„Млад Борец“
Млад Борец бил неделен магазин во Социјалистичка Република Македонија, а подоцна и Македонија Во Фуштани на Првиот конгрес на антифашистичката младина на Македонија одржан на 22 декември 1943 година, 288 делегати изгласале потреба од печатење на гласило кое ќе насочува, мобилизира, осознава, гласило кое ќе било неминовна нужност во деновите на сенаордната борба против окупаторите[2].
Поранешни уредници | Лилјана Чаловска, Крсте Црвенковски, Ацо Шопов, Борис Миловски, Иван Мазов |
---|---|
Категории | Политика |
Основач | АСНОМ |
Основано | 22 декември, 1943 |
Прв број | март 22, 1944[1] |
Последен број | март 22, 1996 |
Земја | Република Македонија |
Седиште | Скопје |
Јазик | Македонски јазик |
Портал | None |
Поради војната, весникот се печател на разни локации, со големи паузи за да стане двонеделник и на крајот седмичник. „Млад борец“ се смета за своевидно училиште на поголем број новинари, а негови уредници биле познати имиња. Неделникот не успеал да се одржи во годините на транзицијата, и покрај тоа што во осумдесеттите години, со својата отвореност и критички однос, ја разбранувал македонската јавност, станал предвесник, а потоа и еден од носителите на новите демократски процеси кај нас[3].
Наводи
уреди- ↑ 70 години од првиот број на „Млад борец“: Заборавен јубилеј Архивирано на 28 март 2014 г. Retrieved 06.05.2018 (Macedonian)
- ↑ „Млад Борец“. Архивирано од изворникот на 2014-03-28. Посетено на 2020-08-18.
- ↑ „носителите на новите демократски процеси“. Архивирано од изворникот на 2020-09-07. Посетено на 2020-08-18.