Бета Големо Куче

ѕвезда во соѕвездието Големо Куче

Бета Големо Куче (β Canis Majoris, скратено Beta CMa, β CMa), исто така наречена Мирзам /ˈmɜːrzəm/[13]) — ѕвезда во јужното соѕвездие на Големо Куче, која се наоѓа на растојание од околу 500 светлосни години (150 парсеци) од Сонцето[1]. Во современото соѕвездие ѕвездата се наоѓа на положба на предната нога на кучето.

Бета Големо Куче
Diagram showing star positions and boundaries of the Canis Major constellation and its surroundings
Местоположба на β Големо Куче (заокружено)
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Големо Куче
Ректасцензија 06ч 22м &1000000000419853500000041,98535с[1]
Деклинација −17° 57′ &1000000000021307300000021,3073″[1]
Прив. величина (V) 1.985[2] (1.97 - 2.01[3])
Особености
Спектрален тип B1 II-III[4]
U−B Боен показател −0.99[2]
B−V Боен показател −0.235[2]
Променлив тип β Cep[5]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)+33.7[6] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: −3.23[1] млс/г
Дек.: −0.78[1] млс/г
Паралакса (π)6.62 ± 0.22[1] млс
Оддалеченост490 ± 20 сг
(151 ± 5 пс)
Апсолутна величина (MV)−4.1[7]
Податоци
Маса12+0,3
0,7
to 12,6+0,4
0,5
[8] M
Полупречник7,4+0,8
0,9
or 8,2+0,6
0,5
[8] R
Површ. грав. (log g)3,78 ± 0,08[8]
Сјајност25.700+3.800
3.300
[9] L
Температура24.700 ± 300[9] K
Вртење13,6 ± 1,2[8] days
Вртежна брзина (v sin i)31 ± 5[10] км/с
Други ознаки
Мирзам, Муржим, Мирза,[11] 2  Големо Куче, HR 2294, BD−17°1467, HD 44743, SAO 151428, FK5 243, HIP 30324, GC 8223, CCDM 06227-1757[12]
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

Номенклатура

уреди

Бета Големо Куче претставува бајерова ознака на ѕвездата. Традиционалните имиња Мирзам, ел-Мурзим или Мурзим, потекнуваат од арапското (مرزم) за „најава“ и веројатно се однесува на нејзината положба, најавувајќи (т.е. издигнување пред) ја Сириус на ноќното небо. Во 2016 година, Меѓународниот астрономски сојуз организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ)[14] за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. Првиот билтен на РГИЅ од јули 2016 година вклучувал табела со првите две серии на имиња одобрени од РГИЅ[15]; во кој бил вклучен и Мирзам.

На кинески, 軍市 што значи „Пазар за војници“, се однесува на астеризам кој се состои од β Големо Куче, Nu3 Големо Куче, 15 Големо Куче, Пи Големо Куче, Омикрон 1 Големо Куче и Xi1 Големо Куче.[16] Следствено, самата β Големо Куче е позната како 軍市一 или во превод на македонски: Првата ѕвезда од пазарот на војници.[11][17]

Данхуанговата вездена карта ја забележила β Големо Куче како Јеџи „Фазански петел“, иако се наоѓала на околу 10 степени предалеку северно од нејзината правилна позиција.[18]

Бета Големо Куче била наречена Оупо од народите во Туамоту. [19]

Својства

уреди
Циклуси на пулсирање[10]
Фреквенција
(ден −1 )
Амплитуда
(км/сек.−1 )
3,9793 2.7
3,9995 2.6
4.1832 0,7

Мирзам е променлива ѕвезда од типот на Бета Кефеј која варира во привидна величина помеѓу +1,97 и +2,01 во период од шест часа, промена во осветленоста која е премногу мала за да се забележи со голо око. Ја покажува оваа варијација во сјајноста поради периодичните пулсирања во нејзината надворешна обвивка, кои следат сложена шема со три различни циклуси; сите во должина од околу шест часа. Двете доминантни фреквенции на пулсирање имаат комбиниран период на отчукување од околу 50 денови. Најсилниот режим на пулсирање е радијален прв призвук, додека вториот е нерадијален.[10]

