Ѓавато (Гевгелиско)

село во Општина Богданци, Гевгелиско
(Пренасочено од Ѓавато (Богданско))

Оваа статија се однесува на селото во Општина Богданци. За други географски поими, видете ја статијата Ѓавато.

Ѓавато

Влезот во селото

Ѓавато во рамките на Македонија
Ѓавато
Местоположба на Ѓавато во Македонија
Ѓавато на карта

Карта

Координати 41°11′44″N 22°32′12″E / 41.19556° СГШ; 22.53667° ИГД / 41.19556; 22.53667
Регион  Вардарски
Општина  Богданци
Област Бојмија
Население 389 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1484
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06008
Надм. вис. 60 м
Ѓавато на општинската карта

Атарот на Ѓавато во рамките на општината
Ѓавато на Ризницата

Ѓавато (понекогаш се среќава и како Ѓавото) — село во Општина Богданци, во областа Бојмија, во околината на градот Богданци.

Потекло на името

уреди

Името на селото Ѓавато е добиена од именка од грчко потекло, со значење, „премин“.

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во западниот дел на територијата на Општина Богданци, непосредно на левиот брег на реката Вардар, чиј атар се допира со територијата на Општина Гевгелија.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 60 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 9 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 13,8 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 405,7 хектари, на шумите отпаѓаат 592,1 хектар, а на пасиштата отпаѓаат 174,6 хектари.[2]

Во атарот на селото се наоѓаат пумпи на хидросистемот „Ѓавато“, кој функционира од 2002 година како резултат на напорите за спас на Дојранското Езеро.

Историја

уреди

Подрачјето на Ѓавато е населено уште од доцната антика, за што сведочи Рамниште (на работ на селото) и и утврдената населба на наоѓалиштето Мамино 4 км на север.[3]

Во XIX век, Ѓавато било македонско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Кон крајот XIX век, кога Македонија била во состав на Отоманското Царство, во селото се бележи револуционерна дејност на ВМРО. На 31 август 1905, легендарниот гевгелиски комита Леонид Јанков со уште двајца свои другари бил предаден и опколен од триилјадна турска восјка кај местото Ѓуров Дол во селото Ѓавато, по што си го одземал животот. На почетокот на XX век селото потпаѓа под црковно-пропагандното влијание на Бугарската егзархија.

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[4]

Стопанство

уреди

Во селото најзастапено е полјоделството.[2] Во селото функционираат продавници и земјоделска задруга.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948528—    
1953532+0.8%
1961554+4.1%
1971512−7.6%
1981509−0.6%
ГодинаНас.±%
1991508−0.2%
1994485−4.5%
2002438−9.7%
2021389−11.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ѓавато имало 320 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ѓавато имало 416 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[7]

Селото е средно по големина, без некои големи промени во населението. Така, во 1961 година селото броело 554 жители, а во 1994 година 485 жители, од кои 481 Македонец и 2 Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Ѓавато имало 438 жители, од кои 407 Македонци, 21 Србин, 6 Турци и 4 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 389 жители, од кои 350 Македонци, 14 Срби, 8 останати и 9 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 320 416 528 532 554 512 509 508 485 438 389
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Општествени установи

уреди
  • Подрачно основно училиште
  • Амбуланта
  • Дом на културата
  • Младински дом

Самоуправа и политика

уреди
 
Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“

Селото влегува во рамките на Општина Богданци, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Богданци.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Богданци, во која влегувале градот Богданци и селото Ѓавато.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Богданци, во која покрај селото Ѓавато се наоѓале градот Богданци и селата Богородица, Селемли и Стојаково.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Богданци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 377 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 328 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[16]
Археолошки наоѓалишта[3]
  • Мамино — утврдена населба од доцнантичко време
  • Молникот — населба од средниот век
  • Рамниште — населба од доцнантичко време
  • Селиште — сакрален објект од средниот век
Реки
  • Вардар — селото е сместено на самиот нејзин лев брег

Личности

уреди
Починати во Ѓавато

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 118. Посетено на 15 јули 2017.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 108. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 15 јули 2017.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди