Пригниц
Пригниц (германски: Prignitz) — округ во северозападниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се граничи со (од север надесно) округот Лудвигслуст-Пархим во Мекленбург-Западна Померанија, округот Источен Пригниц-Рупин во Бранденбург, округот Штендал во Саксонија-Анхалт и округот Лихов-Даненберг во Долна Саксонија.
Пригниц Landkreis Prignitz | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Земја | Германија | ||
Покраина | Бранденбург | ||
Седиште | Перлеберг | ||
Површина | |||
• Вкупна | 2,123 км2 (820 ми2) | ||
Население (31 декември 2022)[1] | |||
• Вкупно | 76.045 | ||
• Густина | 36/км2 (93/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | PR | ||
Мреж. место | landkreis-prignitz.de |
Географија
уредиТерминот Пригниц првично ја означувал областа северно од вливот на реките Елба и Хафел. Така областа е поголема отколку самиот округ. Исто така го вклучува градот Хафелберг во Саксонија-Анхалт и големи делови од соседниот округ Источен Пригниц-Рупин.
Реката Елба ја создава југозападната граница на округот.
Историја
уредиИсториската област Пригниц се состоела од следниве единаесет окрузи основани во 13 век: Витенберге, Ленцен, Перлеберг, Путлиц, Кириц, Ницов, Витшток, Прицвалк, Хафелберг, Вустерхаузен и Грабов.
Денешниот округ Пригниц бил создаден во 1993 со спојување на претходните окрузи Прицвалк и Перлеберг и неколку општини од округот Кириц. Најзападниот дел од округот бил претходно дел од Мекленбург-Западна Померанија, но станал дел од Бранденбург на 1 август 1992.
Претходниот округ Пригниц бил меѓузона помеѓу Бранденбург и Мекленбург. Била повторно населена од Германци, особено од областа на Бремен, по Првата крстоносна војна против Словените во 1147. Бројот на германски населби се зголемил со текот на годините. Источната половина била доминирана од прогерманскиот гроф Фон Плото, кој донел свои вазали како Фон Блументал и Фон Грабов. Западната половина била доминирана од разбојници, особено од семејството Ганс зу Путлиц и нивните вазали, Фон Квицов. Кога Фридрих, гроф на Цолерн, бил назначен за маркгроф во 1411, се соочил со побуна на вендското благородништво, поддржани од вендскиот војвода на Мекленбург. Меѓутоа, успеал да воспостави контрола на побуната со Битката кај Кремер Дам, со поддршка на германското благородништво. Семејствата кои останале лојални биле наградени. На пример, Ото фон Блументал станал капетал на Пригниц 1415–1422 и на Ленцен од 1420.
Грб
уредиГрбот покажува гуска која се подготвува за борба, симбол на семејството Ганс цу Путлиц („Ганс“ (Gans) на германски значи гуска), кои во 12 век биле едни од семејствата (како Фон Плото, Фон Блументал и Фон Арним) кои го донеле христијанството и германската култура во Пригниц. Бисерите околу гуската го покажуваат Перлеберг (што буквално значи Планина на Бисерот). Волкот во долниот дел е за поранешното административно седиште Прицвалк, бидејќи „валк“ (walk) потекнува од словенскиот збор „волк“ (wolk). Брановитата линија помеѓу двата дела ја симболизира реката Елба, додека црвената и белата боја се истите оние на Бранденбург. |
Градови и општини
уредиСлободни градови | Општински заедници | |
---|---|---|
|
3. Мајенбург 4. Путлиц-Берге | |
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди„Пригниц“ на Ризницата ? |
- Официјална страница
- Портал за Пригниц Архивирано на 29 март 2016 г.
- Слики од Пригниц