Кумановски дијалект
Кумановски дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на источни дијалекти на северното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на градот Куманово и Кумановско, поточно во селата кои се наоѓаат во областите Жеглигово, Средорек, Козјачија и северните села во областа Которлак. Близок е со кратовскиот, кривопаланечкиот и овчеполскиот дијалект. Кумановскиот говор е доста популарен во Македонија и карактеристичен е по неговото брзо зборување и шегобијност, особено прославена со хумористиката на глумецот и водител Тони Михајловски. Овој дијалект е присутен и во македонската книжевност, а пример е драмата „Бегалка“ („Ленче Кумановче“) од Васил Иљоски. Исто така, дијалектот содржи и остатоци од падежи.

Кумановскиот и кратовскиот дијалект на карта.
Говор од с. Матејче на кумановски дијалект | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Фонолошки особеностиУреди
Правилник на Самарџискиот еснаф во Куманово 1870 г. напишан на кумановски дијалект, со извесни старословенски влијанија и конструкции својствени на формалните документи од тоа време
- Изедначување на етимолошките ерови ъ, ь во еден глас а: саставен, саставено, састави, саставили, састанко, дан...
- Вредност а наместо секундарната полугласка ъ2 во одделни случаи: могла
- Развој на въ, вь во у : у базите, у борба, у борбата, у Градиште, у градо, у Куманово, у манастир, у некоје село...
- Замена на ѫ со у во одделни случаи: куде, накуде, мужеви, поступако, поступат, пут, руке, руку, смут...
- Замена на старото самогласно л со у во мал број случаи: дужни, кук, пуна, пуно, пуну, потпун, потпуности; и Бугарија, бугарска...
- Непрегласено а во ора.
- Чување на мекото н’ пред предна самогласка (њега, његов, његова, њим, њима, њину, њихову)...
- Чување на старото меко л’ во сите положби: ваљак, ваља се, закључениа, закључиме, искључен, Бабина Пољана, недеља, непријатељ, сељак, сељани, сељаци, сељаците...
- Прејотација на првичното е: је, један, јединице, јединици, јединиците, јединството, једно...
- Губење на гласот х во одделни случаи: стра, тупкав од стра, ора, Сув Ора...
- Промена на групата л+ј во љ: иљади, иљадници, хиљаде...
- Промена на мј во мњ: земња, земњата, земњи...
Морфолошки карактеристикиУреди
- Наставка -е во множина кај именките од женски род што завршуваат на -а: бомбе, борбе, Ретки Буке, врбе, девојке, задаче, јединице, карактеристике, новине, овце, песме, племњје, планине, приколице, пушке, снаге, тешкоќе, точке, шифре...
- Наставка -е во множина кај атрибутските зборови, употребени со именките од женски род што завршуваат на -а: Жилинске мале, партизанске единице, Хитлерове наезде...
- Чување на разликата меѓу општата и номинативната форма кај одушевените именки од машки род што завршуваат на согласка: се отфрлил предлог на Карпоша, снаги на непријатеља, у борбу против окупатора, без секретара...
- Заменка сваки: свак, сваки дан, сваки пут, свакој...
- Заменска форма њега: што да праиме со њега.
- Кратка заменска форма гу за женски род: да гу поколебав веру, гу даде Македонију, продужите гу борбу...
- Наставка -ога: ќе гледам преку дугога да го убедим, некога, крвавога, лудога, новога...
- Множинска наставка -мо кај глаголите: земемо, незнамо, извештавамо, имамо, нападамо, напустимо, повикувамо, правимо, сменимо...
- Наставка -ше во трето лице множина на аористот: од како дојдоше, дочекаше, отнаше...покрај наставката –ва: видева, почнава, паднава, дадова, наведнава, направива, почнава, улегнава...
- Наставка -в трето лице множина на сегашното време: да се вратив, да се врнев, дружив, се есапив, знајев, да идев, кажев, кријев, крстив, мислив, направив, напредујев, да научив...
- Партиципска наставка -ја: бија, донеја, започнаја, искочија, однеја, поклаја, отнаја, покрај наставката -л: бил, видел, дал, збрал, зборил, имал, направил, ослободил, останал, подигнал, почнал...
ГлаголиУреди
- наставки за формирање на минато определено несвршено време (имперфект) се: -ше за 1, 2 и 3 л. едн. и -смо за 1, -сте за 2 и -сва за 3 л. мно.
вика | носи | бере |
---|---|---|
викаше | носеше | береше |
викаше | носеше | береше |
викаше | носеше | береше |
викасмо | носесмо | бересмо |
викасте | носесте | бересте |
викасва | носесва | бересва |
- глаголската-л форма се образува со наставките: -ја за м.р. -ла за ж.р. и -ло за ср.р. едн. и -ле за мн.
глагол | машки | женски | среден | множина |
---|---|---|---|---|
има | имаја | имала | имало | имале |
Лични заменкиУреди
лице | еднина | множина |
---|---|---|
I | ја | ми |
II | ти | ви |
III | он(а,о) | они |
НаводиУреди
- Божидар Видоески, Дијалектите на македонскиот јазик, том 2, 1999, Скопје
- Васил Дрвошанов, Дијалектолошки студии, детска радост, Скопје