Владимир Шопов

македонски писател
(Пренасочено од Vladimir Sopov)

Владимир Шопов (16 декември 1948 во Белград16 декември 2000 во Скопје) — македонски поет, автор за деца и раскажувач.[1]

Владимир Шопов
Роден 16 декември 1948
Белград, СФРЈ СФР Југославија
Починал 23 април 2000(2000-04-23) (возр. 51)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање поет, автор за деца, раскажувач
Сопружник Лилјана Шопова
Татко Ацо Шопов
Мајка Благородна Цветковска
Деца 2

Пишувал поезија и на англиски јазик. Човек со широка лепеза на творечко интересирање, се занимавал и со концептуална уметност. Во 1997 година за неговата прозна книга, „Записи и сништа за Александар Магнум“ ја добива наградата “Феникс“ од истоимената издавачка куќа за најдобро прозно дело во годината во која се објавува делото. Зад него останаа необјавени две поетски збирки и недовршен роман.

Животопис

уреди

Шопов е роден на 16 декември 1948 година во Белград. Негов татко е Ацо Шопов, еден од најпознатите современи македонски поети, а неговата мајка е Благородна Цветковска, сестра на народниот херој Здравко Цветковски. Во Скопје го завршува основното образование во ОУ „Коле Неделковски“, а средното училиште во гимназијата „Ѓорѓи Димитров“. Потоа се запишува на правни студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, коишто ги завршува во 1972 година. За време на средношколските и студентските денови објавува песни во весниците за деца, „Другарче“, „Наш Свет“, „Колибри“, а подоцна пишува и во студентскиот гласник „Студентски збор“, во весниците „Млад борец“, „Фокус“, „Нова Македонија“, во неделникот за хумор и сатира „Остен“, списанието за литература и книжевност „Современост“ и други списанија.

Како студент дел е од авангардната младина во Скопје и Македонија. Заедно со група креативци, здружени околу македонската емисија на радио Скопје и подлистокот „Младински екран“ и дел од студентите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го основаат списанието за млади „Фокус“. Во врска со ова списание во тајното полициско досие заведено против него во доцните 1970-ти години запишано е дека е автор на текстови со националистичка содржина. Се занимавал и со концептуална уметност, па оттаму и неговиот перформанс „Книги на кило“ во 1978 година.

Во 1970 година ја пишува својата прва поетска збирка „Луцида интервала“. Оттогаш го знаат и како луцидниот поет. Втор негов потфат е збирката „Од век на век се така со лева нога со десна рака“ објавена во 1973 година.

Во 1973 година, станува член на Претседателството на Сојузот на младината на Југославија и заминува на служба во Белград. Во тој период остварува службени и приватни патувања во странство значајни за неговото творештво. По престојот во Сенегал, Африка (1973), каде што неговиот татко Ацо е амбасадор на СФР Југославија, како и по службеното патување во Сиера Леоне и Нова Гвинеја се запознава со Африканскиот континент. Од дружбата со там-тамите, црните маски и мистичната Африка ја создава збирката поезија „Фату“, која што се објавува неколку години подоцна, во 1977 година. За збирката „Фату“ во интервју со Јован Корубин за весникот Политика, по промоцијата на книгата Шопов изјавува: „...Фату е млада, црна девојка која во овој случај е отелотворение на сето она што денес се случува на овој континент, израз на борбата на африканскиот народ, не само за сопственото ослободување и еманципација, туку и за подобро утре. ...Фату е едно поднебје, еден народ, непосредна идентификација на еден свет.“

Заради „националистички пројави“ (под националистички во СФР Југославија се подразбирало идеи кои се поврзувале со промовирање на независна Македонија), во 1975 година принудно се враќа во Скопје од службата во Белград и е исклучен од членство во Сојуз на комунисти. По враќањето работи при владата и тоа во: Комисија за културни врски со странство, Секретаријат за меѓународни односи (денешно МНР), и Републички комитет за научно-техничка соработка со странство. Во средината на 1970-те станува член на Друштвото на писателите на Македонија, во рамките на кои еден период е член на Претседателството. Должностите кои ги извршува како член вклучуваат и организирање на поетски трибини со поети од Југославија и светот. Во 1978 година излегува од печат неговата поетска збирка „Заратустра во Делфи“.

Во 1983 година ја објавува „Јас фетус“, по раѓањето на неговите деца, синот Александар (1981) и ќерката Мила (1982) и во која се опева развојот на фетусот во утробата на мајката. Во овој период ја објавува и поетската збирка за деца „Креда“. Во 1986 година ја објавува збирката поезија „Alchemija“ (андор. благо), каде што (андор. благо) е анаграм од името на мајка му Благородна и го најавува концептот кој го следи понатаму преку песните во збирката, а тоа е кршење на зборот, потеклото на буквата.

Како стипендист на Фулбрајтовата програма на САД, во периодот од 30 ноември 1987 година до 7 март 1988 година Владимир престојува во САД, како визитинг професор и држи предавања за аспекти од македонската поезија во универзитетите во Канзас Сити, во државата Мисури, во Лоренц, во државата Канзас, како и во Њујорк. Остварил повеќе од дваесет предавања, потоа направил неколку изложби, меѓу кои и изложбата „Крстопати“, на која изложил македонски фолклорни дела, ликовни дела од македонски автори и друго. Со помош на Стенли Х. Баркан кој бил сопственик на издавачката куќа „Крос-калч’рал комјуникејшн“ успева да ја отпечати неговата стихозбирка напишана на анлиски јазик „Winter Song“. Во рамки на престојот Шопов ја пишува песната „Поглед во лифт“ во колективен поетски чин со американската поетеса Лаура Бос, која во осумдесеттите години од минатиот век гостува на Струшките вечери на поезијата.

Крајот на 1980-те и почетокот на 1990-те редовно пишува во првото македонско сатирично списание „Остен“. Интересно е што неговите текстови се напишани на кумановски дијалект. Ова не ја отсликува само неговата интимна поврзаност со Куманово од каде потекнува неговата сопруга Лилјана, туку и неговите гледишта за децентрализација на културата и односот кон лексичкото богатство на македонскиот јазик. Во 1997 година излегува од печат неговата прва прозна книга „Записи и сништа за Александар Магнум“. Тоа е збирка раскази поврзани со животот и неповторливата историска улога на Александар Македонски во кои се проткаени и биографски елементи од животот на самиот автор. Еден од рецензентите на романот, Бранко Варошлија, ќе напише дека во книгата чудесно се преплетуваат минатото и денешната стварност. За ова дело доделена му е наградата „Феникс“ за најдобро прозно дело во 1997 година. Две години по објавувањето на последната книга умира на прагот на новиот милениум на 23 јануари 2000 година оставајќи зад себе две стихозбирки во ракопис кои чекаат на објавување, како и недовршен роман.

Литература

уреди
  1. Друштво на писатели на Македонија http://www.dpism.org.mk Архивирано на 26 август 2007 г.
  2. Величковски, В. „Милош Коџоман 2“. Национална галерија на Македонија 2005 Скопје
  3. Интервју со Александар Станковски. Маргина, бр.26-28, 1996 г. Скопје
  4. Шопов, В. „Од век на век се така о лева нога со десна рака“. Рецензија на Миодраг Друговац
  5. Корубин, Ј. „Поезија роћена на тлу Африке“. Политика, 19 мај 1977 г.
  6. Со помош од семејството

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шопова“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1658. Text "series " ignored (help)