Алакинци

село во Општина Свети Николе
(Пренасочено од Алакинце)

Алакинци (порано: Алакинце) — мало село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Алакинци
Алакинце

Поглед кон селото

Алакинци во рамките на Македонија
Алакинци
Местоположба на Алакинци во Македонија
Алакинци на карта

Карта

Координати 41°56′42″N 21°52′54″E / 41.94500° СГШ; 21.88167° ИГД / 41.94500; 21.88167
Регион  Вардарски
Општина  Свети Николе
Област Овче Поле
Население 3 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2220
Повик. бр. 032
Шифра на КО 24001
Надм. вис. 480 м
Алакинци на општинската карта

Атарот на Алакинци во рамките на општината
Алакинци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Куќи во селото

Ова мало село се наоѓа во областа Овче Поле, во северозападниот дел на територијата на Општина Свети Николе.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 480 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 13 километри.[2]

Селото е мало, сместено во северозападниот дел на Овче Поле. Околни села се: Малино на запад, Стањевци на североисток, Мездра на југоисток и Преод на југозапад. Во минатото селото поседувала десетина бунари, а во полето се наоѓал и изворот Периш, од кој извира и истоимената мала река, која се влева во Светиниколската Река.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Говедаров Рид, Било, Будлевица, Китка, Градиште, Сејменски Рид, Црвеница, Благуњи, Периш, Бунарче, Илкова Чукарка, Качаник и Кривуљица.[3]

Селото има збиен тип. Селото е поделено на два дела: Под Пат и Над Пат. Во нив се раздвојуваат поединечни родовски групи на куќи, како што се Брдарци, Мишковци, Караниковци и други.[3]

Алакинци се наоѓа лево од автопатот А4, на кој има посебен излез заедно со селото Преод. До него води земјен пат.

Историја

уреди

На самата атарска граница со соседното Малино, околу 1.500 метри северозападно од селото се наоѓа возвишението Градиште. Таму земјата е прекопана и се наоѓаат дупки. Сепак, не е зачувано меѓу мештаните ништо за старата утврдена населба на Градиште. Месноста Будлевица, пак, се наоѓа во близина на селото, на неговата источна страна. Сместено е во подножјето на еден рид. Селаните кажуваат дека таму имало ѕидини од куќи и амбари. Денес, на местото се пасишта и нема никакви старини. Камењата биле однесени од вода или биле употребени како градежен материјал. Сите говорат дека таму се наоѓало некое старо село.[3]

Во месноста Кривуљица се наоѓа црквата „Успение на Пресвета Богородица“, која е покриена со камени плочи, сместена северозападно од селото. Мештаните наведуваат дека таа е најстар храм во овој дел на Овче Поле.[3]

Не се знае кога е основано денешното село. Според тоа што во него живее македонскиот род Брдарци, за кој нема сознанија дека е доселен, како и старата црква, веројатно селото е доста старо.[3]

Во XIX век, Алакинци било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.

Пред крајот на турската власт, во Алакинци имало 5-6 куќи на муслимански Цигани, кои биле доселени во селото како мухаџири во 1878 година. Тие работеле на чифлиците до 1912 година, кога се повлекле заедно со турската војска. Местото каде биле погребувани се нарекувани Цигански Гробишта.[3]

Во 2014 година на селото му е вратено неговото старо име Алакинци.[4]

Стопанство

уреди
 
Патот до селото и обработливите површините во атарот на селото

Атарот зафаќа простор од 10,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 341 хектар, на шумите отпаѓаат 298 хектари, а на пасиштата 206 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

До крајот на отоманската власт, целото земјиште било поделено на четири чифлици, кои ги држеле Реџеп, Ибиш, Саќип и Ариф. Првите тројца биле браќа од Куманово и имале свои кули, додека последниот бил Арбанас населен во Мојанци, во близина на Скопје, но неговата земја не била голема и во селото имал само амбар. По 1912 година, кулите биле срушени и целата земја била откупена.[3]

Население

уреди
 
Стара куќа во селото
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948157—    
1953161+2.5%
1961162+0.6%
197165−59.9%
198122−66.2%
ГодинаНас.±%
199115−31.8%
199413−13.3%
20025−61.5%
20213−40.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Алакинци имало 155 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Алакинци имало 160 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]

Алакинци е мало село, коешто е населено со македонско население. Во 1961 година селото броело 162 жители, а во 1994 година само 13 жители и е во фаза на целосно раселување.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Алакинци живееле 5 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото Аликинци живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 155 160 157 161 162 65 22 15 13 5 3
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Алакинци е мешано православно село, во кое македонското население е мнозинство.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

  • Македонски родови: Брдарци (5 к.), за нив никој не знае да се доселени однекаде, така да возможно е да се староседелци; Мишковци (7 к.), Караџовци (4 к.) и Длагачевци (2 к.), доселени се однекаде; Шарковци (1 к.), доселени се од Мустафино, и таму биле доселени однекаде и Голинци (2 к.), доселени се од селото Бајловце, Кумановско.
  • Влашки родови: Караниковци (4 к.), доселени се во 1915 година како две куќи. Тогаш во Алакинци купиле земја, пред тоа живееле како сточари номади, летото го поминувале на планината Осогово, а зиме се задржувале во Долно Ѓуѓанци. Брачните врски ги одржувале со влашките родови од околните села каде што имало Власи.
  • Православни Роми: Спиро (1 к.) и Стојан (1 к.), доселени се од околината на Кратово. Првите од селото Трновац, а вторите од Куклица. Се женат само со припадници на својот народ, а по дома зборат на македонски.

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Орашац, во која покрај селото Алакинци, се наоѓале и селата Вакав, Винце, Д’лга, Доброшане, Живиње, Колицко, Малино, Орашац, Пчиња, Скачковце и Шупли Камен. Селото припаѓало на Општина Малино во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Алакинци, Живиње, Колицко, Крушица и Малино.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1691 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватен објект во селото Малино.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[14]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 23 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[3]

Редовни настани

уреди
Слави[3]

Иселеништво

уреди

Од Алакинци е иселен голем број од населението. Постари иселеници има во Малино (Левкови) и Крушица (Коларовци). Околу 10 македонски семејства се имаат отселено во Куманово, додека 5-6 семејства се преселиле во Свети Николе.[3]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 9. Посетено на 21 март 2021.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 724–726.
  4. „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-10-28. Посетено на 2020-05-28.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 215.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 март 2021.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 21 март 2021.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 344. ISBN 9989-649-28-6.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди