Адам Џејмс Армстронг (роден на 10 февруари 1997 година, во Њукасл на Тајн) — англиски фудбалер, напаѓач на Саутхемптон.

Адам Армстронг
Лични податоци
Роден на 10 февруари 1997(1997-02-10)(27 г.)
Роден во Њукасл на Тајн, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001720000001,72 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Саутхемптон Саутхемптон
Број 9
Младинска кариера
Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014-2018 Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 17 (0)
2015-2016Ковентри Ковентри Сити 40 (20)
2016-2017Барнсли Барнсли 34 (6)
2017Болтон Болтон 20 (1)
2018-2021 Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс 151 (58)
2021- Саутхемптон Саутхемптон 93 (24)
Репрезентација
2012-2013 Англија Англија 16 6 (2)
2013-2014 Англија Англија 17 12 (10)
2014-2015 Англија Англија 18 9 (8)
2015-2016 Англија Англија 19 9 (3)
2016-2017 Англија Англија 20 13 (7)
2018 Англија Англија 21 5 (1)
* Ажурирано на: 17 јануари 2012
** Ажурирано на: 17 јануари 2012

Технички карактеристики

уреди

Брз, агилен централен напаѓач со ниско тежиште кое му овозможува брзо и лесно да ја менува насоката на движење, што го прави подобен по потреба да игра насекаде во напаѓачката линија, вклучувајќи ја улогата на втор напаѓач, а неретко играл и како крило на двете страни. Има остро око за постигнување голови и одличен удар од далечина.

Клупска кариера

уреди

Њукасл Јунајтед

уреди

Како навивач на Њукасл Јунајтед уште од најрана возраст, Армстронг му се приклучил на клубот на деветгодишна возраст и напредувал низ младинските категории.[1]

На 28 јануари 2014 година, Армстронг за првпат бил повикан во првиот тим на Њукасл за натпреварот од Премиер лигата против Норич Сити на Кероу Роуд, но останал неискористена замена.[2] Своето деби за страчките го направил околу месец дена подоцна; заменувајќи го Лук де Јонг во првенствениот пораз од Фулам,[3] станал вториот најмлад играч кој заиграл за Њукасл после Казенга ЛуаЛуа.[4]

На 24 септември 2014 година, Армстронг го започнал својот прв натпревар за Њукасл во натпреварот од третото коло на Лига купот против Кристал Палас. Њукасл го добил тој натпревар со 3-2 по продолженијата, а Армстронг асистирал за два гола на црно-белите.[5] На 26 декември, тој го имал својот прв старт во натпревар од Премиер лигата, започнувајќи како партнер на Ајосе Перес во нападот во поразот со 3–1 од Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд.[6] Вкупно во сезоната 2014-2015 одиграл 15 натпревари за Њукасл, неуспевајќи да постигне погодок.

Позајмиците во Ковентри, Барнсли и Болтон

уреди

На 28 јули 2015 година, Армстронг бил позајмен на Ковентри Сити до 16 јануари 2016 година.[7] На 8 август, тој го имал своето деби од соништата за Ковентри, постигнувајќи ги двата гола во победата со 2–0 над Виган Атлетик на Рико Арена во првото коло од новата сезона во Лига Еден.[8] Импресивната форма со самото доаѓање во Ковентри ја потврдил следната недела кога во победата со 4-0 над Милвол постигнал уште два гола, од кои првиот од бил со прекрасен удар од преку 30 метри. На 2 јануари 2016, Армстронг го постигнал својот прв хет-трик во кариерата, во победата над Кру Александра со 5-0.[9] Како резултат на импресивните настапи, на 14 јануари 2016 година, позајмицата на Армстронг била продолжена до крајот на сезоната,[10] а истата ја завршил со 20 голови во 40 одиграни натпревари за Ковентри. На крајот од сезоната бил избран во Тимот на годината на Лига Еден.[11]

Армстронг се вратил во Њукасл во летото 2016 година, но и покрај тоа што имал два настапи за клубот на почетокот на сезоната 2016-2017, на 30 август, тој бил испратен на нова позајмица, овојпат во Барнсли клуб кој се натпреварувал во Чемпионшип, истата лига како и Њукасл, по испаѓањето на страчките од Премиер лигата во претходната сезона.[12] Своето деби за Барнсли го направил на 10 септември, влегувајќи како замена на местото на Рајан Кент во победата со 2-1 над Престон Норт Енд, во која го постигнал победничкиот гол за својот тим. Иако позајмицата првично била договорена на шест месеци, во јануари 2017, истата била продолжена до крајот на сезоната.[13] Сезоната ја завршил со 34 одиграни натпревари и 6 гола за Барнсли во Чемпионшип, придонесувајќи клубот да обезбеди опстанок заземајќи комотна позиција во средината на табелата.

На 17 јули 2017 година, Армстронг се согласил за нова позајмица во Чемпионшип, овојпат во екипата на Болтон Вондерерс.[14] За разлика од претходните две, овде тој не се снашол добро, постигнувајќи само еден гол во 23 натпревари за клубот. Поради тоа, на 4 јануари 2018, неговата позајмица во Болтон била прекината и тој привремено се вратил во својот матичен клуб Њукасл.[15]

Блекбурн Роверс

уреди

На 9 јануари 2018 година, Армстронг му се приклучил на позајмица до крајот на сезоната на "пропаднатиот" некогашен славен клуб и англиски шампион, Блекбурн Роверс, кој сега борејќи се за промоција во третото ниво на англискиот фудбал го барал патот кон славните минати денови.[16] Неговото доаѓање се покажало како одличен додаток во нападот за Роверс, бидејќи младиот напаѓач постигнал 9 гола во 21 одигран натпревар, придонесувајќи за освојувањето на второто место во лигата и директната промоција во Чемпионшип.[17] Дополнително за брзото и добро адаптирање на Армстронг во Роверс влијание имал и фактот што менаџер му бил Тони Моубрај, кој го тренирал претходно и во Ковентри.

На 6 август 2018 година, Армстронг се преселил во Блекбурн на трајна основа, откако потпишал четиригодишен договор со клубот, напуштајќи го на тој начин Њукасл засекогаш.[18] Сумата на трансферот изнесувала 1,75 милиони фунти. Сепак, првата целосна негова сезона во Блекбурн била сиромашна, откако тој не успеал да ги понуди игрите од претходната сезона постигнувајќи само 5 гола во 44 натпревари за Блекбурн во Чемпионшип.

Затоа пак, почнувајќи од 2019 година, секоја следна сезона била подобра од претходната. Во сезоната 2019-2020, тој бил најдобар стрелец на Блекбурн со 17 гола на 48 натпревари, пред наредната година да дојде неговата најдобра сезона во кариерата. Во сезоната 2020-2021, Армстронг постигнал 28 гола во Чемпионшип, вклучувајќи три хет-трика против Викомб Вондерерс, Хадерсфилд Таун и Бирмингем Сити, завршувајќи како втор стрелец во лигата единствено зад Ајван Тони од Брентфорд кој постигнал 33. Сепак, и покрај головите на Армстронг, Роверс одиграле разочарувачка сезона во која останале далеку од позициите кои носат борба за промоција во Премиер лигата, што ги зајакнало шпекулациите за негово заминување од Ивуд Парк. Откако тоа и се случило во летото 2021, Армстронг го напуштил Блекбурн после 160 натпревари и 64 постигнати гола за клубот

Саутхемптон

уреди

На 10 август 2021 година, Армстронг потпишал четиригодишен договор со Саутхемптон,[19] во трансфер вреден околу 15 милиони евра.[20] Трансферот на Сент Мерис за него значел и враќање во Премиер лигата, каде последниот настап го имал како 18-годишник во сезоната 2014-2015, заслужувајќи место повторно во елитната дивизија како награда за одличните игри во пониските лиги низ изминатите години.

Армстронг постигнал гол на своето деби за клубот, во поразот со 3-1 на гостувањето кај Евертон во првото коло на Премиер лигата.[21] На 5 ноември 2021 година, Армстронг го постигнал својот втор гол во победата со 1–0 против Астон Вила,[22] но до крајот на сезоната 2021-2022 не постигнал ниту еден гол повеќе, завршувајќи ја со 23 настапи и два гола.

Во сезоната 2022-2023, која завршила со испаѓање на светците од Премиер лигата, Армстронг одново постигнал само два гола во првенството, против Челси во победата со 2-1[23] и против Ливерпул во последното коло во ремито 4-4.[24] Исто така, постигнал еден гол и во ФА Купот, во победата со 2-1 во третото коло над Кристал Палас по огромната грешка на голманот на Палас, Висенте Гуаитa.[25]

Репрезентативна кариера

уреди

Армстронг играл за сите младинските селекции на Англија од под 16 до под 21 година.[26][27][28]

Во 2017 година, тој бил дел од англиската репрезентација под 20 години која го освоила Светското првенство во споменатата возраст во Јужна Кореја,[29] на кое тој постигнал еден гол во победата од 3-0 против Аргентина во групната фаза.[30]

