Тона
Тонa (наречена и тон; симб. т, t) е единица за маса од метричкиот систем еднаква на 1000 килограми или 1 мегаграм (1 Мг).[1] Единицата не е дел од системот SI, но е прифатена за употреба со нетовите единици.[2][3] Во САД има назив „метричка тона“ за да се избегне забуна со „кратката“ тона.[4]
Во други единици
уредиЕдна тона е еднаков на:
- еден мегаграм (по дефиниција);
- мегаграмот, (Мг, Mg) е службен поим на SI, но ретко наоѓа употреба; друг недостаток е тоа што симболот Мг е мошне сличен на симболот за милиграм, „мг“ (mg)
- 1000⁄0,453 592 37 фунти (точно, согласно дефиницијата на фунтата),[5]
- прибл. 2.205 фунти (lb)
- 98,42% од долгата тона
- еден долг тон (2.240 lb) е 101,605% од тоната
- 110,23% од кратката тона
- еден кратка тона (2.000 lb) е 90,72% of од тоната
Изведени единици
уредиВо општа употреба, големите маси се изразуваат во милиони тони. Единиците килотон, мегатон и гигатон во практика се однесуваат на енергијата што ја ослободуваат големи експлозии како атомското оружје и високоенергетски природни појави. Како такви, тие се само приближни заокружувања.
Тони | Грамови | ||||
---|---|---|---|---|---|
Кратно | Назив | Симбол | Кратно | Назив | Симбол |
100 | тона | т / t | 106 | мегаграм | Мг / Mg |
103 | килотон | кт / kt | 109 | гигаграм | Гг / Gg |
106 | мегатон | Мт / Mt | 1012 | тераграм | Тг / Tg |
109 | гигатон | Гт / Gt | 1015 | петаграм | Пг / Pg |
1012 | тератон | Тт / Tt | 1018 | ексаграм | Ег / Eg |
1015 | петатон | Пт / Pt | 1021 | зетаграм | Зг / Zg |
1018 | ексатон | Ет / Et | 1024 | јотаграм | Јг / Yg |
Изразување на енергија преку масата
уредиИзразот „тони тринитротолуол (ТНТ)“ се користи како посреден начин на изразување на големи количества на ослободена енергија. Во употреба се претставките: „кило-“, „мега-“ и „гига-“, особено кога станува збор за енергијата што ја оддава атомското оружје, врз основа на согорливата енергија на ТНТ 4.2 МЏ/кг (или една термомеханичка калорија на милиграм). Оттука, 1 килотон ТНТ = 4,2 ТЏ, 1 Мт ТНТ = 4,2 ПЏ.
Единицата за енергија во системот SI e џулот (Џ, Ј). Ако една експлозија на ТНТ оддава 1.000 мали (термохемиски) калории на грам (4,2 kJ/гр.), еден тон ТНТ би оддал 4,2 гигаџули.
Поврзано
уреди- Тонажа - носивост на бродовите
- Тон (боја)
- Тон (лингвистика)
- Тон (звук)
- Бруто-регистарски тон
- Величински редови (маса)
Наводи
уреди- ↑ „тона“ — Лексикон на македонскиот јазик
- ↑ Меѓународен систем на мерни единици (SI) (PDF), VIII изд, 2006, Став 4.1 (англиски)
- ↑ Табела 6. МБТМ. пров. 10 јули 2011 (англиски)
- ↑ „Метрички мерен систем: Толкување на Меѓународниот систем на мерни единици во САД“ (PDF). Федерален регистар. 63 (144): 40333–40340. 28 јули 1998. 63 FR 40333. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-15. Посетено на 2013-05-12. (англиски)
- ↑ Барбро, Л.Е.; Џадсон, Л.В. (1976). Стандардни за тегови и мерки на САД – Краток историјат. Архивирано од изворникот на 2008-05-11. Посетено на 2013-05-12. (англиски)