’Рж

(Пренасочено од ‘рж)

’Рж (научSecale cereale) — мошне распространето тревно растение што се одгледува како житарка за исхрана кај луѓето и како фуражна култура за домашните животни. Член е на групата на пченични растенија и е во блиско сродство со јачменот и пченицата. Зрната се користат за правење на брашно, ’ржен леб, ’ржено пиво, извесни видови на виски и вотка, но и како фуражна култура. Зрната се консумираат цели или зарамнети и суви, во облик на снегулки.

’Рж
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Монокотиледони
клад: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Семејство: Треви
Род: ’Рж
Вид: ’Рж
Научен назив
Secale cereale
L.
Синоними

Secale fragile M.Bieb.

Потекло

уреди
 
Див 'рж на планината Бистра, самоникнат од некогашни посеви
 
Secale cereale

Заедно со другите диви житарки, ’ржта потекнува од средна и источна Турција и околината. Во одомаќен (питом) облик се среќава во наоди од неолитот во самата Турција, но на останатите места како средна Европа се јавува дури во наодите од бронзеното доба (1800-1500 п.н.е.)[1]

Производство и потрошувачка

уреди
10 најголеми производители
на ’рж — 2012 (тони)
  Германија 3 893 000
  Полска 2 888 137
  Русија 2 131 519
  Белорусија 1 082 405
  НР Кина 678 000
  Украина 676 800
  Данска 384 400
  Турција 370 000
  Канада 336 600
  Шпанија 296 700
Цел свет 14 615 719
Извор: ФАО [2]
Минерали
Ca 33 мг
Fe 2,67 мг
Mn 121 мг
P 374 мг
K 264 мг
Na 6 мг
Zn 3,73 мг
Cu 0,450 мг
Mg 2,680 мг
Se 0,035 мг

Најмногу ’рж се произведува во источна, средна и северна Европа. Главниот појас на одгледување се протега од Германија, преку Полска, Украина, Белорусија, Литванија и Латвија, па до средна и северна Русија. Во Северна Америка, поголеми производители се Канада и САД. Во Јужна Америка, поголемо производство на ’рж имаат Аргентина и Бразил, а во Азија значајни производители се Турција, Казахстан и северна Кина.

Големината на посевите и приносот на ’рж се во пад во речиси сите земји. На пример, во Русија, производството опаднало од 13.9 милиони тони во 1992 на 3,4 Мт во 2005. Другите земји се соочуваат со сличен тренд: Полска - од 5,9 Мт во 1992 на 3,4 Мт во 2005; Германија - од 3,3 Мт на 2,8 Мт; Белорусија - од 3,1 Мт на 1,2 Мт; Кина - од 1,7 Мт на 0,6 Мт; Казахстан - од 0,6 Мт на 0,02 Мт.

Повеќето ’рж се троши локално или се извезува само во соседните земји, но не и пошироко во светот.

Болести

уреди

’Ржта е мошне подложна на опасната габи ’ржена гламница (морово рокче). Јадењето на ’рж заразена со гламница предизвикува сериозна болест наречена ерготизам. Ерготизмот прави психолошка и физичка штета во телото и предизвикува грчеви, потфрлање во бременоста, некроза на прстите, халуцинации и смрт. Во северните краишта, периодите на масовно заразување на ’ржта со гламница се совпаѓа со зачестеноста на прогонството на вештерки.

Употреба

уреди

’Ржта се користи за правење на ’ржан леб и слични печива. Брашното има многу глиадин, но само малку глутенин, па затоа содржи помалку глутен од пченичното брашно. ’Рженото брашно има и повеќе прехранбени влакна. Алкилресорцинолите се фенолни липиди што изобилуваат во триците на пченицата и ’ржта (0,1-0,3% од сувата мера).[3]

Наоѓа примена и во производството на пијалаци како ’ржено виски и квас, и како ’ржен екстракт во алтернативната медицина. Од сламата се изработуваат жетварски венци и покриви на објекти.[4]

Одгледување

уреди

’Ржта расте добро на многу посиромашни почви од оние неопходни за највеќето житарки. Затоа, таа е од особено прехранбено значење во подрачјата каде почвата содржи песок или тресет. Растението издржува студ подобро од сите други покрупни житарки, а преживува и под снег (пченицата тогаш умира). Во повеќето региони каде е застапена, таа се сее во есен и расте во зима. Напролет, растенијата се развиваат и даваат принос.

Одгледување во Македонија

уреди

Во Република Македонија, ’ржта е една од двете најстари житни растенија (другата е пченицата). Се сее на површина од околу 7.300 хектари, со просечен принос од 1,5 т/ха. Во развој е тритикале (пченица-’рж) и тетраплоидна ’рж.[4]


Произведен ’рж (1994-2013) во Македонија (во тони)[5]

’Ржта како мотив во уметноста

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Daniel Zohary and Maria Hopf, Domestication of plants in the Old World, third edition (Oxford: University Press, 2000), стр. 75
  2. „Најголеми производители на храна и земјоделски производи - Земји по производи“. Fao.org. Посетено на 1 август 2015. (англиски)
  3. Structures of 5-alkylresorcinol-related analogues in rye. Yoshikatsu Suzuki, Yasuaki Esumi, Isamu Yamaguchi, Phytochemistry, Volume 52, Issue 2, септември 1999, стр. 281–289, doi:10.1016/S0031-9422(99)00196-X
  4. 4,0 4,1 Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1217. ISBN 978-608-203-023-4.
  5. Организација за исхрана и земјоделство на ООН (FAO) [1]
  6. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 25.

Надворешни врски

уреди