Аденски Залив
12°32′45″N 48°8′44″E / 12.54583° СГШ; 48.14556° ИГД
Аденскиот Залив е залив во Индискиот Океан помеѓу Јемен на север и Сомалија на југ. На северозапад е поврзан со Црвеното Море преку теснецот Баб ел-Мандеб. Долг е 1,000 км и шрок од 150 до 440 км.
Заливот е многу важен пад до Персискиот Залив и нафтата што се наоѓа во него, што е многу важно за светската економија. Главни пристаништа во овој залив се Аден во Јемен и Бербера и Босасо во Сомалија.
Овој залив се смета за опасен поради тоа што се граничи со Сомалија која е нестабилна земја, а додека Јемен не покажува особена сила во заштитувањето на заливот. Аденскиот Залив е една од главните светски зони по пиратеријата, што го прави овој залив несигурен за пловидба.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |