Променлива ѕвезда од типот на Бета Кефеј

вид променлива ѕвезда

Променлива ѕвезда од типот на Бета Кефеј (бета-кефеида) или ѕвезда од типот на Бета Големо Куче — вид променливи ѕвезди кои покажуваат мали брзи промени во нивната сјајност поради пулсирањата на нивната површина, што се должи на наобичните својства на железото при температура од 200.000 K во нивната внатрешност. Ваквите ѕвезди обично се врели и синобели од спектралната класа B, и не треба да се мешаат со кефеидите, кои се наречени по ѕвездата Делта Кефеј и се сјајни суперџинови.

Својства

уреди

Бета-кефеидите се ѕвезди на главната низа со маса од 7 до 20 M  (т.е. маса 7–20 пати поголема од Сончевата). Меѓу нив се некои од најсјајните ѕвезди на небото, како што се Бета Јужен Крст и Бета Кентаур; Спика исто така се смета за бета-кефеида, но престанала да пулсира во 1970 г. од необјасниви причини.[1] Обично сјајноста им се колеба од 0,01 до 0,3 величини во период од 0,1 до 0,3 дена (2,4–7,2 часа).[1] Прототипната Бета Кефеј (β Cep) покажува колебање на привидната величина од +3,16 до +3,27 со период од 4,57 часа. Најголемата сјајност ја достигнува кога е најмала и најврела. Најголем замав во сјајноста (до 1 величина) имаат на ултравиолетови бранови должини.[2] Кај мал број на ѕвезди е забележан период покус од еден час, што одговара на 14 од фундаменталниот периодот на радијално пулсирање и 38 од фундаменталниот период. Овие ѕвезди исто така имаат и релативно мали замави и мошне тесен опсег на спектрални типови B2-3 IV-V. Тие се нарекуваат краткопериодна група со акронимот BCEPS.[3][4]

Пулсирањето на бета-кефеидите се дело на капа-механизмот и пулсирањата на p-начин. На длабочина каде температурата достигнува 200.000 K, ѕвездата изобилува со железо. При овие температури, железото има зголемена (наместо намалена) непровидност, поради што доаѓа до насобирање на енергија во тој слој. Ова води до зголемен притисок кој повторно го истуркува слојот нанадвор, и циклусот се повторува во рок од неколку часа. Ова се нарекува Fe-туркање или Z-туркање (Z ја означува металичноста на ѕвездата).[5] Сличните бавнопулсирачки B-ѕвезди покажуваат пулсирања на g-начин водени од истите промени во непровидноста на железото, но тука ѕвездите се со помала маса, а периодите се подолги.[6]

Историја на набљудување

уреди

Американскиот астроном Едвин Брент Фрост ги открил колебањата во радијалната брзина на Бета Кефеј во 1902 г., првично заклучувајќи дека се работи за спектроскопска двојка. Колебањата во сјајноста прв ги открил германскиот астроном Паул Гутник во 1913 г.[7] Наскоро ваквата колебливост била забележана и кај Бета Големо Куче и Сигма Скорпија,[2] Весто Слајфер во 1904 г. забележал дека радијалната брзина на Сигма Скорпија се колеба, а Р.Д. Леви (1952) и Ото Струве (1955) потоа заклучиле дека ова мора да се должи на нејзиното пулсирање.[8] Овие ѕвезди почнале да се нарекуваат променливи од типот на Бета Големо Куче бидејќи таа ѕвезда била најтемелно проучена во првата половина на XX век, иако набљудувањата биле отежнати од фактот што се наоѓа ниско јужното небо.[9] Меѓутоа, Бета Кефеј бил првиот откриен член на класата и затоа денес ваквите ѕвезди се нарекуваат бета-кефеиди, иако носат слично име на кефеидите и можат да бидат помешани со нив.[2]

Сесилија Пејн-Гапошкин и Сергеј Гапошкин завеле 17 веројатни членови на класата во нивното дело Променливи ѕвезди од 1938 г., иако тие ги ставиле заедно во со променливите од типот на Делта Штит.[10] Доста проучувана пред 1952 г. била и ѕвездата 16 Гуштер.[9] Бројот на познати членови се накачил на 41 во 1966 г.[11] Ото Струве доста темелно ги проучувал бета-кефеидите во 1950-тите, но посветеноста на нив опаднала по неговата смрт.[2]

Христијан Л. Стеркен и Миколај Јежикевич во 1993 г. завеле 59 како конечни, и уште 79 како претпоставени бета-кефеиди.[12] Станков завел 93 члена во неговиот каталог од 2005 г. и додал уште 77 кандидати и 61 слаби или отфрлени ѕвезди.[13] Кај шест ѕвезди (Јота Херкул, 53 Риби, Ни Еридан, Гама Пегаз, HD 13745 (V354 Персеј) и 53 Овен) е утврдена променливост на бета-кефеиди, а воедно и на бавнопулсирачки B-ѕвезди.[14]

Список на бета-кефеиди

уреди
Име Соѕвездие Откриена Најголема привидна величина (mV)[15] Најмала привидна величина (mV)[15] Период (часови)[13] Спектрална класа[13] Забелешка
β CMa Големо Куче 1909 (Вилијам Волес Кемпбел[16]) 1св,93 2св,00 6.031 B1II-III пулсирање од 6,03, 6,00 и 4,74 часа[17]
ξ1 CMa Големо Куче [18] 4св,33 4св,36 5.030 B0.5IV  
15 CMa Големо Куче [18] 4св,79 4св,84 4.429 B1III-IV  
V376 Car[19] Кобилица 4св,91 4св,96 0.4992 B2IV-V BCEPS-ѕвезда
V372 Car Кобилица [20] 5св,70 2.78 B2III  
β Cen Кентаур 0св,61 3.768[12] B1II  
ε Cen Кентаур 2св,29 2св,31 4.070 B1V  
κ Cen Кентаур 3св,13 3св,14 2.288 B2IV  
χ Cen[19] Кентаур 4св,40[13] 0.84 B2V BCEPS-ѕвезда
β Cep Кефеј 1902 (Едвин Брент Фрост)[21] 3св,16 3св,27 4.572 B2IIIe прототипна
δ Cet Кит [18] 4св,05 4св,1 3.867 B2IV  
β Cru Јужен Крст 1св,23 1св,31 4.589 B0.5IV  
δ Cru[15][22] Јужен Крст 2св,78 2св,84 3.625 B2IV
ω1 Cyg Лебед 4св,94 B2.5IV потврдена со високоразделна спектроскопија[22]
ν Eri Еридан 3св,87 4св,01 4.164 B2III повеќепериодична; воедно и бавнопулсирачка B-ѕвезда
12 Lac Гуштер 5св,16 5св,28 4.634 B1.5III воедно и бавнопулсирачка B-ѕвезда
16 Lac Гуштер 5св,30 (B) 5св,52 (B) 4.109 B2IV  
α Lup Волк 1956 (Бернард Пагел)[23] 2св,29 2св,34 6.235 B1.5III  
δ Lup[13] Волк 3св,20 3св,24 3.972 B2IV  
ε Lup[24] Волк 3св,36 3св,38 2.316 B2IV + B3V троен систем; главната е спектроскопска двојка
ι Lup[25] Волк 3св,54 3св,3.55 B2.5IV не се заведува како BCEP од 1997 г. наваму
τ1 Lup[13] Волк 4св,54 4св,58 4.257 B2IV  
19 Mon Еднорог 4св,96 5св,01 4.589 B1IV-Vea  
α Mus[15] Мува 2св,68 2св,73 2.167 B2IV-V првично сомнителна, потврдена со високоразделна спектроскопија[22]
θ Oph Змијоносец 3св,25 3св,31 3.373 B2IV  
η Ori Орион 3св,31 3св,35 7.247 B0.5Vea + B3V четвороѕвезда; воедно и алголска променлива; составницата Ab е пулсирачката ѕвезда
γ Peg Пеаз 1953 (Д. Харолд Мекнамара) 2св,78 2св,89 3.643 B2IV воедно и бавнопулсирачка B-ѕвезда
ε Per Персеј 2св,88 3св,00 3.847 B0.5V  
PT Pup Крма [13] 5св,72 5св,74 3.908 B2III  
λ Sco Скорпија 1св,59 1св,65 5.129 B1.5IV + PMS + B2IV троен систем; воедно и алголска променлива
κ Sco Скорпија 2св,41 2св,42 4.795 B1.5III  
σ Sco Скорпија 1904 (Весто Слајфер) 2св,86 2св,94 5.923 B1III четирикратен систем
Спика Девица 0св,85 1св,05 6.520 B1IV сјајноста престанала да се колеба во 1970 г.[26]
BW Vul Лисица 6св,44 6св,68 4.8 B2IIIv бета-кефеида со најголема промена во радијалната брзина

Список на поранешни, отфрлени или кандидатни бета-кефеиди

уреди
Име Соѕвездие Откриена Најголема привидна величина (mV)[15] Најмала привидна величина (mV)[15] Период (часови)[13] Спектрална класа[13] Забелешка
ι CMa Големо Куче 4м,36 4м,40 33.6[15] B3Ib/II не се смета за β Cep-променлива[13][27]
FN CMa[28] Големо Куче 5м,38 5м,42 36.7[29] B0.5IV повеќе не се смета за β Cep-променлива[13]
χ Car[30] Кобилица 3м,46 2.42 B2IV не се смета за β Cep-променлива[13]
V343 Car Кобилица 4м,30[13] 57.11 B1.5III не се смета за β Cep-променлива[13]
ζ Cha[25] Камелеон 5м,06 5м,17 25.91[25] B5V се смета за SBP[20]
λ Cru Јужен Крст 4м,60 4м,64 9.482[15] B4Vne не се смета за β Cep-променлива[13]
θ2 Cru Јужен Крст 4м,70 4м,74 2.134[15] B2IV не се смета за β Cep-променлива[13]
25 Cyg Лебед 5м,09[31] 5м,21[31] 5.04[32] B3IVe γ Cas-променлива, не се смета за β Cep-променлива[13]
ι Her Херкул 2м,93 B3IV повеќе не се смета за бета-кефеида[13]
η Hya Водна Змија 4м,27 4м,33 ~4[30] B3V повеќе не се смета за бета-кефеида[13]
NW Pup Крма 5м,04 5м,18 3.00 B3Vea воедно и втречка елипсоидна променлива, не се смета за β Cep-променлива[13]
α Pyx[18] Компас 3м,67 3м,70 B1.5III кандидат за бета-кефеида
Меропа Бик 4м,17 4м,19 B6IVe B(e)-ѕвезда, не е бета-кефеида[13]
IS Vel[15] Едро 5м,23 2.592 B1IVn кандидат за бета-кефеида[13]
HR 3440
(HW Vel)[15]
Едро 5м,46 5м,52 6.275 B6V кандидат за бета-кефеида[13]
2 Vul Лисица 5м,36 5м,48 14.63 O8IV-B0.5IVeV B(e)-ѕвезда, не е бета-кефеида[13]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 BSJ (16 јули 2010). „The Beta Cephei Stars and Their Relatives“. Variable Star of the Season. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 2 август 2015.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Lesh, Janet Roundtree; Aizenman, Morris L. (1978). „The Observational Status of the β Cephei Stars“. Annual Review of Astronomy and Astrophysics. 16: 215–240. Bibcode:1978ARA&A..16..215L. doi:10.1146/annurev.aa.16.090178.001243.
  3. Bezdenezhnyi, V. P. (2001). „On the Periods of the β Cephei Stars“. Odessa Astronomical Publications. 14: 118. Bibcode:2001OAP....14..118B.
  4. Good, Gerry A. (2003). „Pulsating Variable Stars“. Observing Variable Stars. стр. 57–95. doi:10.1007/978-1-4471-0055-3_4. ISBN 978-1-85233-498-7.
  5. LeBlanc, Francis (2010). An Introduction to Stellar Astrophysics. John Wiley and Sons. стр. 196. ISBN 978-0-470-69957-7.
  6. Miglio, A. (2007). „Revised instability domains of SPB and β Cephei stars“. Communications in Asteroseismology. 151: 48–56. arXiv:0706.3632. Bibcode:2007CoAst.151...48M. doi:10.1553/cia151s48. ISSN 1021-2043. S2CID 16623201.
  7. Guthnick, P. (1913). „Nachweis der Veränderlichkeit des kurzperiodischen spektroskopischen Doppelsternsβ Cephei mittels photoelektrischer Messungen“. Astronomische Nachrichten. 196 (26): 357–364. Bibcode:1913AN....196..357G. doi:10.1002/asna.19131962602. ISSN 0004-6337.
  8. Tkachenko, A.; Aerts, C.; Pavlovski, K.; Degroote, P.; Papics, P. I.; Moravveji, E.; Lehmann, H.; Kolbas, V.; Clemer, K. (2014). „Modelling of Scorpii, a high-mass binary with a Cep variable primary component“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 442 (1): 616–628. arXiv:1405.0924. Bibcode:2014MNRAS.442..616T. doi:10.1093/mnras/stu885.
  9. 9,0 9,1 Struve, Otto (1952). „The present state of our knowledge of the β Canis Majoris or β Cephei Stars“. Annales d'Astrophysique. 15: 157. Bibcode:1952AnAp...15..157S.
  10. Payne-Gaposchkin, Cecilia; Gaposchkin, Sergei (1938). „Variable stars“. Cambridge. 5. Bibcode:1938HarMo...5.....P. Reprinted in Payne-Gaposchkin, Cecilia; Gaposchkin, Sergei (1942). „On the Dimensions and Constitution of Variable Stars“. Proc. Natl. Acad. Sci. U.S.A. 28 (11): 490–5. Bibcode:1942PNAS...28..490P. doi:10.1073/pnas.28.11.490. PMC 1078523. PMID 16578062.
  11. Percy, John R. (1967). „The Beta Cephei Stars“. Journal of the Royal Astronomical Society of Canada. 61: 117. Bibcode:1967JRASC..61..117P.
  12. 12,0 12,1 Sterken, Christiaan; Jerzykiewicz, Mikolaj (1993). „Beta Cephei stars from a photometric point of view“. Space Science Reviews. 62 (1–2): 95–171. Bibcode:1993SSRv...62...95S. doi:10.1007/bf00208707. ISSN 0038-6308. S2CID 122300362.
  13. 13,00 13,01 13,02 13,03 13,04 13,05 13,06 13,07 13,08 13,09 13,10 13,11 13,12 13,13 13,14 13,15 13,16 13,17 13,18 13,19 13,20 13,21 13,22 13,23 Stankov, Anamarija; Handler, Gerald (2005). „Catalog of Galactic β Cephei Stars“. The Astrophysical Journal Supplement Series. 158 (2): 193–216. arXiv:astro-ph/0506495. Bibcode:2005ApJS..158..193S. doi:10.1086/429408. ISSN 0067-0049. S2CID 119526948.
  14. de Cat, P. (2007). „Observational Asteroseismology of slowly pulsating B stars“. Communications in Asteroseismology. 150: 167–74. Bibcode:2007CoAst.150..167D. doi:10.1553/cia150s167.
  15. 15,00 15,01 15,02 15,03 15,04 15,05 15,06 15,07 15,08 15,09 15,10 Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007–2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/GCVS. Originally Published in: 2009yCat....102025S. 1: 02025. Bibcode:2009yCat....102025S.
  16. Campbell, W. W. (1909). „Eleven stars having variable radial velocities“. The Astrophysical Journal. 29: 224. Bibcode:1909ApJ....29..224C. doi:10.1086/141644. ISSN 0004-637X.
  17. Mazumdar, A.; и др. (ноември 2006), „An asteroseismic study of the β Cephei star β Canis Majoris“, Astronomy and Astrophysics, 459 (2): 589–596, arXiv:astro-ph/0607261, Bibcode:2006A&A...459..589M, doi:10.1051/0004-6361:20064980, S2CID 11807580
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 Hubrig, S.; и др. (јануари 2009). „New magnetic field measurements of beta Cephei stars and Slowly Pulsating B stars“. 0901: 3319. arXiv:0901.3319. Bibcode:2009arXiv0901.3319H. Наводот journal бара |journal= (help)
  19. 19,0 19,1 Jakate, S. M. (1979). „A new class of early-type ultra-short-period variables“. The Astronomical Journal. 84: 1042. Bibcode:1979AJ.....84.1042J. doi:10.1086/112510. ISSN 0004-6256.
  20. 20,0 20,1 Dubath, P.; Rimoldini, L.; Süveges, M.; Blomme, J.; López, M.; Sarro, L. M.; De Ridder, J.; Cuypers, J.; Guy, L.; Lecoeur, I.; Nienartowicz, K.; Jan, A.; Beck, M.; Mowlavi, N.; De Cat, P.; Lebzelter, T.; Eyer, L. (2011). „Random forest automated supervised classification of Hipparcos periodic variable stars“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 414 (3): 2602–17. arXiv:1101.2406. Bibcode:2011MNRAS.414.2602D. doi:10.1111/j.1365-2966.2011.18575.x. S2CID 118560311.
  21. Lesh, Janet Roundtree; Aizenman, Morris L. (1978). „The Observational Status of the β Cephei Stars“. Annual Review of Astronomy and Astrophysics. 16 (1): 215–240. Bibcode:1978ARA&A..16..215L. doi:10.1146/annurev.aa.16.090178.001243. ISSN 0066-4146.
  22. 22,0 22,1 22,2 Telting, J. H.; Schrijvers, C.; Ilyin, I. V.; Uytterhoeven, K.; De Ridder, J.; Aerts, C.; Henrichs, H. F. (2006). „A high-resolution spectroscopy survey of β Cephei pulsations in bright stars“. Astronomy and Astrophysics. 452 (3): 945–953. Bibcode:2006A&A...452..945T. doi:10.1051/0004-6361:20054730. ISSN 0004-6361.
  23. Pagel, B. E. J. (1956), „Results of a search for bright β Cephei variables in the southern sky“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 116: 10–24, Bibcode:1956MNRAS.116...10P, doi:10.1093/mnras/116.1.10
  24. Uytterhoeven, K.; и др. (септември 2005), „The orbit of the close spectroscopic binary epsilon Lup and the intrinsic variability of its early B-type components“, Astronomy and Astrophysics, 440 (1): 249–260, arXiv:astro-ph/0507376, Bibcode:2005A&A...440..249U, doi:10.1051/0004-6361:20053009, S2CID 16644667
  25. 25,0 25,1 25,2 ESA (1997). The HIPPARCOS and TYCHO catalogues. Astrometric and photometric star catalogues derived from the ESA HIPPARCOS Space Astrometry Mission. Esa Special Publication. 1200. Bibcode:1997ESASP1200.....E. ISBN 978-9290923992.
  26. Palate, M.; Koenigsberger, G.; Rauw, G.; Harrington, D.; Moreno, E. (2013). „Spectral modelling of theαVirginis (Spica) binary system“. Astronomy & Astrophysics. 556: A49. arXiv:1307.1970. Bibcode:2013A&A...556A..49P. doi:10.1051/0004-6361/201321909. ISSN 0004-6361. S2CID 53519054.
  27. Balona, L. A.; Engelbrecht, C. A. (1985). „Photometry and frequency analysis of line profile variables“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 214 (4): 559–574. Bibcode:1985MNRAS.214..559B. doi:10.1093/mnras/214.4.559.
  28. Hill, Graham (1967). „On Beta Cephei Stars: a Search for Beta Cephei Stars“. The Astrophysical Journal Supplement Series. 14: 263. Bibcode:1967ApJS...14..263H. doi:10.1086/190156. ISSN 0067-0049.
  29. Lefèvre, L.; Marchenko, S. V.; Moffat, A. F. J.; Acker, A. (2009). „A systematic study of variability among OB-stars based on HIPPARCOS photometry“. Astronomy and Astrophysics. 507 (2): 1141–1201. Bibcode:2009A&A...507.1141L. doi:10.1051/0004-6361/200912304. ISSN 0004-6361.
  30. 30,0 30,1 Elst, E. W. (1979). „Short Periodic Variation of One Northern and Five Southern Bright Early B-Type Stars“. Information Bulletin on Variable Stars. 1562: 1. Bibcode:1979IBVS.1562....1E.
  31. 31,0 31,1 Percy, J. R.; Harlow, J.; Hayhoe, K. A. W.; Ivans, I. I.; Lister, M.; Plume, R.; Rosebery, T.; Thompson, S.; Yeung, D. (1997). „Photometric Monitoring of Bright Be Stars. III. 1988–89 and 1992–95“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 109: 1215. Bibcode:1997PASP..109.1215P. doi:10.1086/133998. ISSN 0004-6280.
  32. Percy, J. R.; Jakate, S. M.; Matthews, J. M. (1981). „Short-period light variations in Be stars“. The Astronomical Journal. 86: 53. Bibcode:1981AJ.....86...53P. doi:10.1086/112855. ISSN 0004-6256.