Љубаништа

село во Општина Охрид
(Пренасочено од Љубаниште)

Љубаништа (поретко и како Љубаниште) — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид, во непосредна близина на манастирот Свети Наум.

Љубаништа

Поглед на селото Љубаништа

Љубаништа во рамките на Македонија
Љубаништа
Местоположба на Љубаништа во Македонија
Љубаништа на карта

Карта

Координати 40°55′0″N 20°46′59″E / 40.91667° СГШ; 20.78306° ИГД / 40.91667; 20.78306
Регион  Југозападен
Општина  Охрид
Област Охридско
Население 145 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6322
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19028
Надм. вис. 800 м
Љубаништа на општинската карта

Атарот на Љубаништа во рамките на општината
Љубаништа на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото Љубаништа

Ова село се наоѓа во Охридско, во најјужниот дел на територијата на Општина Охрид, недалеку од брегот на Охридското Езеро, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Ресен и со државната гранична линија со Албанија.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Се наоѓа на патот Охрид-Свети Наум, а од градот е оддалечено 29 километри.[2]

Селото се наоѓа во најјужниот дел на областа, сместено во близина на познатиот манастир „Св. Наум“, покрај македонско-албанската граница. Во близина на селото се наоѓа устието на реката Черава, која дотекува од Албанија и се влева во Охридското Езеро. На планинската падина јужно од селото постои изворот Чочков Извор, од кој во 1975 година бил спроведен водовод во селото. Покрај селото се наоѓаат и изворите на Дрим.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Војтина, Пропас, Канџа, Присој, Корија, Рајца, Оскоруша и Лагот.[3]

Селото е од збиен тип. Поделено е на следниве маала: Булески, Аврамоски, Наумоски, Спировски и други.[3]

Селото Љубаништа се наоѓа на југоисточниот брег на Охридското Езеро, во непосредна близина на границата со Албанија (2 километри). Селото е оддалечено 29 километри јужно од градот Охрид, а 12 километри источно од градот Поградец, преку македонско-албанскиот граничен премин. Соседни села се Трпејца на север (во Македонија) и Тушемиште на запад (во Албанија).

Историја

уреди

Љубаништа е стара населба, што може да се увиди на селските гробишта, каде се забележуваат гробови и од средниот век. Првпат се споменува во 1582 година, кога тука живееле 70 христијански домаќинства.[3]

Постои предание дека за време на османлиското ропство селото било чифлиг на познатиот Џеладин-бег од Охрид. Бегот подоцна го поклонил селото на манастирот „Св. Наум“, а жителите ја обработувале манастирската земја како исполџии. Покрај нивите, на манастирот припаѓала и шумата на Галичица.[3]

Во XIX век, Љубаништа било село во Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди
 
Плажата во автокампот „Љубаништа“

Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 38,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.528 хектари, на пасиштата отпаѓаат 817 хектари, а обработливото земјиште 295 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција, која сепак во поново време се заменува со рекреативно-туристичка функција.[2]

По Втората светска војна, по одземањето на манастирската земја од страна на државата, било основано земјоделското друштво „Горица“ со седиште во Охрид. На подрачјето на селото се одгледувала винова лоза и имало овоштарници со јаболка.[3]

Селаните никогаш не се занимавале со риболов, иако селото е сместено во непосредна близина на езерото. Порано чувале стока, но денес сточарството е целосно напуштено.[3]

Во месноста Рајца, веднаш покрај езерото, бил подигнат автокамп. Исто така, во селото биле изградени и многу вили за туристички цели.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948700—    
1953497−29.0%
1961455−8.5%
1971348−23.5%
1981324−6.9%
ГодинаНас.±%
1991196−39.5%
1994185−5.6%
2002171−7.6%
2021145−15.2%

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 45 домаќинства и 125 жители.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Љубаништа живееле 350 жители, сите Македонци.[5] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Љубаништа имало 360 жители, патријаршисти.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Љубанишча е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 45 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[8]

Љубаништа преминало од средно во мало село по големина. Така, во 1961 година селото броело 455 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 185 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Љубаништа живееле 171 жител, од кои 169 Македонци, 1 Турчин и 1 останат.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 145 жители, од кои 112 Македонци и 33 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 260 700 497 455 348 324 196 185 171 145
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

уреди

Љубаништа е македонско православно село, сите родови во селото се староседелски.[3]

Родови во Љубаништа се: Аврамовци (4 к.), Доневци (3 к.) и Јаневци (2 к.), како се мисли овие родови се староседелски. Од нив потекнуваат следните нивни гранки: Булевци (9 к.), Спировци (6 к.), Перовци (5 к.), Наумовци (5 к.), Пуљчевци (4 к.), Ристевци (1 к.), Трпевци (4 к.), Марковци (2 к.), Климовци (2 к.) и Ристевци (1 к.). Во ова село чести биле имињата Наум и Крстан.[3]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:[15]

  • Староседелци: Балабановци (23 к.), Доневци (8 к.), Поповци (5 к.), Марковци (5 к.), Копчевци (2 к.) и Аврамовци (2 к.).
  • Со непознато потекло: Тутуневци (5 к.).
  • Доселеници: Пулчевци (7 к.), доселени се од некое село во Дебрца, кај Сини Вирови; Поповци (5 к.), доселени се на почетокот од XIX век од селото Лескоец во Преспа; Булевци (6 к.), доселени се околу 1860 година од селото Лактиње во Дебрца; Цапаровци (1 к.), доселени се околу 1865 година од селото Цапари кај Битола; Качаровци или Иловци (1 к.), доселени се во 1925 година од селото Пискупија кај Поградец; Крстевци или Журковци (2 к.), доселени се во 1908 година од маалото Колибарци кај манастирот „Св Наум“; Ристовци (3 к.), доселени се во XIX век од Билишта во Албанија. Живееле во маалото Колибарци; Јосиф Бачо (1 к.), и тие живееле во маалото Колибарци, а биле доселени во 1904 година од Мокра во Албанија; Чолаковци или Трајчевци (1 к.), живееле во маалото Колибарци.

Општествени установи

уреди
 
Поранешен дом на културата
  • Поранешно основно училиште
  • Поранешен дом на културата
  • Поранешна пошта
  • Амбуланта

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Елшани, се наоѓале и селата Велгошти, Велестово, Лескоец, Љубаништа, Коњско, Пештани, Рамне, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина, во која влегувале селата Љубаништа и Трпејца

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1291 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на домот на културата.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 154 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Поглед на главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[19]
Манастири
  • Свети Наум — средновековен манастир, сместен во атарот на селото
Споменици

Личности

уреди

Борци во НОБ

уреди

Како борци во НОБ од селото Љубаништа биле следниве:[20]

Дејци на ВМОРО

уреди

Иселеништво

уреди

Се знае за следните иселени родови од селото: Аврамовци (12 к.), живеат во Мешеишта и Иљовци (30 к.), живеат во Мороишта.[3]

По Втората светска војна, од селото се иселил голем број од населението, главно во градот Охрид.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 184. Посетено на 10 јануари 2020.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, с.252
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јануари 2020.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Русиќ, Бранислав. Охридско Поле. Архивски фонд на МАНУ АЕ 87/1.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 10 јануари 2020.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-11-17. Посетено на 10 јануари 2020.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976.
  21. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди