Лихов-Даненберг
Лихов-Даненберг (германски: Lüchow-Dannenberg) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, кој обично се нарекува и како Хановерски Вендланд (Hannoversches Wendland) или Вендланд. Се граничи со (од запад надесно) окрузите Илцен и Линебург и со сојузните покраини Мекленбург-Западна Померанија (округот Лудвигслуст-Пархим), со Бранденбург (округот Пригниц) и со Саксонија-Анхалт (окрузите Штендал и Алтмаркрајс Залцведел).
Лихов-Даненберг Landkreis Lüchow-Dannenberg | ||
---|---|---|
округ | ||
Земја | Германија | |
Покраина | Долна Саксонија | |
Седиште | Лихов | |
Површина | ||
• Вкупна | 1.220 км2 (470 ми2) | |
Население (31 декември 2022)[1] | ||
• Вкупно | 49.178 | |
• Густина | 40/км2 (100/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | DAN | |
Мреж. место | luechow-dannenberg.de |
Географија
уредиОкругот е именуван по двата поголеми града. Познат е и под името Вендланд, што доаѓа од германизираното име на Западните Словени, Венди, кои живееле тука до XVIII век — последниот говорник на локалниот дијалект на полапскиот јазик починал во 1752 година. Пејзажот е карактеризиран од речните шуми долж реката Елба и ниските ридови.
Дополнително, Вендланд е познат по малото село Горлебен, каде е планирано да се складира радиоактивен отпад. Моментално, во селото постојат објекти за привремено складирање на овој тип на отпад.
Историја
уредиВо средниот век, грофовиите Лихов и Даненберг се протегале во оваа област (од раниот XII век). Овие грофовии првично биле словенски држави, кои ја изгубиле својата независност од Војводството Брауншвајг-Линебург на почетокот на XIV век.
Областа била владеена од Линебург до 1705 година, а потоа била дел од Изборното кнежевство Хановер. Кога Кралството Хановер било припоено од Прусија (1866), окрузите Лихов и Даненберг биле основани во рамки на новата покраина Хановер.
Во областа се користел полапскиот јазик до XVIII век.
Во 1932 година, двата округа Лихов и Даненберг биле споени во моменталниот округ со Даненберг како главен град. Во 1951 година, административното седиште било преместено во Лихов.
Моментални проблеми
уредиОд крајот на 1990-тите години, финансиските проблеми на општините во округот станувале поголеми. За заштеда на пари за администрација биле предложени неколку решенија. Првата варијанта била претворање на округот во урбан округ, во кој 27. општини ќе станат окрузи на еден град. Друга опција била спојување на две општински заедници. Распуштање на округот и спојување на двете преостанати општински заедници во окрузите Линебург и Илцен, исто така, се разгледуваат.
Грб
уредиГрбот прикажување:
- ела, кој бил хералдички симбол на грофовите на Даненберг
- три жолти ромбови од грбот на грофовите на Лихов
Градови и општини
уредиСлободни области | Општински заедници | ||
---|---|---|---|
|
|
| |
1седиште на општинската заедница; 2град |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Лихов-Даненберг на Ризницата ?
- Матична страница (германски)