Јелена Јованова
Јелена Јованова Периќ (Бања Лука, 21 октомври 1984) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Таа е една од најталентираните и најнаградувани македонски глумици од помладата генерација.
Јелена Јованова Периќ | ||
Родена | 21 октомври 1984 Бања Лука, СР Босна и Херцеговина, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Народност | Македонка | |
Позната | по улогите во: Преспав На терапија | |
Занимање | глумица | |
Сопружник | Стјепан Периќ | |
Деца | 2 |
Биографија
уредиРани години и образование
уредиЈелена Јованова е родена во Бања Лука на 21 октомври 1984 година. Нејзиниот татко е Македонец од Штип, а мајка ѝ е Србинка од Приедор. Таа има постар брат кој работи како новинар. Нејзините родители се запознале и долго време пред нејзиното раѓање живееле во Загреб, каде што е роден нејзиниот брат, но подоцна решиле да се преселат во Штип. Покажала големи склоности кон уметноста уште на рани години, а започнала со глума во средношколските денови.[1]
Во 2002 година ја добила наградата за надежен млад глумец во Македонија на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани за улогата на Кристина во „Дупло дно“ од Горан Стефановски. Се запишала на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што дипломирала на отсекот за глумечка игра во класата на професорот Владо Цветановски во 2007 година.[2]
Театарска кариера
уредиЈелена првите театарски улоги ги добила уште како студент, а во тој период особено се прославила како Бисера во „Демонот од Дебар маало“ од Горан Стефановски.[3] Оттогаш, одиграла бројни улоги во театарски претстави поставени во Народниот театар во Штип, Драмскиот театар во Скопје и Македонскиот народен театар.[1] Меѓу позначајните се издвојуваат оние на Хани во „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“ од Едвард Олби;[4][5] на Хасанагница во театарската адаптација од Љубомир Симовиќ на истоимената епска песна;[6] како и на Рокси Харт во мјузиклот „Чикаго“ од Фред Еб и Боб Фоси,[7] којшто го означил враќањето на овој жанр на театарското поприште во Македонија.[8] Од 2009 година работи во Македонскиот народен театар.[2]
Филм и телевизија
уредиВо филмската уметност, Јелена се пробила со улогата на Јасмина во ирскиот филм номиниран за Оскар за најдобар странски филм „Како да ме нема“ во режија на Хуанита Вилсон од 2010 година,[9] а веќе следната година ја добила улогата на Есма во режисерскиот првенец на Анџелина Џоли „Во земјата на крвта и медот“ и со тоа станала најмлада глумица од Македонија која настапила во холивудски филм.[1] Подоцна, се појавила во главната улога на Јована во првиот македонски филмски мјузикл „Црно и бело“,[10] го толкувала ликот на Вера во шпанскиот филм „El desentierro“,[11] а во ликот на Светлана глумела во српскиот детски филм „Ловци на вештерки“.[12]
Телевизиската кариера ја започнала со надсинхронизација на цртани филмови, телевизиски и радиски реклами.[2] Во периодот од 2008 до 2012 година била водителка на телевизиската емисија за автомобили „Високи Октани“. Во 2013 година зела учество во првата сезона од македонското издание на реалното шоу „Танц со ѕвездите“, каде што настапила заедно со Христијан Димитровски.[13] Претстојниот период го посветила на глума во телевизиски серии. На самите почетоци ја добила главната улога на Марина во хрватската серија „Тајни“.[14] Потоа, преку ликот на Милена се појавила и во првата македонска серија снимена според странска лиценца „На терапија“.[15] Особена популарност стекнала со улогата на Јелена во македонската ситуациска комедија „Преспав“.[16]
