Валира

река во Андора

Валира (каталонски: Valira) — најголема река во Андора. Тече низ главниот град, Андора ла Веља, и излегува од земјата на југ, близу граничниот премин во Шпанија.

Валира низ Андора ла Веља

Реката е притока на Сегре, која пак се влева во Ебро. Валира му се придружува на Сегре кај Сеу д'Ургељ. Главни притоки се Источна Валира, Северна Валира[1] и Мадриу. Реката е долга 35 км.

Наводи

уреди
  1. кат. Valira d'Orient и Valira del Nord

42°23′14″N 1°27′35″E / 42.38722° СГШ; 1.45972° ИГД / 42.38722; 1.45972