 
Светлосна крива за ѕвезда Бета Големо Куче, нацртана од податоците на Хипаркос[20]

Оваа ѕвезда има маса од околу 12-13 пати поголема од Сончевата маса со 7,4 или 8,2 пати поголема од Сончевиот полупречник.[8] Делотворната температура на надворешната обвивка на ѕвездата е околу 24.700 К[9], што е многу повисоко од Сонцето на 5.778 К. Енергијата емитирана на високата температура на првата е она што и дава на оваа ѕвезда синобела нијанса карактеристична за ѕвезда од типот Б.[21] Проценетата возраст на Мирзам е 12–14 милиони години,[8], што е доволно долго за ѕвезда со оваа маса да еволуирала во џиновска ѕвезда. Ѕвездената класификација на Б1 II-III покажува дека спектарот се совпаѓа со ѕвезда дел помеѓу џиновска ѕвезда и светлиот џин. Оваа ѕвезда има вртежен период од 13,6 денови и е наклонета 57.6 °.[8]

Бета Големо Куче се наоѓа блиску до крајниот крај на Месниот меур[22], шуплина во меснатамеѓуѕвездена средина низ која патува Сонцето. Се наоѓа во Мирзамовиот тунел, регион со помалку густа концентрација помеѓу ѕвездите и регионите HII што ги опкружуваат групите Ори OB1 и Вел OB2. Бета Големо Куче била најсветлата ѕвезда на ноќното небо пред околу четири милиони години, достигнувајќи го својот врв со привидна светлинска величина од -3,65, или повеќе од седум пати посветла од Сириус денес.[23]

Во културата

уреди

Мирзам се појавува на знамето на Бразил, симболизирајќи ја државата Амапа.[24]

<i id="mw2Q">Мурзим</i> (АК-95) бил товарен брод од класата Кратер на морнарицата на САД именуван по едно од алтернативните традиционални имиња на ѕвездата.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 van Leeuwen, F. (November 2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics, 474 (2): 653–664, arXiv:0708.1752, Bibcode:2007A&A...474..653V, doi:10.1051/0004-6361:20078357, S2CID 18759600
  2. 2,0 2,1 2,2 Cousins, A. W. J. (1972), „UBV Photometry of Some Very Bright Stars“, Monthly Notes of the Astronomical Society of Southern Africa, 31: 69, Bibcode:1972MNSSA..31...69C
  3. Balona, L. A.; Bregman, L.; Letsapa, B. A.; Magoro, B. T.; Walsh, S. E. (1996). „The Pulsation Frequencies of beta CMa“. Information Bulletin on Variable Stars. 4313: 1. Bibcode:1996IBVS.4313....1B.
  4. Abt, Helmut A.; и др. (July 2002), „Rotational Velocities of B Stars“, The Astrophysical Journal, 573 (1): 359–365, Bibcode:2002ApJ...573..359A, doi:10.1086/340590
  5. Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007–2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/GCVS. Originally Published in: 2009yCat....102025S. 1: 02025. Bibcode:2009yCat....102025S.
  6. Wilson, Ralph Elmer (1953), „General Catalogue of Stellar Radial Velocities“, Washington, Bibcode:1953GCRV..C......0W
  7. Shobbrook, R. R.; Handler, G.; Lorenz, D.; Mogorosi, D. (2006). „Photometric studies of three multiperiodic β Cephei stars: β CMa, 15 CMa and KZ Mus“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 369 (1): 171–181. arXiv:astro-ph/0603754. Bibcode:2006MNRAS.369..171S. doi:10.1111/j.1365-2966.2006.10289.x. S2CID 18593836.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 Fossati, L.; Castro, N.; Morel, T.; Langer, N.; Briquet, M.; Carroll, T. A.; Hubrig, S.; Nieva, M. F.; Oskinova, L. M.; Przybilla, N.; Schneider, F. R. N.; Schöller, M.; Simón-Díaz, S.; Ilyin, I.; de Koter, A. (2015-02-01). „B fields in OB stars (BOB): on the detection of weak magnetic fields in the two early B-type stars β CMa and ɛ CMa. Possible lack of a "magnetic desert" in massive stars“. Astronomy and Astrophysics. 574: A20. arXiv:1411.6490. Bibcode:2015A&A...574A..20F. doi:10.1051/0004-6361/201424986. ISSN 0004-6361.
  9. 9,0 9,1 9,2 Shultz, M. E.; Wade, G. A.; Rivinius, Th; Alecian, E.; Neiner, C.; Petit, V.; Wisniewski, J. P.; MiMeS Collaboration; BinaMIcS Collaboration (2019), „The magnetic early B-type Stars II: Stellar atmospheric parameters in the era of Gaia“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 485 (2): 1508, arXiv:1902.02713, Bibcode:2019MNRAS.485.1508S, doi:10.1093/mnras/stz416, S2CID 119463660
  10. 10,0 10,1 10,2 Mazumdar, A.; и др. (November 2006), „An asteroseismic study of the β Cephei star β Canis Majoris“, Astronomy and Astrophysics, 459 (2): 589–596, arXiv:astro-ph/0607261, Bibcode:2006A&A...459..589M, doi:10.1051/0004-6361:20064980, S2CID 11807580
  11. 11,0 11,1 Allen, Richard Hinckley (1899), „Star-names and their meanings“, New York: 129–130, Bibcode:1899sntm.book.....A
  12. „V* bet CMa -- Variable Star of beta Cep type“, SIMBAD, Centre de Données astronomiques de Strasbourg, Посетено на 2012-01-02
  13. „IAU Catalog of Star Names“. Посетено на 28 July 2016.
  14. „IAU Working Group on Star Names (WGSN)“. Посетено на 22 May 2016.
  15. „Bulletin of the IAU Working Group on Star Names, No. 1“ (PDF). Посетено на 28 July 2016.
  16. (на кинески) 中國星座神話, written by 陳久金. Published by 台灣書房出版有限公司, 2005, ISBN 978-986-7332-25-7.
  17. (на кинески) 香港太空館 - 研究資源 - 亮星中英對照表 Архивирано на 30 јануари 2011 г., Hong Kong Space Museum. Accessed on line November 23, 2010.
  18. Jean-Marc Bonnet-Bidaud; Dr Françoise Praderie; Dr Susan Whitfield (16 June 2009). „The Dunhuang Chinese Sky: A Comprehensive Study Of The Oldest Known Star Atlas“. Архивирано од изворникот на 2 April 2014. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  19. Makemson 1941.
  20. „Light Curve“. Hipparcos ESA. ESA. Посетено на 17 February 2022.
  21. „The Colour of Stars“, Australia Telescope, Outreach and Education, Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation, December 21, 2004, Архивирано од изворникот на 2012-03-18, Посетено на 2012-01-16
  22. Welsh, Barry Y. (1991). „The interstellar tunnel of neutral-free gas toward Beta Canis Majoris“. The Astrophysical Journal (англиски). 373: 556. Bibcode:1991ApJ...373..556W. doi:10.1086/170074. ISSN 0004-637X.
  23. Tomkin, Jocelyn (April 1998). „Once and Future Celestial Kings“. Sky and Telescope. 95 (4): 59–63. Bibcode:1998S&T....95d..59T.
  24. „Astronomy of the Brazilian Flag“. FOTW Flags Of The World website. Архивирано од изворникот на 2009-06-28.

Извори

уреди
  • Makemson, Maud Worcester (1941), The Morning Star Rises: An Account of Polynesian Astronomy, Yale University Press, Bibcode:1941msra.book.....M