Титули

уреди

Репрезентативни

уреди
Јужна Кореја 2017

Статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 10 април 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2013-2014   Њукасл Јунајтед ПЛ 4 0 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 4 0
2014-2015 ПЛ 13 0 ФАКуп+ЛК 1+3 0 - - - - - - 17 0
Вкупно Њукасл Јунајтед 17 0 4 0 0 0 0 0 21 0
2015-2016   Ковентри Сити ФЛ1 40 20 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - ТФЛ 0 0 40 20
2016-2017   Барнсли ФЛЧ 34 6 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 35 6
2017-јан. 2018   Болтон ФЛЧ 20 1 ФА Куп+ЛК 0+3 0+2 - - - - - - 23 3
јан.-јун. 2018   Блекбурн ФЛ1 21 9 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - ТФЛ 0 0 21 9
2018-2019 ФЛЧ 44 5 ФАКуп+ЛК 2+2 1+3 - - - - - - 48 9
2019-2020 ФЛЧ 46 16 ФАКуп+ЛК 1+1 1+0 - - - - - - 48 17
2020-2021 ФЛЧ 40 28 ФАКуп+ЛК 1+2 0+1 - - - - - - 43 29
Вкупно Блекбурн 151 58 9 6 0 0 0 0 160 64
2021-2022   Саутхемтпон ПЛ 23 2 ФАКуп+ЛК 4+1 0 - - - - - - 28 2
2022-2023 ПЛ 30 2 ФАКуп+ЛК 3+6 1+0 - - - - - - 39 3
2023-2024 ФЛЧ 40 20 ФАКуп+ЛК 3+0 0+0 - - - - - - 43 20
Вкупно во кариерата 263 86 17 8 0 0 0 0 280 94

Наводи

уреди
  1. „Adam Armstrong“. Newcastle United F.C. Архивирано од изворникот на 20 January 2014. Посетено на 1 February 2014.
  2. „Norwich 0–0 Newcastle“. BBC. 2014-01-28. Посетено на 1 February 2014.
  3. „Fulham 1 – 0 Newcastle“. BBC. 2014-03-15. Посетено на 15 March 2014.
  4. „Season 2013/14 Fulham (a)“. www.nufc.com. Newcastle United Football Club. Архивирано од изворникот на 19 March 2014. Посетено на 19 March 2014.
  5. Starforth, Miles (25 September 2014). „Debutant Adam Armstrong's cup of joy after Newcastle's dramatic win“. The Shields Gazette. Архивирано од изворникот на 28 September 2014. Посетено на 26 September 2014.
  6. „Manchester United 3–1 Newcastle United“. BBC Sport. BBC. 26 December 2014. Посетено на 6 March 2015.
  7. „Armstrong Secures Coventry Loan“. Newcastle United FC. 28 July 2015.
  8. „Coventry 2–0 Wigan“. BBC Sport. 8 August 2015. Посетено на 13 October 2015.
  9. „Crewe 0–5 Coventry“. BBC Sport. 2 January 2016. Посетено на 2 January 2016.
  10. „LOAN: Coventry City have sealed the loan extension of Newcastle United striker Adam Armstrong“. Coventry City F.C. 14 January 2016.
  11. „PFA awards: Leicester and Spurs dominate Premier League team“. BBC Sport. 21 April 2016. Посетено на 7 May 2018.
  12. „Newcastle United striker Adam Armstrong leaves for Barnsley loan“. Sky Sports. 30 August 2016. Посетено на 6 October 2016.
  13. „Adam Armstrong Extends Loan Deal!“. Посетено на 5 January 2017.
  14. „Wanderers sign Adam Armstrong on loan“. Bolton Wanderers Official Site. 17 July 2017. Посетено на 18 July 2017.
  15. „Why recalled Adam Armstrong is unlikely to play for Newcastle United tomorrow“. Sean McCormick. Chronicle Live. 5 January 2018.
  16. „Adam Armstrong: Blackburn Rovers sign striker on loan from Newcastle United“. BBC Sport. 9 January 2018.
  17. Freeman, Jay (25 April 2018). „Blackburn Rovers promoted: How Tony Mowbray turned club and his own career around“. BBC Sport. Посетено на 24 July 2023.
  18. „Adam Armstrong: Blackburn sign striker on a four-year deal from Newcastle United“. BBC Sport. 6 August 2018. Посетено на 25 August 2018.
  19. „Armstrong is a Saint!“. Southampton Football Club. 10 August 2021. Посетено на 10 August 2021.
  20. Sharpe, Rich (9 August 2021). „Blackburn Rovers agree fee with Southampton for Adam Armstrong“. Lancashire Telegraph. Посетено на 11 August 2021.
  21. „Everton 3–1 Southampton“. BBC. 14 August 2021.
  22. Begley, Emlyn (5 November 2021). „Southampton 1–0 Aston Villa“. BBC Sport. Посетено на 9 January 2023.
  23. Bysouth, Alex (30 August 2022). „Southampton 2–1 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 9 January 2023.
  24. Rindl, Joe (28 May 2023). „Southampton 4–4 Liverpool“. BBC Sport. Посетено на 24 July 2023.
  25. Howarth, Matt (7 January 2023). „Crystal Palace 1–2 Southampton“. BBC Sport. Посетено на 9 January 2023.
  26. „Armstrong At The Double For England“ (англиски). Посетено на 2021-08-11.
  27. „Woodman And Armstrong Receive England Call“ (англиски). Посетено на 2021-08-11.
  28. „Armstrong Nets In England Win“ (англиски). Посетено на 2021-08-11.
  29. Предлошка:Citе web
  30. (англиски) http://www.thefa.com/news/2017/may/20/england-argentina-report-u20-world-cup-200517. Посетено на 2021-08-11. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски

уреди