Остварила учество на филмските фестивали во Сараево, Торонто и Каиро, како и на работилници со театарските работници Ненси Бишоп, Леон Лучев и Александра Кочова.[2]
Личен живот
уредиВо брак е со хрватскиот глумец Стјепан Периќ од 2015 година, со кого се запознала за време на снимањето на серијата „Тајни“.[17] Со него има два сина — Јаков, роден во јуни 2020 година,[18] и Тома, роден во септември 2024 година.[19] Живее во Загреб и работи во Скопје, па постојано е на релација меѓу Хрватска и Македонија.[20]
Театрографија
уреди- Меги — „Сцени од животот“ од Овен мек Каферти, р. Филип ле Моан, МНТ, 2004;
- Мери — „Лекција“ од Ежен Јонеско, р. Перо Данилов, Народен театар - Штип, 2005;
- Дулчинеа — „Дон Кихот“ од Мигел де Сервантес, р. Дејан Пројковски, Народен театар - Штип, 2005;
- Филомена — „Метаморфозис“ од Публиј Овидиj Назон, р. Миха Голоб, Народен театар - Штип, 2005;
- Бледа — „Збогум Јудо“ од Иренеуш Иридињски, р. Љубиша Георгиевски, Народен театар - Штип, 2006;
- Бисера — „Демонот од Дебар маало“ од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје, 2006;
- Јулија — „Госпоѓица Јулија“ од Август Стриндберг, р. Јован Ристовски, Народен театар - Штип, 2006;
- Дебора — „Сексуални перверзии во Чикаго“ од Давид Мамет, р. Нела Витошевиќ, Драмски театар - Скопје, 2007;
- Марица — „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, р. Синиша Евтимов, МНТ, 2007;
- Елена — „Големите очекувања“ од Ана Ристоска, р. Јован Ристовски, МНТ ,2007;
- Пациент — „Мара/Сад“ од Петер Вајс, р. Васил Христов, МНТ, 2008;
- Петруњела — „Дундо Марое“ од Марин Држиќ, р. Драгана Милошевска-Попова, Дубровнички летни игри, 2008;
- Магда — „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2008;
- Анка — „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, р. Наташа Поплавска, Македонски народен театар, 2009;
- Елена — „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2010;
- Марија — „Тупаница полна со љубов“ од Дејан Дуковски, р. Санди Лопичиќ, МНТ и Берлински фестивал за посебни музички претстави „Open Op“, 2010;
- Евдокија — „Буре барут“ од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 2010;
- Алекс — „Темпирана опера“ од Бертолт Брехт и Ентони Барџис, р. Васил Христов, МНТ, 2010;
- Ајрон — „Класен непријател“ од Вилијамс Најдал, р. Васил Христов, Вондерленд театар, 2011;
- Милена — „Семејни приказни“ од Србљановиќ, р. Ивана Ангеловска, Вондерленд театар, 2011;
- Хани — „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ од Едвард Олби, р. Синиша Евтимов, МНТ, 2012;
- Хасанагиница — „Хасанагиница“ од Љубомир Симовиќ, р. Драгана Милошевска-Попова, Народен театар - Штип, 2012;
- „Декамерон“ од Џовани Бокачо, р. Боњо Лунгов, МНТ и Театар за деца и младинци - Скопје, 2012;
- Рокси Харт — „Чикаго“ од Фред Еб и Боб Фос, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2015.
Филмографија
уредиГодина | Филм | Улога |
2006 | Тајната книга ТВ-филм | Гласот |
2009 | Мојот живот ТВ-филм | Таа |
2010 | Како да ме нема ТВ-филм | Јасмина |
2011 | Во земјата на крвта и медот ТВ-филм | Есма |
2012 | Скопје ремикс ТВ-филм | Паган |
2012 | Трето полувреме ТВ-филм | Еврејска мајка |
2013-2014 | Тајни ТВ-серија | Марина |
2015 | Скора ТВ-филм | Миш |
2015 | Кај пукнало да пукте ТВ-серија | Надалија |
2016 | Дете ТВ-филм | Мајка |
2016 | Устав на Република Хрватска ТВ-филм | Полицајка |
2016-2023 | Преспав ТВ-серија | Јелена |
2017 | Инсајдер ТВ-серија | Милена |
2017 | Железната приказна ТВ-филм | Надире |
2018 | Ловци и вештерки ТВ-филм | Светлана |
2018 | Црно и бело ТВ-филм | Јована |
2018 | Еј ТВ-филм | Бани |
2019 | Помеѓу нас ТВ-филм | Леона |
2019 | Врба ТВ-филм | Мелина |
2019 | Фамилија Марковски ТВ-серија | Ели |
2020 | Хомо ТВ-филм | Јулија |
2022 | Еден тон сладолед ТВ-филм | Ева |
2023 | Нешто слатко ТВ-филм | Каја |
Награди
уреди- Награда за надежен млад глумец на Драмскиот аматерски фестивал во 2002 година;
- Награда за најпопуларна глумица за 2010 година на Златна бубамара на популарноста;
- Награда за глумица за 2016 година на Златна бубамара на популарноста;
- Признание „8 Ноември“ за 2018 година за постигнување во сферата на културата и развојот на театарската и филмската уметност;
- Награда за најдобра глумица на Story Awards во 2019 година;
- Награда за ТВ-глумица за 2019 година на Златна бубамара на популарноста.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Jelena Jovanova - Biography. Семрежна филмска база на податоци.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Јелена Јованова Архивирано на 10 јуни 2020 г.“. Македонски народен театар.
- ↑ З., Ц.. „Смеа и тага за Демонот од Дебар маало Архивирано на 5 август 2020 г.“. Институт за театрологија. 27 ноември 2006.
- ↑ „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“. МНТ.
- ↑ Ј., Љ.. „Кој се плаши од Вирџинија Вулф? во МНТ“. Радио Слободна Европа. 14 март 2012.
- ↑ Ј., Љ.. „„Хасанагиница“ го возбуди градот под Исарот“. Радио Слободна Европа. 31 мај 2012.
- ↑ „Чикаго“. МНТ.
- ↑ „„Чикаго“ го враќа мјузиклот како жанр на сцената на Македонскиот народен театар Архивирано на 5 јуни 2020 г.“. МКД. 29 декември 2015.
- ↑ C., D.. „As if I'm not there“. The Irish Times. 4 март 2011.
- ↑ „Премиера на првиот македонски мјузикл на 18 јуни во кино „Фросина““. Макфакс. 15 јуни 2019.
- ↑ Ѓ., С.. „Глумицата Јелена Јованова ќе ја толкува главната улога во шпански филм“. Факултети. 16 септември 2017.
- ↑ Ѓ., С.. „Јелена Јованова премиерно во детскиот филм „Ловци на вештерки“ од вечерва во „Синеплекс““. Факултети. 17 октомври 2018.
- ↑ „Јелена Јованова: Балансот на техниката за танц со водство на страста е гаранција за успех! Архивирано на 5 јуни 2020 г.“. МКД. 24 јануари 2013.
- ↑ „Јелена Јованова е главен лик во нова хрватска серија Архивирано на 14 август 2020 г.“. МКД. 24 јуни 2013.
- ↑ „Терапија на ТВ, со новата серија „На терапија“ Архивирано на 24 август 2020 г.“. МКД. 29 јули 2017.
- ↑ „Се снима четвртата сезона од „Преспав“ – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија“. Независен. 25 октомври 2019.
- ↑ „Македонската глумица се омажи во Загреб Архивирано на 8 јуни 2020 г.“. Прес24. 11 ноември 2015.
- ↑ „Глумицата Јелена Јованова стана мајка, се роди Јаков[мртва врска]“. ММС. 10 јуни 2020.
- ↑ „Актерката Јелена Јованова по втор пат стана мајка, се роди Тома“. ММС. 17 јануари 2024.
- ↑ Т., К.. ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА „НА ТЕРАПИЈА“: Може ако почнам прва, ќе се помрднат работите. Stylist.mk. 19 септември 2017.
Надворешни врски
уреди- Јелена Јованова на Семрежната филмска база на податоци (англиски)