Мити Тасески
Мити Јованов Тасески (8 август 1922 во Љубаништа, охридско — 13 април 1945 во Винковци, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиМити Јованов Тасески е роден на 8 август 1922 година. Симпатизер е на движењето уште од 1941 година. Доброволно стапува во Првата македонско-косовска ударна бригада на 28 април 1944 година. Во составот на Првата македонска ударна бригада загинува на Сремскиот Фронт, на позиција кај Винковци на 13 април 1945 година.[1]