Бела тресиопашка
M. alba alba
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Тресиопашки
Род: Motacilla
Вид: Бела тресиопашка
Научен назив
Motacilla alba
Linnaeus, 1758
Motacilla alba

Белата тресиопашка (научMotacilla alba) е мала врапчевидна птица, од семејството на тресиопашките (Motacillidae). Видот е распространет речиси низ цела Европа и Азија, и во делови на северна Африка. Ја има и во Македонија. Во умерените краишта е постојан жител, но во постудените е птица преселница која зимува во Африка.

Таа е инсектојадна птица на отворената земја, која претпочита во близина да има вода. Сака голи предели каде може да го види пленот. Во урбаните средини се прилагодува и се храни на поплочените паркинзи. Гнезди во дупките на камените ѕидови и слични вештачки или природни места.

Белата тресиопашка е национална птица на Латвија.[2]

Таксономија и систематизација

уреди
 
Распространетост на расите

Белата тресиопашка е еден од многуте видови за првпат опишани од Карл Лине во неговата книга од 18 век Systema Naturae, и сè уште го носи своето оригинално научно име Motacilla alba.[3]

Во моментов се издвојуваат 9 или 11 подвида. Разликите во боите на перјето и распространетоста на подвидот се прикажани подолу:[4]

Подвид Распространетост Забелешка Фотографија
M. a. alba Европа од Пиринејски Полуостров до Урал, Турција, Исланд, Фарски Острови и источниот брег на Гренланд. Некои се селат во јужна Европа и во Африка, на југ, сè до Кенија. Номинираниот подвид  
M. a. yarrellii Велика Британија и Ирска; птиците од посеверните делови се селат во Шпанија и северна Африка, а од појужните делови се резидентни.[5] Има повеќе црно на грбот од номинираната раса, црното од грлото продолжува на страните од вратот  
M. a. dukhunensis Западен Сибир – на исток од Касписко Море (дел од Русија, Казахстан, Узбекистан, Туркменистан); зимува на Среден Исток и во Индија.[5] Горните делови на овој подвид се посветли и повеќе сино-сиви отколку на номинираниот подвид и има непрекината бела лента на крилјата одозгора.
M. a. persica Северен, централен и западен Иран. Мешан меѓу M. a. dukhunensis и M. a. personata. Често вклучуван во alba; како хибридна или интегрирана популација.[5]  
M. a. subpersonata Постојан жител на Мароко Има поцрна глава од номинираниот подвид.[5]
M. a. personata Хиндукуш, Тјеншан, Алтајски Планини (северен Иран, Авганистан, Таџикистан, Киргистан, Казахстан) Има целосно црна глава со бела маска.  
M. a. alboides Хималаите и околните области Има црн грб и многу црно околу главата, бело на крилото и бели краеви на секундарните пердуви.
M. a. baicalensis Русија, во областа на Бајкалско Езеро, Монголија Сличен на M. a. leucopsis но со сив грб и помалку бело на главата и крилјата.
M. a. ocularis Сибир, и проширен накај западна Алјаска
M. a. lugens Далечен Исток на Русија (Приморски крај), Камчатски крај, Јапонија Сличен на M. a. yarrellii, но со црна маска на очите и бели рабови по хоризонтала на крилјата; може да се смета и за посебен вид.  
M. a. leucopsis Кина, Кореја, Тајван, дел од Јапонија до југоисточна Азија, Индија и Океанија.  

Опис

уреди
 
Возрасен со пиле во Казахстан

Белата тресиопашка е тенка, витка птица, со должина од 16.6 до 19 см (источноазиските се подолги и достигаат до 21 см), со карактеристична долга опашка која постојано се тресе. Нејзината просечна тежина е 25 грама, а животен век околу 12 години.[6] Номинираниот подвид Motacilla alba alba, во основа е сива одозгора и бела одоздола, со бело лице, црна капа и црн врат.

Таа има повеќе подвидови кои се разликуваат во шарките на перјето на крилјата, грбот или главата. Некои раси покажуваат полов диморфизам за време на сезоната на парење. Околу 6 подвида може да бидат присутни во Индија или југоисточна Азија за зимување и тука тешко може да се распознаваат.[7][8][9][10]

Повикот е остро чисик, а песната е пријатно црцорење.[11]

Распространетост и живеалиште

уреди
 
Распространетост. Жолто - лете; зелено - преку цела година; сино - зимување.

Овој вид се размножува низ Евроазија до 75° северна географска ширина, а единствено го нема во Арктикот каде температурата во јули е помалку од 4 °C. Исто така, се размножува во планините на Мароко и западна Алјаска. Живеалиштата му се разновидни и единствено го нема во пустините.[11]

Белата тресиопашка е постојан жител во умерените делови на својот опсег, како западна Европа и Средоземјето, но е птица преселница во остатокот од својата распространетост. Северноевропските птици зимуваат околу Средоземјето и во тропска и субтропска Африка,[12] а азиските птици се селат во Среден Исток, Индија,[5] и југоисточна Азија.[13] Птиците од северна Америка, исто така, се селат во тропска Азија.[14]

Поведение

уреди

Највидлива и најкарактеристична навика на оваа птица е постојано тресење на опашката, од каде и го добила името на своето семејство. Но сепак, покрај очигледноста на ваквото поведение, сè уште не е сосема јасно зошто го прави тоа. Се сугерира дека можеби така го разбркува пленот или покажува покорност кон другите тресиопашки. Во неодамнешна студија, пак, се претпоставува дека на тој начин ја покажува својата будност пред потенцијалните грабливци.[15]

Исхрана

уреди

Исхраната на белата тресиопашка варира според локацијата, но земните и водните инсекти, како и останатите безрбетници се основата на нејзината исхрана. Јаде разни бубачки, вилини коњчиња, мали полжави, пајаци, црви, ракчиња, и најважно - муви.[5] Не е невообичаено да јадат и мали рипчиња. На некој начин, исхраната на белата тресиопашка е невообичаена, затоа што онаму каде што е постојан жител и преку зимата продолжува да се храни со безрбетници, за разлика од другите птици кои во тој период јадат растителна храна.[16]

Размножување

уреди
 
МладенчеM. a. yarrellii во Англија. Има сиво лице и сиво на градите
 
Младенче M. a. alba во Норвешка со сиво лице и гради

Белите тресиопашки се моногамни птици кои си ја бранат територијата за размножување.[5] Сезоната на парење трае од април до август, а започнува малку подоцна во посеверните краишта. Двата родитела се одговорни за градењето на гнездото, мажјакот е оној што го започнува, а женката го завршува процесот. При второто легло кај подвидот personata женката сама го гради второто гнездо, а мажјакот ги доодгледува младенчињата од првото.[17] Гнездото претставува груба чашка направена од гранчиња, трева, лисја и други растителни материјали. Внатре е послано со меки материјали, вклучувајќи и животински влакна. Го сместуваат во пукнатина или дупка, по можност веднаш до река или ров, но, исто така, се прилагодуваат во урбани услови, па гнездат во ѕидови, мостови и згради. Едно гнездо е пронајдено во череп на морж, а многу често овие птици ги прават гнездата и во внатрешноста на поголеми гнезда од други птици, како на пример, на златен орел.[17] Несат 3-8 јајца, но обично 4-6. По боја се кремави со синозелен или тиркизен сјај и со црвеникави многубројни точки.[18] Обата родитела ги квачат јајцата, иако женката тоа го прави повеќе, инкубирајќи ги ноќе. Јајцата се испилуваат по 12 (најдоцна 16) дена. Пилињата ги хранат двајцата родители додека тие да се оперјат по 14 дена, и уште една недела потоа.

Познато е дека оваа птица е често домаќин на кукавицата, но таа откако ќе забележи дека гнездото ѝ е со паразит, го напушта. Научниците теоретизираат дека ова се случува затоа што тресиопашката е многу мала за да го истурка јајцето и има премал клун за да го уништи.[19]

Статус

уреди

Овој вид има широка распространетост, на повеќе од 10 милиони км². Големината на популацијата не е позната, но се верува дека е многу голема опишувајќи го овој вид како вообичаен во поголемиот дел од нејзиниот опсег. Статусот на белата тресиопашка е вид со најмала загриженост.[1] Популацијата во Европа е стабилна.[12] Видот добро се адаптира кон промените предизвикани од човекот и ги користи градежните структури за свои места за гнездење, а отворените поплочени површини за исхрана.[5] Во многу градови, впечатливо во Даблин, на пример, големи јата доаѓаат да презимуваат.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Motacilla alba. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. "National symbols of Latvia" (руски)
  3. (латински) Linnaeus, C (1758). Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata. Holmiae. (Laurentii Salvii). стр. 185. M. pectore nigro, recticibus duabus lateralibus dimidiato oblique albis.
  4. (јапонски) Nakamura, Kazue (1985). „Historical change of the geographical distribution of two closely related species of the genus Motacilla in the Japanese Archipelago: a preliminary note“. Bulletin of the Kanagawa Prefecture Museum of Natural Science. 16.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 Tyler, S. (2004) "Family Motacillidae (Pipits and Wagtails)" pp.777–778 in del Hoyo, J.; Elliot, A. & Christie D. (editors). (2004). Handbook of the Birds of the World. Volume 9: Cotingas to Pipits and Wagtails. Lynx Edicions. ISBN 84-87334-69-5
  6. doi:10.1111/j.1469-7998.2009.00671.x
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  7. Alstrom, P. & Mild, K. (2003). Pipits and wagtails. Princeton Univ. Press.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. Akhtar,Syed Asad; Prakash,Vibhu (1989). „Streakeyed Pied Wagtail, Motacilla alba ocularis Swinhoe from Harike Lake, Punjab“. J. Bombay Nat. Hist. Soc. 86 (2): 246.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. Ticehurst, CB (1922). „Notes on Indian wagtails“. J. Bombay Nat. Hist. Soc. 28 (4): 1082–1090.
  10. Pittie,Aasheesh; Kulkarni,MS; Mathew,Rajeev (1998). „Range extension of White Wagtail Motacilla alba leucopsis at Pocharam Lake, Medak District, Andhra Pradesh“. J. Bombay Nat. Hist. Soc. 95 (2): 347–348.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  11. 11,0 11,1 Simms, Eric (Author); Arlott, Norman (Illustrator) (1992). Larks, Pipits and Wagtails (Collins New Naturalist). Harper Collins. стр. 233–252. ISBN 000219871 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  12. 12,0 12,1 Snow, David; Perrins, Christopher M (editors) (1998). The Birds of the Western Palearctic concise edition (2 volumes). Oxford: Oxford University Press. стр. 1103–1106. ISBN 0-19-854099-X.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  13. Arlott, Norman) (2007). Birds of the Palearctic: Passerines (Collins Field Guide). Harper Collins. стр. 30–31. ISBN 978-0-00-714705-2.
  14. Sibley, David (2000). The North American Bird Guide. Pica Press. ISBN 1873403984.
  15. Randler, C (2006). "Is tail wagging in white wagtails, Motacilla alba, an honest signal of vigilance?" Animal Behaviour 71 (5): 1089–1093 Abstract[мртва врска]
  16. Davies, N.B. (1976). „Food, Flocking and Territorial Behaviour of the Pied Wagtail (Motacilla alba yarrellii Gould) in Winter“. The Journal of Animal Ecology. 45 (1): 235–253. doi:10.2307/3777. JSTOR 3777.
  17. 17,0 17,1 Badyaev, A. V.; Gibson, D. D. and Kessel, B. (1996). „White Wagtail (Moticilla alba)“. The Birds of North America Online. Ithaca: Cornell Lab of Ornithology. doi:10.2173/bna.236. Посетено на 16 April 2010.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  18. Peyton, Leonard J. (1963). „Nesting and occurrence of White Wagtail in Alaska“ (PDF). Condor. 65 (3): 232–235. doi:10.2307/1365667. JSTOR 1365667.
  19. Moksnes, Arne; Eivin Roskaft & Anders T. Braa (1991). „Rejection Behavior by Common Cuckoo Hosts Towards Artificial Brood Parasite Eggs“ (PDF). Auk. 108 (2): 248–254.

Надворешни врски

уреди