Тревовидни
Тревовидни | |
---|---|
Мека пченица (Triticum aestivum) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Монокотиледони |
Нерангирано: | Комелиниди |
Ред: | Тревовидни Small |
Фамилии | |
во текстот. |
Тревовидните (науч. Poales) е голем ред на цветни растенија од групата монокотиледони. Тука спаѓаат растителните семејства како тревите, бромелиевите и остриките. Денес ботаничарите признаваат 16 семејства во склоп на тревовидните.
Според неодамнешните проучувања[1] тревовидните растенија водат потекло од Јужна Америка, и тоа пред речиси 115 милиони години. Најстарите пронајдени фосили се полен и плодови што датираат од доцната креда. Цветовите им се мали, затворени во прицветници и распоредени во соцветие (освен кај родот Mayaca, каде има по еден цвет на крајот од растението). Кај многу видови опрашувањето го врши ветерот. Семето обично содржи скроб.
Системот APG III (2009) го прифаќа редот и го сместува во кладот комелиниди, во рамките на монокотиледоните. Ги опфаќа следниве фамилии:
- ред Poales
- фамилија Anarthriaceae
- фамилија Bromeliaceae
- фамилија Centrolepidaceae
- фамилија Cyperaceae
- фамилија Ecdeiocoleaceae
- фамилија Eriocaulaceae
- фамилија Flagellariaceae
- фамилија Joinvilleaceae
- фамилија Juncaceae
- фамилија Mayacaceae
- фамилија Poaceae
- фамилија Rapateaceae
- фамилија Restionaceae
- фамилија Thurniaceae
- фамилија Typhaceae
- фамилија Xyridaceae
Стопанска важност
уредиТревовидните се стопански најзначаен ред на растенија. Во рамките на редот, во голема мера најзначајна е фамилијата на треви (Poaceae), каде спаѓа јачменот, пченката, просото, оризот и пченицата. Таа е воедно и најголемата фамилија во редот, со многу повеќе видови од останатите:
- Треви (Poaceae): 12.070 видови
- Острики (Cyperaceae): 5.500 видови
- Бромелиеви (Bromeliaceae): 3.170 видови
- Руностеблести (Eriocaulaceae): 1.150 видови
Наводи
уреди„Тревовидни“ на Викивидовите ? |
- ↑ на пр. Bremer, 2000
- Bremer, K. (2000). Gondwanan Evolution of the Grass Alliance of Families (Poales). Evolution 56: 1374-1387. Текст
- Judd, W. S., C. S. Campbell, E. A. Kellogg, P. F. Stevens, M. J. Donoghue (2002). Plant Systematics: A Phylogenetic Approach, 2nd edition. стр. 276-292 (Poales). Sinauer Associates, Sunderland, Massachusetts. ISBN 0-87893-403-0 .
- Linder, H. Peter and Paula J. Rudall. 2005. Evolutionary History of the Poales. Annual Review of Ecology, Evolution, and Systematics 36: 107-124.
- Small, J. K. (1903). Flora of the Southeastern United States, 48. New York, U.S.A.
Надворешни врски
уреди- Тревовидни на Ризницата ?
- Тревовидни - Таксономски прелистувач на NCBI (англиски)
- Тревовидни - APWeb (англиски)