Љубан
Љубан или Либан (грчки: Σκαλωτή, Скалоти[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Љубан Σκαλωτή | |
---|---|
Координати: 41°25′N 24°16′E / 41.417° СГШ; 24.267° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Драма |
Општ. единица | Осеница |
Надм. вис. | 940 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 102 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 48 километри северно од градот Драма, на надморска височина од 940 метри.
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Љубан се состоел од 70 семејства и 180 жители македонски муслимани[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 400 македонски муслимани[5].
Грција
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 609 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 423 луѓе[6].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Демографија
уредиВо 1928 година во селото биле населени 26 грчки бегалски семејства со вкупно 125 луѓе[6]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 125 лица, додека во 1940 година селото броело 276 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 179 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 219 жители, во 1971 година имало 77 жители, во 1981 година имало 60 жители, додека во 1991 година имало 131 жител[6]. На поисот од 2001 година се забележани 84 жители, за во 2011 година да се накачат на 102 24 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 276 | 179 | 219 | 77 | 60 | 131 | 84 | 102 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Σκαλωτή
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 132-133.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 196.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 42.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.