Бучила (Љубаништа)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Бучила

Карта

Местоположба 40°54′40″N 20°44′10″E / 40.91111° СГШ; 20.73611° ИГД / 40.91111; 20.73611
Основни податоци
Место Љубаништа
Општина Охрид
Тип

 населба  некропола


Период неолитско време
римско време
Портал „Археологија“

Бучилаархеолошко наоѓалиште во охридското село Љубаништа. Претставува населба од неолитот и некропола од римско време.

Југозападно од манастирскиот комплекс „Св. Наум“, во непосредната близина на албанската караула, во просторот на воениот камп, и на околу 20 м јужно од новата караула на АРМ е откриен ѕид од објект, а покрај него гробови градени од покрупни камења, со насоченост исток-запад. Од овој дел на наоѓалиштето потекнува надгробен споменик — база од мермер со старогрчки натпис. Исто така, во непосредната близина биле откриени гробови без гробни конструкции и во нив најдени железни копја и керамички садови. Во близината на езерскиот брег се најдени фрагменти од неолитска керамика и орудија од камен и кремен (ножиња и стругалки).[1]

Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 251. ISBN 9989-649-28-6.