5 2 3 0 1 0 15 2
Реал Мадрид 2018–19[30] Ла лига 9 1 2 0 0 0 11 1
2019-20 Ла лига 6 0 3 1 1 0 0 0 10 1
Вкупно 15 1 5 1 1 0 21 2
Милан (позајмен) 2020–21 Серија А 27 4 2 0 10[б 3] 3 39 7
2021–22 Серија А 31 3 4 0 5[б 4] 1 40 4
2022–23 Серија А 33 6 1 0 10 1 1 0 45 7
Вкупно 91 13 7 0 25 5 1 0 124 18
Вкупно 111 14 13 1 5 2 29 5 2 0 160 22
  1. Appearances in UEFA Champions League
  2. Appearance in FA Community Shield
  3. Appearances in UEFA Europa League
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име UCL.

Наводи

уреди
  1. „Acta del Partido celebrado el 05 de mayo de 2019, en Madrid“ [Minutes of the Match held on 5 May 2019, in Madrid]. Royal Spanish Football Federation. Посетено на 15 June 2019.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 „Brahim“. Real Madrid CF. Посетено на 15 June 2019.
  3. „Brahim Diaz“. Manchester City F.C. Архивирано од изворникот на 26 January 2018. Посетено на 28 January 2018.
  4. Ducker, James (21 April 2016). „Manchester City's global scouting mission pays off with 'mind-blowing' talent“. The Daily Telegraph. Посетено на 28 January 2018.
  5. „Swansea City 1–2 Manchester City“. BBC Sport. 21 September 2016. Посетено на 30 December 2016.
  6. „Brahim Diaz signs new deal“. Manchester City F.C. 26 September 2016. Архивирано од изворникот на 21 December 2016. Посетено на 30 December 2016.
  7. „Manchester City 1–0 Feyenoord“. BBC Sport. Посетено на 25 November 2017.
  8. „Leicester City 1–1 Manchester City (3–4 pens)“. BBC Sport. 19 December 2017. Посетено на 21 December 2017.
  9. Critchley, Mark (20 January 2018). „Sergio Aguero hits a perfect hat-trick as Manchester City end Newcastle's acrimonious week on a sour note“. The Independent. Посетено на 27 January 2018.
  10. Fay, Richard (13 May 2018). „Man City fans loved seeing Phil Foden make Premier League history“. Manchester Evening News. Посетено на 14 May 2018.
  11. Bevan, Chris (5 August 2018). „Chelsea 0–2 Manchester City“. BBC Sport. Посетено на 5 August 2018.
  12. „Manchester City 2–0 Fulham: Brahim Díaz leads holders into EFL Cup last eight“. BeIN Sport. Посетено на 1 November 2018.
  13. Jackson, Jamie. „Brahim Díaz on verge of joining Real Madrid from Manchester City for £15.5m“. The Guardian. Посетено на 6 January 2019.
  14. „Official Statement: Brahim Díaz“ (шпански). Real Madrid C.F. Посетено на 6 January 2019.
  15. Lilzino, John. „Brahim Díaz: Manchester City put anti-United clause in Real Madrid transfer to prevent Old Trafford move“. The Independent. Посетено на 6 January 2019.
  16. „Real Madrid 3–0 Leganés“. BBC. Посетено на 9 January 2019.
  17. „Ceballos rescues Real Madrid in Seville“. Marca. Spain. Посетено на 13 January 2019.
  18. „Brahim Diaz impresses again with a stunning solo goal“. Marca. Spain. Посетено на 12 May 2019.
  19. „Real Madrid win the longest LaLiga Santander season“. Marca. Spain. 17 July 2020. Посетено на 17 July 2020.
  20. Real Madrid CF (4 септември 2020). "Official Announcement: Brahim". Соопштение за печат.  посет. 4 септември 2020 г
  21. A.C. Milan (4 септември 2020). "Official Statement: Brahim Díaz". Соопштение за печат.  посет. 4 септември 2020 г
  22. „Brahim opens his account as AC Milan beat Crotone“. marca.com. 27 September 2020.
  23. „Juventus suffer another humiliation as Milan halt their own slump“. The Guardian. 10 May 2021.
  24. „Official statement: Brahim Díaz“. acmilan.com. 19 July 2021.
  25. „Official Announcement: Brahim“. realmadrid.com. 19 July 2021.
  26. „Liverpool comeback sinks Milan in epic“. BBC Sport (англиски). Посетено на 2021-09-15.
  27. „Натпревари одиграни од Brahim Diaz во 2016/2017“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 2 November 2018.
  28. „Натпревари одиграни од Brahim Diaz во 2017/2018“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 2 November 2018.
  29. „Натпревари одиграни од Brahim Diaz во 2018/2019“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 6 January 2019.
  30. „Brahim Díaz: Summary“. Soccerway. Perform Group. Посетено на 9 January 2019.

Надворешни врски

уреди